на (предл.) - прославен (прид.)

Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Боровите кои ги соборуваат. Таков беше и насловот на прославената книга разговори со славниот генерал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раде божем широкоградо ни откриваше некое ново објаснување во врска убиството на прославениот командант.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)