на (предл.) - психички (прид.)

Зошто со оргазмот, за Егото постои опасност од разградување на психичката сексуалност, која би се распрснала кога врз неа со жестина би почнало да делува недоволно прифатеното биолошко тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Единствено ускладеност на психичката сексуалност и сексуалниот однос следен со оргазам укажува на зрела психичка организација и прилагодливост на објектните инвестиции, кои периодично се движат, меѓу конструкцијата преку сонот и деконструкцијата преку оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овде постои еден, за психоаналитичарот зачудувачки парадокс, бидејќи најблагородната активност на психичкиот живот, градењето на објектната релација го завршува со празнење кое е обична соматизација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
При анализирањето на психичката состојба во која се нашле членовите на Гемиџискиот кружок по завршувањето на сите подготовки за атентатите треба да се има на ум и фактот дека тие веќе се наоѓале пред конкретното извршување на еден голем чин - да загинат дури и ако имаат услови да се спасат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Западните општества и нивните највлијателни естетски производи продол­жуваат да го развиваат епистемолошкиот етос на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место или т.н. мобинг.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)