на (предл.) - свој (прид.)

Само на својата кожа ќе осетиш, зошто: „Среќен е оној што умее да сака“, вели Хесе, „и да биде сакан“, велам јас. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таму и на својата сенка се пука, што се вели, мртва зона.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сето тоа, собрано во едно тешко бреме, мораше сега да се носи на својот грб таму, напред, кон дома, со тоа мораше да се тоне во длабокиот студен снег, тоа мораше да биде извлекувано од под онаа тврда кора, што удираше во цеваниците при секое пречекорување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ние сите знаеме дека мајка ти повеќе гледа на тебе отколку на свои очи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Живеевме во убавото социјалистичкото време без надостатоци, освен наследените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега треба да се мисли и на себе и на блиските. Залудно, залудно, залудно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На 10 август 1947 година, Главниот штаб на ДАГ (Грчка ослободителна армија) ги призна Македонците како посебно национално малцинство со право да отвораат училишта на свој мајчин јазик.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш, пред дваесет години, тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика, а кога стројниците престанаа да идат, нему му беше јасно дека е задоволен, дека среќата го зачувала да не ја омажи ќерка си, да си остане таа со него, да не биде тој за неа втор, и спореден, поткошнат па макар и во своја куќа, без право да ја повела.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Телефонските компании живеат од мајки што им телефонираат на своите деца - луѓе што се запознаваат, што остануваат во контакт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа, со голема тежина во душата, уште еднаш се присеќаваше на мртвите од телеграмите- некролози кои не престануваше да ги добива, се пресели во времето на својот татко, кого не го виде уште од времето на свршувачката, се сети на својата родна мајка, која не ја виде никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Како што ќе заповедаш, војводо! - на својот познат шеговит начин одговори шумарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А што се однесува до постапката на Сираков тој само барал начин како да ѝ се додворува на својата секретарка која притоа се викаше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој мораше да им го врати загубеното достоинство на своите две раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега... Што да ѝ каже на својата другарка?.. Со што да ѝ се пофали?..
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фидбекот кој се појавува при ова им помага на терапевтите чесно да се соочат со моралните и етичките импликации на своите практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Баба скршена се вратила на Балканот во гнездото на своето семејство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа дојде железничарот, се поздрави и рече дека ја видел уште на станица, седна на своето ниско столче до шпоретот и ја запали првата цигара со жарче на маша, а потоа другите една од друга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кринот на своето кринство, литературата на својата - литерарност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој не се потпира на својот хендикеп кога донесува одлуки, односно кога ги брани своите ставови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Честите умирачки на своите рожби, мајка ми ги надополнуваше со нови раѓања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Важно е да се грижиш и за нешта кои од аспект на своето основно преживување се неважни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изгледа дека Мичиген ривју ѝ ја проследил информацијата на својата матична организација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Побелен, со бледило дури и во очите, се зачуди кога деденцето Богдан Јанков, негов пријател и во негови стари панталони со многу џебови, викна по него од прозорецот на својата куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје е: IV П.бр. 1352/00. 2.  Работниците имаат право – по свој слободен избор – да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Продолжуваше да се самообвинува: ако ги следела пораките на својот ум веднаш ќе се вратела дома за да се дотера како што прилега.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Недалеку од нив еден ситноглав и беззаб старец со сламена шапка и матна болка на сувите, пропаднати образи, милуваше на своите коленици ранета грлица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пиеше сега во својот стан и смуртено го славеше роденденот на својот гостин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Камилски овие мисли ги сподели со Татко, кого го сметаше за покомпетентен од себе: Османската цивилизација мошне брзо ќе завладее во светот, но врз нови цивилизациски вредности, различни од андалузиската исламска цивилизација, пред сѐ мотивирана од военоосвојувачки цели. Но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тонејќи во бунарот на своето сеќавање, срцето и се удави во некој пелин, пулсирајќи тивко, нечујно, заморено.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Имајќи верба во своите родители, децата стекнуваат верба во себе, врз основа на која развиваат независност, иницијатива и марливост и ги надминуваат таквите себеоткажувачки болни чувства како што се срамот и сомнежот, вината и инфериорноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, од друга страна, несомнено е и тоа дека работниците, на своја кожа, чувствуваат дека законот недоволно ги штити и дека газдите ги третираат онака како што сакаат, а не онака како што е пропишано во законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Па редно беше пак, и пак, да му се заблагодарува на својот исцелител - зар тоа не беше во ред?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беше спротивно на тенденцијата кон механизирање, која стана квазиинстинктивна речиси во целиот свет и, уште повеќе, секоја земја што остануваше индустриски неразвиена беше беспомошна во воена смисла и беше осудена да падне под доминација, директна или индиректна, на своите понапредни противници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Херкул станува Херк, а Мегара – Мег.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Фаик Коница задоволен од своите резултати му ја испраќа студијата на својот пријател Гијом Аполинер, со напомена дека и тој стигнува како него до истиот заклучок: странските зборови кои се влезени во еден јазик или треба да бидат сварени, или да бидат отфрлени!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, несомнено, ѝ сакаше добро на својата груба земја, но во неа имаше премногу татарштина, казанштина. Па и околу неа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нашите земјаци си ја покажаа сета јунаштина и готовност да се пожртвуваат за интересите на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Детето-слушател на првобитните приказни ќе биде разочарано кога, како возрасен читател, ќе открие дека она што го сметал за најчиста вистинитост на своето искуство - и како несомнена стварност - било само „литература“, зашто ќе се покаже дека не сме „сами“, односно единствени, за кое пишува Томас Ман, но и нешто повеќе од тоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој влезе во визба, каде што ќерка му беше запалила светлост и работеше на своето ниско столче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се плашеа раководителите на градот од клетвите на мајките на своите деца, на сите детства и на младоста ако им се наредеше да кренат нож против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку прекрасни се овие луѓе од книгите! Ја бараат и ја најдуваат смислата на своето постоење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На шпанскиот монарх Фердинанд ќе му забележи дека тој, осиромашувајќи ја Шпанија, ќе му овозможи да ја збогати Османската Империја со умовите на прогонетите Евреи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Винстон несвесно застана. За само две секунди, можеби, се најде назад во полузаборавениот свет на своето детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога сега се отвори вратата, тој само ја сврте главата, виде дека доаѓа Бошко Манев и пак им се врати на своите мисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во право сте, мој Камилски. Гијом Аполинер, по мајка Полјак, а по татко Италијанец, но по поетскиот израз Французин, во најизворната француска традиција, од Вијон до Рембо и Бодлер, можеби најдобро во тогашна авангардна Европа ќе му се восхитува на својот европски Транк Спироберг и Пирус Бардули и балкански пријател Фаик Коница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еразмо беше распнат меѓу два пата, прикован за сопствениот крст, кој му тежеше; покрај тоа што знаеше дека мора да го носи, беше немоќен да излезе на крај со неговата тежина, со тежината на своето сопствено физичко тело, со сето она што телото го бара!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако има Бог, тој постои само во мајката која живее само за спасот на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во статијата Јосип Броз Тито во најкратки црти ја прикажал борбата што ја воделе народите на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога замина Татко од Цариград, по свршувањето на студиите, и неочекувано за сите во поширокото и во потесното семејство, се врати во гратчето крај Езерото, никогаш повеќе не се врати во метрополата крај Босфор на својата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако, како што пишува Ерик Ериксон, првата психолошка задача на детето е да развие доверба, обично преку топлиот однос со родителите, тогаш Бојс го развил чувството на доверба кај себе преку своите фантазии за себе како овчар, родител на своите овци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Родителите, ангажирани со секојдневните грижи, немаат време повеќе да се посветат на своите деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дали Османлиите, накалемувајќи го исламот на својот новосоздаден идентитет, ќе се надоврзат на старата исламска цивилизација на Мароко и Андалузија, каде што нема да допре Османската Империја, или ќе појдат по друг пат, водени од завојувачките пориви кон создавање и одбрана на најголемата Империја на своето време?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше извонредно убедлив и им влијаеше на своите соговорници...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Соколе не зајде со умот, да не ја гледа безнадежноста на своето чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Конечно, со второстепената пресуда, донесена кон крајот на април 2010, беше уважена жалбата и првостепената пресуда беше преиначена8 во корист на Зефиќ, од страна на повисокиот судски совет (во состав: Љ.Арсениевска – претседател и д-р З.Михајлоски и Т.Дуковска – членови).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислеше на своите раце, на студена челична острица, на зарез во болно месо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Амови, колани, налани, леѓени, свеќи, златни украси, ибрици и ќунци, сабји, ножови: налбатите и ковачите креваа врева, папуџиите пееја, кожарите си ги обработубаа кожите во камени корита, кујунџиите со двојно око ги виткаа шарите на своите белегзии и ѓердани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно за да го оцени ефектот на својата постапка?