на (предл.) - прочуен (прид.)

Боги, чие име би требало да произлегува од прекарот на прочуениот Хемфри Богарт, беше, како впрочем и неговиот газда, молчаливо, мрзоволно суштество.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е Пловдив, втор град по големина во Бугарија, синоним на прочуеното бугарско овоштарство и градинарство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Силата на прочуениот балкански фанатизам ги разделила и тие дури и не се обидувале да ја осудат причината на разделбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имено, уште во текстот на прочуената Јустинијанова кодификација (VI век), подоцна наречена Corpus Iuris Civilis, и тоа во нејзиниот најобемен дел кој се вика Digestae [или Pandektae] – и кој е двапати поголем од Библијата т.е. од Стариот и од Новиот Завет заедно – наоѓаме траги за постоењето на овие форми на работни спорови. 10
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога Османлиите го освоија неговиот Сигет, војсководецот Иса-бег, еден од тројцата синови на прочуениот Исхак-бег, кој потоа и загина на Лебното поле во битката меѓу турската и унгарската војска, го довлечка во Скопје запленетиот саат што го симна од саат-кулата на Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)