на (предл.) - потребен (прид.)

Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
13 Следната фаза беше редактирањето на текстовите, односно изготвувањето на потребната стручна правна анализа и, по потреба, давањето коментар на конкретниот судски случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неповолните аспекти на овие промени донекаде се балансирани со намалувањето на потребниот стаж за стекнување право на старосна пензија, од 20 на 15 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до проблемот на хиперпродукцијата, кој во нашето општество е латентен уште од развојот на машинската техника, тој е решен со изумувањето на постојаното војување ( види Глава III ), кое е исто така корисно и за одржување на моралот на населението на потребното ниво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, како поинаку можеше да се одржува на потребното ниво оној страв, онаа омраза и налудничаво лесноверие што ѝ беше потребно на Партијата со нејзините членови, освен преку заробувањето на некој моќен инстинкт и неговото употребување како движечка сила ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)