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Публиката заспива, му рекол атлетот, тој полудел и му се подал на својот познајник лав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бојан ја домами кучката и таа послушно слезе низ скалите, подлавнувајќи повремено, па послушно легна до нозете на својот стопан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако е дежурна куќата многу поубаво ни е уредена. Секој предмет си стои на своето место.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Застанал - каде потаму? Тревата ја шушкала својата икиндија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сината вода на Езерото се предаваше на своите метаморфози, забрзани со појавата на сонцето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Има ли некоја пред-Христијанска метафора за светоста што некоја рок група сѐ уште не ја прославила на своите омоти за плочи?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сликарот што го слика по венчавањето пред катедралата, давајќи му ја сликата со адресата на своето ателје и датата на сликањето: 6. IX 1949 г., му рече: „Нека ви е среќен бракот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби мислеа и на своите мајки и братчиња, за кои, кога ќе ја завршат бербата, ќе можат да однесат парче леб.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Им го посветувам на својата сопруга Соња, на синовите Жорж и Александар, на внуците Анте и Ирина и на возвишениот благородник, господинот Трифун Костовски; напати, кога откажува татковината, воскреснуваат нејзините личности.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Темна и широколика, подвиткана од долги и осаменички дни и ни малку светица од икона, таа се враќала со секира преку рамо од плевна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што му ја мислиш, сѐ е измислено, сѐ е направено, стокмено и на свое место, само јас во безвоздушен простор, вакуум, ми фали кислород.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се смее акробатот, пропаднатиот акробат, а смеејќи ти се ѝ се смее и на својата судбина. - Овде те држат од милосливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чаршијата на свој начин го задеваше и улаво му го изопачуваше јазикот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Командантот му се обрати на својот курир: - Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
XI. Се чинеше како човекот што стоеше на вратата сосема да ја пополнил рамката со корпулентноста на своето тело и со него ја засолнил ноќта и студот на снегот зад себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Абре, да му се сневиди на овој животот“, нешто подоцна рече чичко Никола, расмеано, како веќе да не беше со намера на разговорот, на својата прикаска, да ѝ даде сериозен тон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Чекај, чекај, - се сепна Дедо Мраз. – Се што си рековме си е на своето место, освен она...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Море колку многу е себичен човекот, си мислам, колку брзо заборава на своите домашни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговиот живот на наставник по стилистика со скромни примања и со бројно семејство што требало да го одгледува, втиснал печат на извесна меланхоличност врз неговиот поглед на светот и го принудувал на макотрпна продукција на книжевни дела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако тоа го бара ликвидацијата, тие можат да склучуваат и нови зделки на друштвото во ликвидација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Прости ми, татко! Прости ми, мајко! Ако нешто сум ви згрешила. - нежно им ги целиваше рацете на своите родители. - Простено нека ти е чедо и од нас и од бога!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наскоро се очекуваше визитата на султанот, па Мехмед-паша имаше намера да се пофали со делата на својата верност кон Падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Треба да стапиме во контакт со Грегори за валјакот“, тој му рече на својот брат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се разбира, мојот господин Семјон го премолча името на убавицата за која се посомневал дека би можела да биде во некаква врска со тој негов случаен соговорник од кафеаната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад заклоните и преправањата го крие својот страв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЗРО = Закон за работните односи (Сл. весник на РМ – 62/2005 и 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 16/10 ПТ, 50/10, 52/10, 124/10, 158/10 ПТ, 47/11) ЗС = Закон за стечај (Сл. весник на РМ – 34/2006 и 126/06, 84/07, 47/11) ЗСВДЛТ = Закон за самостојно вршење на дејност со личен труд (Сл. весник на СРМ – 18/1989) ЗСК = Закон за спречување на корупцијата (Сл. весник на РМ, 28/2002 и 46/04, 83/04 ПТ, 126/06, 10/08, 161/08, 145/10) ЗСС = Закон за судскиот совет на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 60/2006 и 150/10) 314 ЗСТ = Закон за судски такси (Сл. весник на РМ – 114/2009) ЗСуд = Закон за судови (Сл. весник на РМ – 58/2006 и 35/08, 150/10) ЗТД = Закон за трговските друштва (Сл. весник на РМ – 28/2004 и 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11) ЗТПОК =Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (Сл. весник на РМ – 38/1993 и 48/93, 21/98, 25/99, 39/99, 81/99, 49/00, 6/02, 31/03, 38/04, 35/06, 84/07) ЗУ = Закон за установи (Сл. весник на РМ – 32/2005 и 120/05, 51/11) ИО = Извршен одбор ИТ / Извршителска тарифа = Тарифа за награда и други трошо- ци за работа на извршителите (2011) ЈЗУ = Јавна здравствена установа ЈКП = Јавно комунално претпријатие ЈП = Јавно претпријатие ЈРДП = Јавно радио-дифузно претпријатие ЈТД = Јавно трговско друштво К-15 = Регрес за годишен одмор
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најмало дете на своите родители, Томаица беше растена и чувана како капка вода на дланка, како да беше мала принцеза.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако, во текот на постапката, се променат околностите врз кои е заснована надлежноста на судот – судот што бил надлежен во времето на поднесувањето на тужбата останува и натаму надлежен, иако поради овие промени би бил надлежен друг суд (чл. 14, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Томо само ги повтори зборовите на својот соговорник од другата страна на телефонската линија. - Каде? Кога?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беренц тогаш му го предаде писмото на воениот управител Лит.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Томи Такер пееше за да добие вечера. Ниту еден вистински трубадур нема да го стори тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можете да слабеете колку што сакате, но мрсните клетки се секогаш тука, чекаат на својот миг за ревитализација. Trash-от е експанзивен, trash-от има упорна душа и пустински навики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фезлиев седи на тврдиот стол веднаш до вратата од претсобјето и го полни и го празни шаржерот на својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Куќата му ја запалил некој што се исплашил дека вдовецот со две деца ќе ја земе како втора жена Фиданка Кукникова и ќе ги остави селските мажи без можност да се надеваат на своја среќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
XV. Ја затвори зад себе вратата на својата пилана во искричавата полутемнина на ѕвечкавите зимни мугри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некаде на своето пропатување др. Лири се запознал со Вилијам Гибсон (William Gibson), писател на научна фантастика, комушто му се припишува дека го основал сајберпанк (cyberpunk) движењето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Меѓутоа, Хундертвасер „Fensterrecht“ не го предложува како свој уметнички каприц, туку со тоа начело мисли многу сериозно - целта на неговата акционистичка архитектура е секој, кој ќе осети потреба нешто да промени, не само во внатрешноста на својот стан, туку и врз фасадата од куќата во која живее, за на тој начин да го пласира својот идентитет и надвор од просторот на живеење, тоа може непречено да го направи, и тоа само до онаа точка до која допира неговата рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури и чукањето на своето срце можеш да го чуеш како туѓо, дури и своето дишење...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Работната атмосфера во друштвото беше прилично лоша и напната: претпоставените често знаеја, без никаква причина, да се развикаат на некоја работничка, да ја омаловажат пред нејзините колешки, па дури и да ја расплачат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Единствено брат ми недостасуваше. Влегов во неговата соба: пустош.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според нејзиното сеќавање тоа се случуваше за прв пат откако се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А добриот дедо Стамен си мислеше како да му угоди на своето мало палаво внуче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш Даме тагува на својот прозорец, гледајќи кон прозорецот на спротивниот брег.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Токму трпезите беа местата каде што двете домаќинки се обидуваа да го привлечат Томо на своја страна, или да му го перат мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На денот, со ранецот на рамо, со спортски патики и впиен тексас на своето тело, Рада за последен пат како прваче ја слушаше по којзнае кој пат лекцијата од Светлана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Клара го затвори прозорецот, и рече: „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Што сакаш денес да појадуваш, мило мое?“ ѝ шепотеше на уво додека онака сонлива и топла ја притискаше на своите гради будејќи ја рано, пред да замине на работа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 62/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наредени околу тие двајца, пак молчаливи и без чувство за повремените удари на ветрот, другите чекале едниот или друтиот Онисифор да крене рака, да замавне, да удри или да убие, да се види кој е под заштита господова. Не дочекале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И госпоѓа Камилска која се грижеше за семејниот буџет, го чувствуваше недостигот на дополнителните средства од хонорарната работа на својот сопруг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вујна Клементина ѝ ја беше раскажала албанската варијанта за жртвуваната жена, на тврдината Розафата, на својата внука Ервехе којашто таа никогаш не ќе ја заборави во животот и ќе си извлече сопствена поука, но сега, накусо, ѝ ја раскажа и на мајката Амелија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со разденувањето појдоа, тешко, тетераво, секој на своја страна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Веројатно слушна за нашиот Бел Корпус во Белград!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак како што правеше дедо му, Бојан ја сврте полата на своето палто и со грубиот волнен шаек си го избриша лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И страв и ќотек и овие автомати и пушки и пушкомитралезот на Зоја ѝ го даде, не мислејќи дали кутрото девојче ќе може да го носи на своите слабички девојчински раменца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Тој ја мразеше славата, зашто се бореше и искрено сакаше да му служи на својот поробен народ...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Друг, пак, подуен како насмукан крлеж, јадеше сѐ до што ќе дојдеше во домовите на своите засонети граѓани, притоа испуштајќи сладострасни издишки и кркорења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Овој податок укажува на тоа дека црквичката во Дупка веќе уште тогаш, во тие одамнешни времиња, загубила на своето значење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тројца сега пак помислија на своите пушки на рамената, само на еден сосема поинаков начин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лука го гледа зборот примател на својата дланка, неосетно го погалува по крзното и го враќа во неговите магловите сфери; не дава тој ни пет пари за примателот бидејќи го има на дофат на раката, овој го пишува она што тој го чита и го чита она што тој го пишува, што има тука да се лажеме. 67
