на (предл.) - најгорен (прид.)

Стварноста го врши својот притисок само преку потребите на секојдневниот живот - потребата да се јаде и да се пие, да се има засолниште и облека, да се одбегне проголтувањето отров, или скокањето од прозорецот на најгорниот кат и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога ќе се стигне на најгорното од тие скалила, се свртува лево, преку простран ходник се влегува во широка и длабока, сала, богато наситена со виделина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На најгорната кота - костени, на најдолната големи камења, чалија со колку прстот боцки и отровни змии меѓу садинакот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)