на (предл.) - постар (прид.)

Погледот на постарата сестра заплашува да мине во навреденост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овие разговори секогаш се криеја од нас децата, а сега тие ни се откриваат од овој покер на животот на постарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко му Силко, кој постојано шеташе низ полето и во светулките ја бараше душата на постариот син што му загина во претходната војна, го молеше да си седи дома, да не се зајадува со качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, Зоки како Зоки, беше подготвен на сѐ, па за да им направи задоволство на постарите, почна да реди како од подготвен список: - Видов еден чичко.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Малечок, остави им ги сите твои скокотливи прашања на постарите, на оние што ќе можат и да одговорат на нив - се обрецна кон мене (како да го беше дочул она што ја бев прашал Бојка) а потоа, излегувајќи, речиси несигурно додаде: - Веднаш ќе се вратам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Денгубничке проклета, утре в зори со коритото за алишта на вода да одиш и таму да останеш до ноќ сосе четка и пиралка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, трогнат од широкоградоста на постарите браќа, кои заради заедничкото дело биле готови да се откажат од најмилото на светот, најпосле и тој попуштил и ветил дека ќе молчи таа ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)