на (предл.) - непознат (прид.)

Татко внимателно читаше, напати кога ќе наидеше на непознати зборови, се служеше со својот толковен речник Ларус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе бидеш поп, ќе бидеш поп, плови низ прозрачноста се додека со нозе не го допре дното на непознатата бездна... Во детството така престануваше црната треска.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веќе ти е платното в дланка и четката и боите и раката прв пат ја чувствува изненадата на непознатите трпки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сосема е инаква разработката на мотивите богати со поетска фантастика (Портрет на непознатиот) каде што стварното, скриено од нашите очи, ќе го откриеме низ уметничката постапка, благодарение на визијата на Владимир Георгиевски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Виде енергично лице на непозната русокоса жена.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Значи“, велеше Филозофот, „потписот од записот наш, оној од планината Папок на светот што се викаше бил лажен; Царот Дариј не бил автор на записот, негов сочинител, туку Соломон; кога Дариј ја победил војската на непознатиот непријател, знаејќи за записот на планината од ини времиња, решил само да го избрише потписот „Соломон“ и да го испише своето име, „Дариј“ велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во човековата свест, можеби во секоја и во сите времиња, се крие географско парче на непозната или пронајдена почва на оваа или некоја друга планета, што еднаш, првпат, се запознава со соништата со најневините години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Хелвиг и Марија се ракуваа. Карл гледаше во нив со љубопитство. Веќе се поднавикна на непознатата жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакав на Хелен Голдбаум да ѝ го покажам пасошот на непознатата личност чијашто идентификација и животна приказна ја добив на едно трето, сосем неочекувано место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби во таа геометрија има скриена симболика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се разбира дека не лажеш, но си противречиш - се обидуваше да ја смири Непозанатиот. – Предмалку го нарече слабак. Нели?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не верувам! А во што не веруваш? -ја прекина гласот на Непознатиот: Мислиш дека лажам? – се бранеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така згрчен, ги ослушнуваше шумовите и итро, со ледениот сјај на тркалезното око, го следеше несигурното движење на непознатиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Каде е твојата граница при борбата за разоткривање на непознатите хоризонти?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но не онаа позната сеопшта и безмилосна вистина спремна да ти ја положи главата и на трупец, под сечилото на некој груб аргумент со тежина на непознат метал. (Поетот во наведениов случај го користи зборот метал надевајќи се дека на тој начин ги избегнува грдите асоцијации што го следат зборот гилотина).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе пред десетина, ако не и пред повеќе години тој ги сретнал забелешките на непознатиот монах водени по маргините на светите книги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)