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покрај критиките што ги трпеше тој, сепак, беше „врзан“ за скутот на својата мајка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Копа бунари и прави водоводи, викале, за да има повеќе луѓе на своја страна и за да стане крвник, како Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеше во тие мигови да му ја довери нацијата на својот духовен брат Месади. Не можеше да замисли друг!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И пак гинеше во пределите на своето измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се враќа после десетина минути со долг, долг партал; имено, тоа е импровизирано јаже направено од многу кравати врзани една за друга.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаше зборови коишто потсетуваа на некогашната убиствена моќ, а сега како поразени остануваа во речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бугарите пак станаа русофили, но тоа го направија не со чисто срце, а за да ја направат руската влада орудие на своите интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со сета женска интуиција чувствуваше дека тој веќе не нуди ништо добро за нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби Марко Марикин сакаше да ме исправи на нозе со стружењето на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ајде, уште едно качување!“ извикав за да ја прекратам мачната ситуација. И се качувавме... качувавме... качувавме... до четвртиот кат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Интелектуалната елита, на своите кридвишки вечеринки, ослободена од секоја интелектуална загриженост, користејќи го алибито на рушење на еден авторитарен режим, долго ја приготвуваше својата конзервативна, уште поавторитарна револуција, и на новата уривачка („антибирократска”) сила не само што не ѝ постави цивилизациска форма ultima ratio туку ширум ја отвори вратата за понатамошна варваризација на општеството под владеење на unico ratio, единствениот разум. Маргина 36 31
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Почнуваше да им говори на добрите сосетки за успесите на своите синови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сигурно за многу нешта сте им благодарни на своите учители, но сигурен сум дека за многу нешта и им се лутите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа не сакаше да се залажува: тие никогаш не го прифатија својот ашкенаски рабин, а ниту Цви некогаш се потруди подлабоко да се зближи со духот на своето стадо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гарванов само промрмори колку да каже нешто: — Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чашуле во 1952 година заминува на својата прва дипломатска должност во Торонто, каде е именуван за генерален конзул на Југославија во Канада.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се почувствува свој човек и порешително застана на своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа може да го стори со разум и без да го потпира со прст челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие, секако, со чувство на посебен пиетет се сеќаваат на оние млади Македонци коишто и во Првиот и во Вториот Илинден на бојното поле на својата татковина го поднесувале својот живот зачудувачки смело, зачудувачки ладнокрвно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој мислеше на своите шест мали деца и на жената, што ги остави само со едно кило пченкарно брашно и малку плашици...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пак ќе ги користам наводниците, иако ние разбираме и така натаму: „/првата формула/”, напиша Џери со зелениот кели фломастер преку левата страна на уредниот задник на својата делумно заспана љубовница; на исто толку привлечната десна страна на таа млада дама потоа додаде „/друга формула/“, премостувајќи го нејзиниот процеп и канализирајќи ја неговата отмена точка- запирка со еден издолжен знак за еднаквост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден вид пајаци се спаруваат со муви уловени во нивните мрежи: не дочекувале пород и ги шмукале крилестите невести: потоа се повлекувале во пукнатина на карпа за да загинат од отровот на своите пајачици по нивното оплодување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Може да се рече дека синтагмата и башка и барабар, изразувајќи ја состојбата на златна средина, односно чувство за мера, умереност, воздржаност, претставува цивилизациски модел како да се сочуваат зачуваат традиционалните вредности на својот народ, но и да се споделат како заеднички со сите етнички и верски заедници на времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа, со истата чујност и одолжување, таа се предава на својот телефонски разговор, односно монолог, со израз наеднаш изменет од рамнодушен кон заинтригиран, наполно бришејќи ги патниците од својот видокруг.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бојсовата фантазија за симбиотската топ­лина 94 Margina #11-12 [1994] | okno.mk и присност помеѓу овчарот и неговите овци станала модел на неговата концеп­ција за нужно личниот однос помеѓу уметникот и публиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со заби го задушував липањето на своите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Грмушките си беа на своето место. Велосипедите - не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Избега, се скри зад црвената врата на својата куќа. - За него јас бев врколак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа дојде до таква степен што Русите сакаа да кладат крст на своето понатамошно занесување и ослободување на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега, во едно напрегање, не можеше да ја совлада трепетливоста на зглобовите на своите остри коленца. „Шибај сам“, му рече Отец Симеон и тој сега, кога ја виде касата, претпазливо ја затвори вратата зад себе и зачекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се враќаат веднаш на своите сламеници и рогозини во бараките и во коњушниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка останата сираче при раѓањето, но во првата рожба на својата маќеа ќе ја доживее загубената љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од прозорецот на својата канцеларија на првиот спрат на командата, Беренц неволно помисли дека на Медитеранот се лачат непотребно многу емоции, припишувајќи го тоа на жешката клима којашто ги создава зовриените средоземни темпераменти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 36.870 МКД (605 ЕУР) и паднаа на терет на тужениот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа [како „власотавец“] може да ја измени или отповика изјавата на својот полномошник на рочиштето на кое е дадена таа изјава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Загатка е што моето тело едновремено гледа и станува видено.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе те следи додека си жив, се сетил за зборовите на дамкавата Фиданка Кукникова на работ на лесновската шума.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој учествува во карневалот на свој начин, а карневалската психоза се чувствува на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неврописихијатарот, во инерцијата на своите прашања, не ја разбра Мајкината иронија, па продолжи: – А кој ден бевме вчера?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
III Секој во семејството, на свој начин, беше опседнат од енигмата на враќањето во родната земја, но секому му беше јасно за нашата припадност и на земјата без враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оној вресок, сочуван во него, ги будеше крвавите морници дури и кога ќе се обидеше да се надвисне низ прозорецот на својата куќа, што беше само две метра над земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште од основно училиште, Лена знаела за тајниот живот на својата мајка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа има за цел да ги поттикне и охрабри обесправените и исплашени македонски работници, и по судски пат да бараат остварување на своите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4 На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Би свадба, доби, и времето беше приближило да си одат штрковите на својот вилает.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Глупости! И ве молам, оставете ме намира“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓутоа, точно е тоа дека МРО востанието го сметало како средство за реализирање на својата ослободителна програма, а не како цел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И отишол водејќи го ждребето на улар и не вртејќи се да види со каква мака бегот ја задржува кобилата на работ на својот овоштарник со доцна процутени јаболкници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Наоѓајќи дека таа градба е подигната на древната германска земја и во едно сосем германско доба, дознавајќи, освен тоа, дека името на архитектот што можеше да се прочита на еден скромен гроб по звукот и по потеклото е германско, во своето одушевување со тоа уметничко дело преземав потфат да го променам злогласното готско име кое дотогаш беше симбол за тој тип архитектура, и да ја наречам германска, да ја вратам назад на своја земја“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кон крајот на педесетите години на гробиштата на Донскиот манастир, кој е во близина на издавачката куќа „Мисла“ и токму наспроти лудницата Соловјев, можеше да се забележи еден необичен маж.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги тријам очите, што се вели, и на своите очи не им верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И цел ден шумеше првата брезичка, ѝ раскажуваше на својата сестричка за сѐ што таа не можеше да го види.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
6.  Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Без заштита на својот патрон, Пенчо беше незабележлив во улицата. Одеше скиселен и скиснат, ги заобиколуваше луѓето и не смееше да ѝ погледне на Ана в очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Беше убаво“, рече таа. „Да“, реков и ја фатив за рака. Имаше ракавици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Цветан Горски херојски се бореше, уште од првите дни на сталинизмот, да ја спаси колекцијата на животот на Езерото на својот учител, морален татко, во времето кога пајажината на сталинизмот го зафаќаше Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Внимавајте, девојки, сите да внимавате и на своите зборови... Запамтете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Арнотија ли е тоа што прима таа на своја служба Македонци, кога последниве со службата, или заради неа, ја заборавуваат својата татковина и нејзините интереси ги жртвуваат на бугарските?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При штелувањето на мотор тој не го употребуваше светличкиот апарат. Тоа го правеше со помош на својот слух.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа излезе од таму без дијагноза, формално здрава, но до крајот на својот живот постојано беше насмевната.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со силата на своето мото си поигруваш со судбините ги сотираш невистините..
