на (предл.) - практичен (прид.)

Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во тие јасни пролетни дни, на поручек, нашиот скаутски вод „Елен”, составен од седум души, се упатуваше на практична обука в поле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ние мораме да се разбереме! Да се вратиме на практичните проблеми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Правниот поредок на практичните Римјани беше востановен 10.  А покрај класичните правни текстови (пр. уште и Paul. Sent. 2,18,1), за присуството на работните спорови, во еден поширок контекст, читаме и на други места во историската литература: на пример кај Кикерон (Cicero: De officiis; 1, XLII, 150sq.; 1, XLII, 151sq. и De oratore; 1, XLV); кај Катон (Cato: De re rustica, 136); потоа во Новиот завет на Светото Писмо (в.Евангелие по Матеј, гл. XX, ст. 1-16); па кај Апулеј (cf. Apuleius: Metamorphoseon; Lib.IX, 6sq.; Lib.VII, 22sq.; Lib.IX, 35sq.; Lib.IX, 12sq.) итн.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со новелата од 30.10.2014 година е направено проширување на опсегот на лицата кои се опфатени со овој закон, па е предвидено дека одредбите ќе се применуваат и на студентите кога истите се наоѓаат на практична работа во рудниците согласно нивната образовна програма.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)