на (предл.) - присутен (прид.)

Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледна на присутните и откако забележа дека никој не го поддржува, праша: - Имаш ли нешто позначајно да ми кажеш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мирно им се обрати на присутните прво да се послужат од преполната шведска маса, да се поткрепат, а потоа да седнат на столовите кои беа наредени во круг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Нашата Ивона. - продолжи со уште едно смирување на присутните, - денес ќе дува осумнаесет свеќи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ковчегот со измиеното и променето тело на Сандри, беше поставен во средината на црквата, а околу него гореа свеќи во рацете на присутните.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)