на (предл.) - ослободен (прид.)

3. Сега се отвора патот и извишува со фиданката пробудена на биднината кон ведрината на летот што пролетта на светот ја вести Така се пројаснува просторот на ослободениот збор зад себе што го остава невиделото заради видело друго што веќе во далечина се раѓа
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше станал симбол на ослободената земја од јаремот на диктатурата, еден вид албански Мандела.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)