на (предл.) - неисплатен (прид.)

По ова тој, без да се обрати до Трудовата инспекција – за која вели дека е „јавна тајна“ нејзината корумпираност – се решава директно, по судски пат, да го бара своето право на исплата на неисплатените плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, својот оправдан гнев и револт Марковски го канали- зираше со поведување на уште еден, втор судски процес против истиот довчерашен работодавач – во јуни 2004.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак и тие што требаше да му ги исплатат парите, се во работен однос во истата фирма и, плашејќи се за своето работно место кое беше загрозено од „повисоки инстанци“, на разни начини се обидуваат да ескивираат и одбиваат да контактираат со него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со новата тужба тој бараше, а подоцна со Пресудата (донесена од судијата Ѓ. Радојков) и доби надомест на претрпена штета [reparatio damni] поради незаконит престанок на работниот однос во вкупен износ од 286.121 МКД (4.690 ЕУР) и тоа: а) 275.811 по основ на неисплатена плата која би му следувала доколку одел на работа; и б) 10.309 по основ на пораст на животните трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)