на (предл.) - поставен (прид.)

4. И сосема на крај на оваа книга, како одговор на поставените прашања - песни, повторно: се извишува почетокот како крај и крајот како почеток...
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Пак почнав да се навикнувам да седнувам на поставена маса, со подготвен од друг ручек, да јадам со измиени од друг садови, на испрано и испеглано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа, кога и Миха седна на поставената маса, ѝ ја подаде на мајка му да ја стави на местото до неговата пожолтена диплома, па праша: - А сега? - Што сега? - се зачудија и Миха и мајка
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татко некогаш ѝ беше рекол на Мајка дека некои книги се живи и можат да одговараат на поставени прашања!?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)