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога по пустото свое чекање мажите се враќале во постелите, со рамазанска глад се фрлале на своите жени и им биле благодарни што тие уште ги чекаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Извини но секој од нас на свој начин си го замислува тоа принудно заминување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ина уредила вечерта да настапам со својата точка, во паузата на програмата; директорот ми рече дека настапувам без никаков хонорар и на своја одговорност; се согласив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш ги повлекол рацете со желба да ја ослободи од чувство дека ќе ѝ нанесе некое зло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кон оваа слика Снеже додаде уште една на која Виктор беше сликан на своето работно место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна научи за светите египетски скарабеи и за нилските крокодили, за амајлиската моќ на бубачките и саламандрите, за тоа како човекот од примитивните времиња, од бронза, злато и сребро и од скапоцни камења, моделирал слики на овие суштества за да ги носи на вратот или на глуждот, како заштитници на своето здравје и својата среќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во патувањето ја гледав својата родна земја окована во стотиците илјади бункери, херметички затворените граници, жртва на својата изолација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ама продавачката се вртеше како чигра и постојано внимаваше на својот продажен простор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Егоцентрична река. Упатена накај белото море па она друго и друго сѐ додека не се нурне во овоземниот облик на бескрајот - океанот.  Реката е предолго загледана во својот крај - уточиштето премногу втренчена во преобразбата.  Реката така чека и го дебне мигот на својата смрт - слевањето во другиот.  Од идентитетот ѝ останува само морската струја. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Онисифор Проказник поминал со палец преку лузната на своето лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше веќе исклучиво да се потпира на своите чуда од осумте ридови и на своите ледени патокази?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште поубаво речено, мој Клименте, но сепак ние да си се спуштиме на земјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го дигна бокалот и ја зафрли главата чудејќи се на своите гласни голтки. Водата беше млака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
86. Оние карактеристики кои Мисирков ќе ги повтори и кон крајот на својот живот бездруго се однесуваат на бугарските студенти во Русија, кон кои беа приклучени и некои Македонци коишто навистина беа во поголемиот број опфатени од социјалистичките идеи и, според тогашните сфаќања, се однесуваа прилично нихилистички кон националното прашање воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ниеден сликар не го пренел досега на стакло тој мртво звук, ниеден ковач не го одѕвонил на својата наковална.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го сврте кон мене долгото, елегантно и страдалничко лице на своите пуритански претци и ми ја пружи раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Баба Роска го гледаше во чудо - тој човек кој со години ги фасцинираше сите со бистрината на својот ум и со беспрекорното паметење на ликови, имиња и датуми, како се претвора во физичка и психичка рушевина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Има и такви што ги носат носевите на своите љубимци: некој го носи носот на својот булдог, некој на својата свиња, на кравата, на бикот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
— Во нив Хегел ги разви своите учења, својот поглед на светот и општеството, не оставајќи во претераната совесност ни една област да не ја подложи и нeа на своето филозофско испитување и толкување.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Што се однесува пак до мојот случај: требаше да ја направам грешката за да сфатам што сум сторил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зар може да ѝ се прости на мајката на Исус Христос што дозволи на својот голем ден да се случи толкаво големо зло за да завие цело едно село во црно?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа поминаа неколку дена, а никако не ми се удаде случај да пристапам кон остварувањето на својата намера.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Немаше проблем да ги види пациентите преку главите на своите колеги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш, сѐ си доаѓаше на своето место. И сега. Всушност, тоа секогаш и си било таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бојс, оттука, благодарение на својата фантазија, стекнал самодоверба, се тешел и конечно сам се излечил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затова требуе да слушаме родители што учат на закон Божиј, а тија што не учат свои чеда книга и закон Божиј не се родители, ами губители и убијци на свои чеда.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Глејте го чудакот, им велеше на своите колеги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Небото се иссипаничави, на неговата кожа стежнуваа многу такви парчиња месечина, потоа се движеа свијокливо, се прогонеа меѓу себе и прскаа кога ќе се допреа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овде сега се вршат последните подготовки: хотелите се отвораат, собите се чистат и варосуваат, мебелот се проверува и поставува во нов аранмжман, хотелиерите се на своите места...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговото умирање почнува од разранетите прсти беспомошни да го скинат синџирот на вратата или да го откопчаат катинарот: За него, слаб и начнат од пците на својот страв или на треската со многу жили во неговите жили, тајната на одајата е недостаслива.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Понатаму, исклучително важно од гледна точка на одважувањето на работниците да пријават кршење на своите права е задржувањето на одредбата од ЗИТ (1985) според која инспекторот е должен, не само во текот на траењето на неговата функција, туку и по нејзиниот престанок, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, меѓу другото, и податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописи- 4.  Закон за заштита при работа, Сл. весник на РМ, 13/98. 141 те, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава (чл. 15, ЗИТ/85 и чл. 15, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И, во слава на својата сѐ поблиска смрт, Лири ентузијастично прави планови како своите последни часови да ги изрежира во еден психоделичен сјај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од 1998 година се овозможи работничката на породилно отсуство да се врати на работа, „ако сака“ (!?), пред завршувањето на своето породилно отсуство (чл. 1, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На Рада, на која пишувањето ѝ одеше од рака, преку играта на зборови настојуваше да го испроба пулсот на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со инвестирањето на уметничкиот код (авторство, избор, реткост, иновативност, естети­чност, инсценација) уметникот доволно уверливо ги демонстрира облиците на приклученост на денешниот поединец кон виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛУКОВ: (Станува.) Но, нека оди сѐ по ѓаволите. (Пие долго.) Веќе утре, сите работи ќе си бидат на своите места.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Жртва на својата лековерна совест! Да, и на својот страв од војната во која не сакаше да учествува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Другите доаѓале со бавни движења до збунетиот Лозан Перуника и го мереле со аршинот на своите сомневања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Исчезна од нашиот поглед. Појде во прегратката на своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега беше дојден само заради погребот на својата мајка, Велика Мегленоска. 9
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се вратил крај Езерото почитувајќи го аманетот на својот татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го гледаа гобленот луѓето и секој го толкуваше на свој начин: едни велеа дека гобленот претставува: светлост и мрак - ноќ и ден.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Десно од мене, потпрен на својот овчарски стап, стои старец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа тоа не му го кажала на својот маж, но, во нејзината душа започнала да се раѓа една ваква мисла: да го напушти мажот токму поради тоа што многу го сакала и што тој бил многу добар.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Големи изненадувања веќе не се веројатни, ниту пак тие во оваа фаза на својата игра ги посакуваат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Реков и нешто непристојно на своја сметка а љубомората ја прогласив за една од оние чудовишни пројави што ни ги беше завештал гнилиот капитализам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мразулците на детството се стопија во сеќавањето и јас им се вратив на своите шеснаесет години. Го зедов сувото грозје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3 Бидејќи тужениот работодавач не ги оспори пријавените побарувања на својот работник –  следуваше судскиот совет (во состав од судијката Л.Тодорова –  претседател и судиите- поротници Е.З.Тосева и А.Петрова – членови), по одржаното советување и гласање,4 во ноември 2007, да донесе позитивна пресуда врз основа на признание со којашто го усвои тужбеното барање на тужителот и го задолжи работодавачот – по основ на надомест на претрпена материјална штета – да му исплати: а) 16 неисплатени плати [за периодот од јули 2005 до октомври 2006] во единечен износ од 7.866 МКД – или вкупно, по овој основ, сума од 125.856 МКД (о. 2.065 ЕУР); и б) 16 неисплатени придонеси во ФПИОМ, за истиот период, во вкупен износ од 47.209 МКД (775 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не можеше подоцна да оди на закопот на својот татко, на својата мајка, на многу други блиски, блиски роднини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добива заштита на своите лични интереси таму, каде што не се доста само неговите сили.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потем се созеде. Ме погледна зачудено и му се обрати на својот министер: - Кој е овој млад човек?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја бакна и прегрна сопругата означувајќи го врвот на своето убаво расположение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
