на (предл.) - претпазлив (прид.)

Зад нив и зад дрвото, поточно зад одамна сплетена ограда од црни прачки, во војнички ред пловеа по стрелесто прав поток три пајки и еден многубоен паторок. Над нив висеа сочни реси на жална врба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рано е: дрвјата за’рѓале таму, при врв, каде што ветрот ги шиба, тој немир тој далечен дах на претпазливиот септември.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)