на (предл.) - покорен (прид.)

Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тиа удри, ние веди грбовите, ете како, како сета раја во Турцко — одговори Трајко со глас на покорниот роб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)