—Ќе видиме вечер — одговори Толе и остана на своето место да ги изгледа Ѓузепа и Андона кога излегуваа од тунелот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Името Македонец првин се употребуваше од Македонските Словени како географски термин за покажување на своето потекло.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никогаш селаните не покажале таква крвожедност како тие денови, возбудени од мислата за растргнувањето на својот доброчинител“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот: Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби сите линии, сите крстопати, излези во лавиринтот сочинуваат универзален план на некоја виша сила, кој треба човекот да го следи во текот на својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сведувајќи ја слоевитоста на своите филмови и на четвороаголникот на праелементите и на нивното дејство, Гринавеј ги допира и антрополошките видови на ритуалот во уредувањето на цивилизациските игри.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На својот забар му платив со овој чек што го нацртав, кој воопшто не беше банковен. И тој прифати.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По третото утро, на своите низ шепот им порача: „Не затворајте ми ја устата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа веродостојност, писателот ја потврдува, и со наведената литература која ја користел за создавање на своето дело, какви што се спомените, записите и биографиите на Јаворов, Пандо Клјашев, Анастас Грчето, Ѓорче Петров, потоа раскажувањата на писателот Ѓорѓи Абаџиев и на некои илинденци и учесници во востанието.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со денови, дури и од други синори, домаќините на своите кримилишта довезува земја, црвеница, за газење црепни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А бидејќи Партијата има целосна контрола над сите документи, исто толку целосна контрола над свеста на своето членство, тогаш произлегува дека минатото е такво какво што ќе реши Партијата да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во 1918 година, бугарскиот цар Фердинант II абдицирал во корист на својот син Борис III (1918-1943).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кралот Фридрих имал обичај на својот двор навечер да приредува концерти на камерна музика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Девојката се насмевнува на својата убавина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се фати за рабовите на одарот и со треперење се подигна на своите ослабени раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Биди разумна... - Ме проколнуваа, потоа ми беа благодарни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А можеби затоа што секој понавивачки настроен читател е склон да биде по малку воајер кон светот на своите писатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Сум чула дека луѓето ја прославуваат Новата година - им рече една мравка на своите другарки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во исто време во некои европски домови навлегува покуќнината Бидермаер, по која многу подоцна (денес) ќе копнеат внуците на македонските селани од Кукулино, премногу рамнодушни за да знаат дека еднаш, во илјада седумстотини четириесет и првото лето господово, еден нивни подалечен дедо, скитник, калуѓер, бакрорезец, иконописец и хералдичар го објавил во Москва грбот на својата земја - жолт лав на црвено поле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И тогаш, неочекувано, чиниш столетно стебло паѓа и руши сѐ на својот пат, решително тресна истрел како смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, кога влегоа во големата соба со многу столчиња и масички, и кога сите деца седнаа на своето столче, се виде дека за Зоки нема празно место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сега е само беспредметен предмет, сенка на својот подземен полк.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се трга пребледа очекувајќи го советот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа Барес може, во името на науката, на своите сонародници да им советува да се ослободат од крупните зборови какви што се вечно или секогаш, и како пример им го наведува идиомот кој, наместо зборовите „јас мислам“, ја остава можноста да се рече: Es denkt in mir, „тоа мисли во мене“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И ќе бев ли помалку уморен в постела и помалку ли ќе мислев на своите болни (часовници, шуми, едра), кога ќе го чувствував крај себе твојот врел колк?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Епилог Полната месечина малее; Надојдената вода прелева. (Кинеска поговорка) Денес, во седум часот изутрината, како и секој ден, авторот седна да ги допишува редовите што следуваат па, конечно, да ѝ го види крајот на својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто тие исекоа сѐ што сретнаа на својот пат - и нозете на невеселиот палјачо и коренот на маслинките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога споредните патишта ќе ги снемало, патувале ноќе: царските друмови биле слободни само под закрила на мракот. Затоа преку ден сонот им бил посветол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но секогаш кога се сеќаваме на убавите егејски плажи, на мирните и чисти заливи на Халкидик, пред нашите очи истрчува малиот коњаник на својот преубав бел коњ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претходно, со ЗИТ (1985), беше предвидена помалку експлицитна одредба – која, потоа, беше преземена во стариот ЗРО/93, според која работникот, за заштита на своите права, можеше да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ни мудрувај, ниту се тревожи. Бидејќи ја знаеш повелбата на својата професија. Мораш да ја знаеш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Госпоѓа Гологанова не издржа, обраќајќи му се на својот сопруг, а да не воскликне: „Никола!... Види го!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да го завршиме, добри мои, овој разговор со една моја песна во која се сеќавам на своите учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но Татко мораше да се врати на Балканот. Се препушти на судбината на своите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сепак, подоцна, при самото склучување на договорот, кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност – освен ако работодавачот, и тоа на своја сметка, не го испратил на здравствен преглед (чл. 25, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ги грабна кофите и одвај успеа да му дофрли на својот другар: - Манукот, манукот е долу!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Многу често тој сега се изнаоѓаше себеси како мисли со зборовите на оној младич, на својот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Витгенштајн е единствениот меѓу филозофите со тоа што создал две потполни филозофски школи во текот на својот живот а втората од нив потполно да ја побива првата!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на Србите и на Бугарите за зачувувањето на својата државна самостојност, за задоволувањето на своите животни државни потреби, секогаш им бил неопходен излезот на Егејското Море”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сегашната наша интелигенција треба да го посвети сето свое работење над моралното и умственото усовршување на својот народ и создавање на една идеална македонска интелигенција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И така народот е притеснет во стапицата на својата „судбинска линија” што му ја смислија изветреани глави и политички кабадахии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Брат ми беше прашал дали мене би ми било дозволено да ги посетувам часовите, на кои потоа ме водеше секое неделно претпладне, во домот на својот професор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се борев со сите сили да останам доследна на својата карма. Сѐ на сѐ, зборот Божји е моја заповед.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Па и ние нема да живееме 200 години - му реплицираше Дулитл на своето пудличе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секако, ова гледиште е условено од прашањата на генезата на руската (и пошироко, на целокупната) сатира како литературен феномен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Заборавот памти на свој начин и барем не може да му се префрли дека нема стил. Меѓу две зла Што ако животот ти е даден да бираш меѓу две зла и да го одбираш секогаш - поголемото?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Излегоа тројца од три кожурки на своите соништа а тој, претпоставувајќи во нивните сонливи очи топлина и чувство, ги праша со рапаво грло: „Каква е оваа ноќ, оваа проклета црна ноќ?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред да започне професионално да се занимава со книжевност, работел како контролор на возови, како столарски и чевларски мајстор, милициски агент и командир во Црвената армија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вечерта Марија го прекори: „Доста е. Треба да мислиш на својата иднина.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Задишани... зашеметени... стегнати... од страв, да се размавтаат пак со нивната фиксидеја... да го удават пак Куртиал со нивните бескрајни загатки... секогаш и сепак во врска со „соларните мелници“... со соединувањето на „малите испарувања”... со повлекувањето на Андите... со движењето на кометите... сѐ додека остануваше и ронка воздух на дното на необичниот мев... сѐ до последниот трепет на гнасните коскишта... 138 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Искуството кое го стекнавме е непроценливо, но, од друга страна, Маргина е многу далеку од фамозното “застанување на свои нозе”, и тоа е можеби она што на приказнава најмногу ѝ дава горчлив тон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овдека вака, вели, на своите колена си ги колеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покажаното насилство ќе биде плод на немоќта на тиранинот кој ќе бара во својот наум соучесници меѓу слабите од секаков вид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има ли таа право да протестира против бугаризирањето на Тетовско и да бара заштита на своите интереси таму против бугарските посегнувања?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оној што гледа наоколу може исто така да се види и себе и да го сфати тоа што го гледа, ‘другата страна’ на својата моќ за гледање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прискокаа децата за одмор, прискокаа и двете близначки, но дали да се смееш, или да плачеш: како волови секоја со главата тргаше на своја страна.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но не беше сега тоа многу важно. На Пискулиев повеќе му тежеше што со ова свое крштениче си зема уште една грижа на својата и инаку мачна глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најбогатиот во овој ќор-сокак го празнуваше свршувањето на својата ќерка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека Х.Х. ја очекуваше мојата неизбежна реакција на својата провокација, ако не во моментот тогаш во подоцнежниот тек на патувањето, јас засилено пребарував во сеќавањето, во моите записи и книги објавени на албански јазик во Македонија и на Косово.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека го слушаше својот учен пријател како со чудесна точност ја изнесуваше природната сага на јагулите, Татко не престануваше да трага по нови моменти во согласието меѓу движењето на своето семејство и патот на јагулите: „Зар коските на јагулите, по херојското патување, по љубовната обновувачка екстаза не се стопуваат, исчезнуваат на едно место?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Волкот сега си се сместуваше на своето старо место под буката, а неговата миризба му го испогани неговиот здив и му го направи него поотровен од секој чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го прашува Гита Корец со нем поглед во деновите без транспорт?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Едо настојуваше на црната боја на партнерката, а Елефтерија рамнодушно остана на своето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И самиот како да беше изненаден од лутината на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Негде во длабините на својата душа тој можеше и да се гризе заради тоа, но тука не можеше да се стори ништо за да биде поинаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се сети на своето прво косење, на селото, на својата невеста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Веднаш му се обрати на својот Месади: - Кој е бре овој ќерата на говорницата?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А дедо Спасе ќе остане уште долго надвор, па ќе си го пуши лулето и ќе си мисли на свои работи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оти десна рака на левата страна е полоша од лева на свое место: сѐ опаку пофаќа и опаки дејанија чини.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги грабаа своите палта за јаките, налик на животни кога ги фаќаат за врат своите малечки, ги облекуваа и брзо се враќаа на своите места.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, јас сум дојден овде, пред сѐ, да поздравам писател со голема вредност кој примерно ја претставува ерудитската и книжевна мисла на својата земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа овчото лице се стопи во фигурата на еден евразиски војник кој изгледаше како да напредува, огромен и страшен, со машинска пушка што рика, и изгледаше како да скока од површината на екранот, така што некои од луѓето во првиот ред навистина се тргнаа назад на своите седишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почека избезумена, алчно слушајќи го познатиот звук, тажна и испотена, еднаш, двапати, трипати, и конечно го слушна гласот на мажот на својот живот, кој живееше без неа во нивната куќа. – Да?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
