на (предл.) - напуштен (прид.)

Тие бргу го осмислија просторот на напуштените, полупразни куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Огништето му е изгаснато, Јачмен не врзува на неговата нива, Добиток пасе горчливи билки Меѓу урнатините на напуштениот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бронзено ОГЛЕДАЛО со искршено лице на напуштена платформа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Молчејќи слегуваме на напуштениот друм и пеш го поминуваме патот што некогаш беше пат на разделба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)