на (предл.) - ранет (прид.)

Во очај на ранета дивина ги забуцал проредените заби во тоа стебло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од затворот, одвреме-навреме, доаѓа слабо, но храбро пеење на ранетиот партизан. Пеењето е сѐ погласно, светлото сѐ поголемо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разбуденото стебло можело со сокови да му ги наслушнува разбуричканите мисли што се слеале во бучлив порој на измамена крв и ужас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Инаку би свратиле до Елисие, штом еден коњ дал за колеч, нека даде уште еден за пренесување на ранет борец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)