В ред, Пикасо е овде, долу крај брегот, само неколку километри одовде, во посета на своите пријатели од малото рибарско гратче.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Жеравот го следеше патот на своето јато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дури ни неговото блиско пријателство не го објаснува мотивот на изборот и испишаната посвета на оваа необична играчка како подарок на својот пријател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бараше упорно аргументи во времето во кое живеел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И јас, на свој начин, се обидувам да останам недоследен во моите одговори, понирајќи далеку, далеку во замислените стапици на умната Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дајреџијата не го ни чу, ни виде упрекот на кафеџијата. Предаден на своите преживувања, целиот пливаше во некакво неискажливо блаженство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лекарот мора на свој начин да каже: „Доаѓам без оглед на тоа што мислиш ти”. Понатаму: Проблемот со шизофреничарите е во тоа што тие не му веруваат никому. 48 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ѕвездите биле скреж запрен на својот пат од невидлива мрежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волчицата не отстапи заради својот живот туку заради животот на својот пород гладен за нејзиното млеко, таму, во пустиот дол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш удирајќи со чеканот го погодуваше ритамот на своето срце. Тогаш се добиваше најцврсто железо.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Неразбирливо беше зошто со два прста го врти перчето на својата безбојна и ретка коса под која се гледаше светкаво теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Интимно соголување на својата потсвест, нежност и копнеж истовремено, релјефно сликање, лирично дишење, проткаено со длабоко колоритно животно искуство кое на поетската традиција додава украс кој ја збогатува плејадата опејувачи на современото живеење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подоцна видов дека неговата посета беше сврзана со една душевна потреба на човек кој дошол во посета на својот крај по многу години и ништо друго посебно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа се рашириле по селото секакви прикаски: некои кажувале дека загинала од безмилосни насилници, некои дека му се вратила на родното место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сеќавајќи се на своето родно место, тој го подигна мостот на Дрина кај Вишеград на она место каде што во 1516 година ја прегази со коњот, натоварен со едната страна во еден кош.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почна да станува навистина горд на своето тело и да се надева повремено дека и неговото лице исто така се враќа кон нормалата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лицето на хирургот беше тврдо. Тој кловн секој ден оди на својот погреб, Оче Симеоне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште од првите денови, кога дочу за она, што се случуваше во планините, Змејко знаеше да си ги поврзе сите работи и повезден мислеше на својот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нив ги одбиваше неговата гордост, неговиот инает, сѐ посилната ароганција, чијшто ветер в лице не го доживуваше како отпор на средината, туку како виор на својата прва слобода...  Како што и почна да му зборува: таа не беше среќна тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го сети тоа свое испраќање како стои тука во таа безгласна застојаност, и сѐ, што можеше да стори, беше да се наведне и да го подигне на своите раце тој свој малечок другар, што и сега почна да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во New York му се јавувам на својот американски познаник. - Кој го бара?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и Дмитар-Пејко го видел во очите на својот судија она што тој сега го гледал под веѓите на тие двајца кога прашал без зачуденост дали тие бараат лоша крв во него, дали ќе го сечат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмалку, во новата општествена средина тој ќе се чувствува не на своето место.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа имаше две верзии за својот престој во Албанија: една верзија која ја знаевме сите, до поединости, и една друга верзија, само нејзина, којашто ја криеше во длабочината на својата тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Атланскиот Океан Аргентина ќе ја довикува со моќта на своите пробојни и универзални метафори на својата родна Шпанија, најдена во канџите на фашизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па сепак, мислев и сѐ уште мислам дека ти го стори тоа прекутрупа. Разбираш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бошко пак, кој го виде тоа уште од на дуќан, се растрча низ чаршија да ја рашири веста за маката на својот господар и да бара некаков совет, или помош.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Човекот без брада се искачи на своето седиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите строги очи се лепеле за тилот на најмладиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нив ќе ги чека да го зграпчат за тил.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не ни е грижа за фабулата, пишуваме за да изградиме одредена автономија во однос на својот живот!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
3.  Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот – ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само малку пред тоа... „Оставете нѐ сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Легна на својата сламарица, се покри со козинениот покривач и зајачи колку што можеше поболно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Понесени на своите мисли, како на крила, кон далечните пространства, двајцата другари и не усетија кога им се приближи кондуктерот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јон се препка, на своите нозе се препка и го завлекува и Мисајлета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И таа во длабината на својата душа ги примаше ударите на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На свој нејасен начин Емплфорт му беше приврзан на Винстон и сигурно ќе седнеше на неговата маса, само ако го здогледаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да ги беа насобрале на своите гранки сите бели цветови од ланската пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што душмани биле? Душмани и на градот, и на својата душа!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сретна многу познати, уште од она време на крвавите воени години и се изненади - луѓето се менеа, имаа други лица и други облеки, а тој, влечејќи се по врелата калдрма, уште му се молеше на својот бог по крчмите и се кострешеше како гладен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Штом се плуснува на својот кревет, зборува како да си ја продолжува мислата: - А, вели, ретко некој излегувал од затворот?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш Аким шикај му рече на својот врсник да дојде со него, време му е, достатно му се нашол на светот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во овие процеси, луѓето се инспирираат меѓусебно едни од други...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој седнат на своето место во дневната соба, гледавме телевизија или разговаравме. Обично беа тоа интересни муабети.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се бранеше пред Агрипа, рече дека сите го знаат него и неговиот живот во Ерусалим – како и татко му, тој беше фарисеј и живееше според најстрогите прописи на својата вера.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На деветнаесет години изумил рачна граната што била усвоена од Министерствто на мирот и која, на своето прво испробување, убила триесет и еден евразиски затвореник во една единствена експлозија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На својот прв настап под наслов Три леви саата (Три левих часа), во јануари 1928., ги читаат своите текстови, го објавуваат својот манифест и ја изведуваат драмата на Хармс Елисавета Бам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се решила сосема да се врати во домот на своите родители скоро и физички заболела и долго не можела да се поврати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поистоветен со Едното, како политичка пракса и државен амблем на таа своја состојба, со поразот на тоа Едно губи целиот народ - БИДЕЈЌИ НЕ ДОЗВОЛИЛ ПОЛИТИЧКО КОНСТИТУИРАЊЕ НА СВОИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја слушаше замрсеноста на своите мисли и гледаше низ прозорецот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
2.  Должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него, ако двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани (чл. 325, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оние што ја заборавиле својта човечка должност нека ја видат бездната на својот крај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„На доброто расположение на еден германски воспитаник и на неговата желба да поразговара со некого на јазикот на својата младост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А каде не е досадно и каде не е пусто? Треба човек сам да умее да си ги најде радостите на својот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко со занес го слушаше расприкажаниот вујко, тој бездруго имаше некаква цел која сакаше да му ја наложи на својот внук.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Петмина истражувачи по свој избор се решија да земат одредена дрога - Екстази, ЛСД, Хероин, Спид и Алкохол - и отпатуваа во лавиринтот на својата психа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да, во вистинските моменти, на работното место, а јас тоа кај неа го гледав како еден вид професионална деформација насочена кон докажување на својата подготвеност секогаш да биде во акција како полицајка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неодамна, по повеќегодишно боледување, скокајќи од прозорецот на својот стан во Париз, изврши самоубиство еден од највлијателните современи филозофи, Жил Делез.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Има и ќе се најдат мнозина интелигентни Македонци што се готови да си го дадат животот за интересите на својата татковина и својот народ, коишто ќе се запрашаат: што е поважно за нас Македонците – општобугарските, општосрпските, општогрчките или македонските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Примирјето веќе е истечено и војниците се враќаат секој на своја страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
XVIII Судбината сакаше во мојата сложена дипломатска мисија да се најдам во Картагина во времето кога владетелската арена принудно ја напушташе стариот Хабиб Бургиба, верувајќи до последниот ден оти е непобедливиот Југурта, а овде го продолжуваше своето владеење со својата далечна Палестина - Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба, откако го рече ова со уверлив глас, му се обрати на својот министер: - Задржете го тој човек во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А.А., пред заминување, разговара со секој од нас, сака сепак да го провери ефектот на своите воведни зборови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Може! - со восхит му одврати Рада, огледувајќи го својот лик во сините очи на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги носат носевите на своите баби, дедовци, татковци или мајки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ајде да скокаме, ајде да викаме! Скокав и, на своја срамота, се прпелкав како борач.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така Трајанка се омажи на свои четиринаесет години, во село Рајчани во услови толку лоши што полоши неможат да бидат. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, тој не го спозна социјал-комунизмот одвнатре и на своја кожа како Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Честит човек како вас за цената не го ни прашувам“, рече свесен дека претерува на своја штета што ќе биде изразена во кеш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кловн е и ја болува својата болка на свој начин. Низ игра и со смеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Толку недели и месеци морал да носи токму такви тежини на десното рамо! (Добро, тој никогаш го нема спомнато тоа, но мајка ми ми има раскажувано за неговиот пријател Словенец и за цевката од минофрлачот што Даскалов честопати ја земал на своето рамо за да му помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се и сака да ме совлада со формулите на своите школски калапи, да ме натера да ја наведнам главата, да се повлечам. „Не“, рече. „Не, докторе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Она што беше посебно во врска со Колумбо е неговата упорност и речитост со кои работеше на својот сон за „Индија”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Македонската интелигенција ја буди, воспитувач на илинденската генерација цела со интелигенцијата во дружба, под негово влијание, македонското национално движење, револуцијата, ја поттикнува, создава, при вршење на својата учителска служба.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сарџент грижата за Грција ја сметал за британски долг, посебно во ситуацијата во која се наоѓала Грција ја сметал за британски долг, посебно во ситуацијата во која се наоѓала Грција која поради несредената состојба во земјата не можела да застане во одбрана на своите внатрешни интереси како што тоа би го направила во „нормални услови“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мајка мораше да ги следи промените на Татковото здравје, но и да ја води големата битка околу воспитувањето на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не се смеев јас. Сенката (гревот) се кикотеше. Слушај, ноќе носам на својот колан нож со седефена дршка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можеше да го смири треперењето на своето тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го гледа зарчето како отскокнува од јадрата црвена рака, се превртува во воздухот и за миг ја остава трагата на својата белина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да, таа ѝ се спротивставуваше на балканската историја, носена од некакво инстинктивно чувство за одржувањето на животот на семејството, на своите чеда во прв ред, а Татко се обидуваше да ја разбере, да ја толкува балканската историја, да ја спитомува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што гледате, сѐ си е на своето место.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сега ние не можеме повеќе да гледаме на себе и на својот народ како на еден недорастен народ без политички опит.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега синот, со дулбијата, допираше подалеку од видното поле на својот татко. Како да прекршуваше некаков завет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој се тргна исплашено, се исправи дополу на своето сламано легало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мајка во Солун стигнала со првата роса на својот живот, во прегратката на својата вујна, Италијанката Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оставајќи зад себе трага од румени капки, таа се враќаше во јамата, да ја претвори лулката, своја и на својот пород, во гроб на еден крвав бес и на една страшна тајна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По добивањето на „откупот“, Коста и Тодор биле “ослободени“, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од „откупот“ не можело да се почне ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога артилерците ги свртеа цевките на своите топови кон противникот, останаа зачудени: во секоја цевка - маслинова гранка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Можеше само да остане на својот прозорец и да очекува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Старецот како да заборави на својата предрасуда против испивањето еден литар пиво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Препуштено на своите самостојни мечтателни игри.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За нив, налик на инонокластите од десетиот век кои на Исток станале познати по тоа што не верувале дека божествената Вистина може да се инкарнира во слика, ниту една изложба на Бојс повеќе не може вистински да задоволи, бидејќи уметникот не е присутен за да ја раководи инсталацијата на своите предмети. 82 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Попот, бидејќи секој ден имаше работа со господ и знаеше колку е голем овој, се најде поласкан од Јована што го спореди со него и реши да му помогне на својот стар пријател, Иако за овие три години се „посрби“, за која постапка и го намрази.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И листот на кој му недостасуваше твојата јунаштина Мртов им го враќаше на своите корени Гладна за едно колено Двојно што ќе те надвиши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тие двете не беа родени ороспии, ама ги поплати сиромаштијата, домаќинот ги остави и отиде да војува, ама бидејќи ја изгуби војната, од срам што немаше што да јаде, се обеси во канцеларијата на својата патриотска политичка партија, така што на овие двете не им остана ништо друго освен да се најдат на улица каде што им беше фрлен и домаќинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Застанат така, речиси неподвижен, покриен со смрзнат снег по телото и по лицето, наоблечен и наоружан, потпрен со раширени раце на вратата, беше како некој столетен даб, што мрачен и инаетлив ѝ се истопорил на зимата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Светлана, веста за нечесноста на својата ќерка директно ја слушна по телефон, од устата на Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И морето кое од далеку ја исмејува лековерноста На Тројанците кои во оган или со копје в гради Ќе го дочекаат првото утро на својот пораз).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога двајца или тројца му се вратија на огнот, разбрав што се случило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едо Бранов од Битола Битола веќе не беше Битола што авторот ја знаеше од времето на своите ученички денови кога тој живееше во Чифте-фурне каде што младоста му ја користеше една средовечна госпоѓа што не поднесуваше да спие во ист кревет со својот сопруг и кога градот имаше само нешто повеќе од триесет илјади жители.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И кога еден ден Татко започна во својата библиотека - судбина да става книги на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин помеѓу Библијата, Куранот, Талмудот и другите свети книги, Мајка ја обзеде силен страв што не го покажуваше надворешно, немоќна да ги протолкува чудните постапки на својот сопруг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Прости.“ Чекорев зад неа. „Не сакав да те навредам. А ако пречам во куќата, ќе си одам. Можам да спијам и на својата кола.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проклет е, не ќе им простеше ни на своите ако ги немаше.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми ја остави како несвесно наследство својата потрага. Пожолтениот ракопис на својата недовршена балканска потрага.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прочитан си! Сѐ е сведено на својата вистинска мерка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Какво топло време денес.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А таа тешка задача ќе се постигне само ако Македонецот од Северна Македонија му подаде рака на својот брат од Јужна Македонија и оној од Западна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не беше лесно за стариот да се реши, зашто досега никогаш тој не прибрал туѓи луѓе во своја куќа, или подобро речено на своја територија, бидејќи ова катче заградено со поцрнети штици, негдегоде накривени и проретчени, го чувствуваше како некоја своја посебна држава, за суверенитетот на која постојано трепетеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
XXII. Негде пред зора, токму на добата, за која синојка помисли дека треба да биде скорнат, Змејко веќе стоеше на својот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го мери, ја прислушува работата на своето срце.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Терапевтите можат да се спротивстават на идејата дека тие се експерти со постојано поттикнување на индивидуите да ги проценуваат реалните ефекти на терапијата во нивните животи и односи, и самите да определат до кој степен овие ефекти се пожелни ефекти а до кој степен тоа не се.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, да имаше и шестпати по шестотини, пак ќе го имаше тој пргав, лесно запалив карактер, си помисли, и одеднаш си се насмевна самиот на својата лутина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја сфаќаше бесцелноста на своето доаѓање но не можеше да премолчи: „Го убија но и нас не убиваа. Нас и многу повеќе. Од четворицата во таа ноќ се извлеков само јас. Ранет.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Посува и поковчеста отколку што ја знаеше потсетуваше на стара и строга мома од литературата на деветнаесеттиот век и беше вистинско чудо зошто не креска кога говори туку има мек и по малку тажен глас натопен со збунетост. „Вистина е“, му рече. „Јован е на лекување.“ Отец Симеон се наведна гмечејќи ја допушената цигара со врвот на својот чевол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И покрај сета релативност на својата целовитост или единственост само животот и настаните во светот што го сочинуваат ја дава моќта на означувањето, правејќи од настаните нешто повеќе од факти што инертно постојат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа знаеше дека тој ја следи, веруваше авторот, но претпочиташе да ја задржи слободата да му даде замав на говорот на своето тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не повеќе, рече Лу, сега ја следи книгата за бела магија, која зборува како да ја реконструираш структурата на своите ќелии - се занимаваш со своите ќелии и пиеш, да речеме, јогурт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Белиот му избрал место на својот крал. - Шах, - вели мајсторот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со второто име сум станал ова што сум - и Дмитар и Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Постоја еден миг гледајќи во него, а потоа посегна во патентот на својата униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко, во еден период, следејќи ги имагинарните кодови на својата библиотека, низ променетиот распоред на книгите, особено низ метафоричното патување на јагулите, од Езерото, преку реката, до Океанот, до далечните брегови на Америка и обратно, замислуваше среќно патување за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Патрокле се намести добро на веленцето што го влечкаше со себе и одново се предаде на своето брборење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто уметникот се согласил на овој сојуз, кој ги изненадил дури и неговите најблиски пријатели, кога неговиот презир кон бракот бил добро познат?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прскав и самиот и чекав мојата распаднатост да ја најдат човекодуши магесници со голи и бели грбови и да ме состават, стани, да ми шепнат, на свои раменици можеш да ги пренесеш запрегите до Лесново и од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се вратија сите на своите места. Мајка ми го собираше негибнатото јадење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Духот му стануваше поактивен. Ќе седнеше на креветот од штици, потпрен со грбот на ѕидот и со табличката на колениците и свесно почнуваше да работи на обновување на своето образование.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа се сретна со Комисијата, и им ја кажа целта на своето доаѓање; им кажа дека е испратен од Владата за да ги пренесе нејзините ставови со кои се инсистира Комисијата во својата работа да ги има предвид историските, националните, етничките, културните, верските и јазичните карактеристики на Подрачјето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги стегаше дланките на своите ангели, впивајќи ги ликовите во својата потсвест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денес речиси сѐ си е на своето место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во сето тоа јачење го разбра само името на своето дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште пет минути!... Од дома... од дуќанот... од омнибусот, од таванчето... колку да се измоча... за да се нацрта уште побрзо во „Генитрон”... да се струполи тука, распуштен пред канцеларијата на де Перер...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Често замислен шетав крај морето и покрај урнатините на Картагина. Во далечниот хоризонт се наѕираа контурите на палатата. Во неа суверенот ги минуваше последните години на своето владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ти ли си? - пак праша затвореникот, како да не им веруваше на своите очи. - Да, јас сум.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Длабоко во ноќта го очекуваше пискотот на локомотивата на својот Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе им кажеме само на своите, на истомислените, истообоените.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој погледна на својот рачен часовник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Како да е ќе го најдеме, ако не во Градешница — во Старавина; ако не Полчишта — Бешишта — им рече тој на своите чауши, башчауши и онбашии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Махинално погледнав кон левата рака – по кожата на подлактицата се сјаеја влакната навлажени од пот, но „Nevada“-та не беше на своето место. Зошто?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бидејќи јазикот не служи само за изразување на сопствените мисли, туку и, суштински, за нивно соопштување на друг, би можеле да се запрашаме како „првобитниот Египјанец“ ги пренесувал мислите на својот ближен “на која страна од двојниот поим секојпат мислел”?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чекореа подвиткани и молчејќи, одвоени еден од друг и секој на своја врвица, најсув и најосамен од сите Борис Калпак, со долгоклуната Абердарка во рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сеќаваше на движењето на својата рака додека со молив ги потцртуваше редовите во книгите што ги читаше и на својата желба да потцрта за да не заборави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од една страна, несомнено е дека некои лица, врз основа на своите интереси и/или идеолошки позиции, стојат на мислењето дека работниците се доволно заштитени, па дури и дека сѐ уште имаат премногу права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како и сите вистински класици, без оглед на своите најдлабоки познавања тој не е интелектуален, туку формален; неговиот поглед на свет е секундарен во однос кон геометријата на фигурите и кон нивната местоположба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите луѓе им се радуваа како на свои рожби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секако, на сите им беше објаснето дека го нурнуваат трупот по 60 години лежење; сам по себе, младичот Уљанов имаше чисти пориви и секако, беше достоен за во музеј.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа последна година, кога конечно прифати дека започнал да живее во воено време, во време на војна, тој ја согледа и ограниченоста на својата човечка природа и на она во неа што се нарекува разумно расудување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А пред сѐ изгледа и од корисноста на својот храбар зафат, на есента да ѝ подари доволно жолтило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Биди господар на игра своја, господар на свои чувства и дејанија, кој на крајот од патот во животот свој нема да се запраша дали господар бил, туку со сигурност ќе знае, дека не потпаднал под туѓи влијанија.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Човекот избезумено почна да се загледува во лицата на другите затвореници, како да се надева дека ќе може да подметне некоја друга жртва на свое место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со опстојувањето на знаците без фонетско значење во редоследот на алфабетот, системот на бројни вредности ја игра улогата на фактор за зачувување, кој се спротиставува на секаква промена на наследениот редослед на графемите во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Речиси при секој збор внимавав на своите гестови; дури и на насмевката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Во тие денови било обичај жените на ѕидарите да им го однесат ручекот на своите сопрузи на работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако заплачеш за нас заплачи, ако се молиш за нас помоли се, ако простуваш прости ни на двајцата, ако сонуваш сонувај не заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кај си можел дотогаш со свои зборови да мислиш, на своето потекло да се сетиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред залезот на својот живот, во 1937 година, таа ќе појде кон Измир и Цариград, по трагите на своите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ослепен, крвав, без една рака или нога, го наденале на кол под скопскиот мост да го слуша плачот на Вардар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старецот стоеше на своите јаки нозе и се потпираше на тешка ластегарка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Европејците досега си имаат направено неправилен заклучок за народноста на Македонците и ете зошто последниве, коишто ги носат на свој грб сите тешкотии и несреќи од сегашното востание, ќе имаат најмалку полза од решението на конференцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен прв­пат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козлето одеше по својот пат, од далечина ја гледаше куќата на Сеген, нејзиниот довчерашен затвор. Беше во зенитот на својата среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Старите антички и средновековните армии беа без кохезивно единство, се исцрпуваа со осаменичките и очајнички подвизи на ритерите, со нивната дружина, па затоа беа лесно совладувани од организираната Османска Империја, која благодарение на своите јаничарски ешалони траеше повеќе од пет века.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да ги беше потрошила сите атоми на својата сила.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка му беше перачка и татко му една година му се порадува на своето единче и се изгуби отаде океан барајќи среќа и леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Срнчето не сакаше да се обѕрне ни на неговото сено, ни на неговиот леб, тоа не сакаше да ја погледне ни солта, што тој по малку пак долго се мачеше да му ја подаде на својата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите луѓе мислеа дека своето знаење можел да го „посребри“ – така велеше претходната генерација, но тој не го посребри, наместо тоа ги посребри нервите на своите роднини.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За мене е поважно прашањето за нашата национално религиозна и економска преродба; а тоа може да стане само со изучувањето на својот народ, прво како одделна единка, после во врска со другите Македонски и балкански народи и најпосле како член на словенската фамилија народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа тој одеднаш пак стана строг и им нареди на своите морнари да се повлечат во кабините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Спорот настанува кога новопоставениот директор на Центарот – по доаѓањето на својата функција, а сакајќи да си задоволи некои лични хирови – почнува селективно да ги укинува патните трошоци на неколкумина вработени, меѓу кои и Р.М.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И макар понешто од тоа им остави на своите деца. За тоа му благодариме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И секогаш чувствуваше дека е таков кога ќе се сетеше на своето дете, на неговата густа црвена коса по која со копнеж трепереа неговите дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако не му се бендисува на некого нека не се придржува, но и последиците ќе бидат негови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ме погледа сомничаво, горд на своето право. Маргина 36 55
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ги остави своите непрокопсани кукли да фантазираат, а тој се упати кон штабот на својата партија на улица Бошњачка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Потоа доаѓала на своја грбава маска чумата и со чурлавата на здивот ги задушувала луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Генсекот кој како да не им веруваше на своите уши, сакаше пораката да ја провери со своите очи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седна на своето место. Мајка му ја постави диеталната вечера, месо со бамји и таратур.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не се враќаат веднаш на своите сламеници и рогозини во бараките и во коњушниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од последното, најмалото парче црно копно, дирата беше излезена и скршнуваше нагоре, губејќи ја со секој чекор својата црнина, а уште погоре таа се закопуваше во неколкуте купишта смреки, што беа покриени со снегот, но на повеќе места ги подаваа зелените вршкови на своите гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шифрантот Петар Иваз беше на своето место. Сега бев јас на потег.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ликвидаторите се должни да ги довршат зделките што се во тек, да ги наплатат 241 побарувањата на друштвото, да го упаричат другиот имот и да ги намират обврските спрема доверителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека ороспиите се со освојувачки страсти, сакаат да владеат со просторот и времето што им се нуди на располагање, робовите тоа им го препуштаат на своите стопани, а нивните желби завршуваат со релизирањето на задачите што треба животот на господарите да им го направи удобен и забавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вие мажите сакате да мислите на своите жени како на асексуални суштества надвор од својот кревет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таа беше бесполезна, па и опасна, не само за тие што се критикуваат, ами најпосле за тие што критикуваат: Комитетот беше сесилен; тој ги имаше во своите раце животот и смртта на сите граѓани и не примаше никаква критика на своите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Десно од нив, не многу далеку од сонцето, се протегаше бела дамка на облак. Личеше на неподвижен гривест белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во еден момент за време на предавањето, кога погледот на предавачот застана на девојката со израз на препознавање, таа ја отвори бундата под која беше гола разголена. 19.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Туѓата жена е жена само на домаќинот, туѓите сестри се и наши сестри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ќе мисли само на својата удобност, нарушувајќи ја удобноста на другите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Камилски беше тогаш херој на своето време, кој на својот дел од Балканот не заврши како што заслужуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седиштето на Врховниот суд е во Скопје (чл. 26, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите ги земаа со себе клучевите на своите куќи, во кои, беа сигурни, никогаш нема да се вратат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стана почувствителен за работите околу себе. Го навредуваа некои предмети кои порано не ги ни забележуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И Камилски и Татко се бореа, секој на свој начин, во нивната необична мисија како да се скроти и конечно да се победи зборот од којшто луѓето сакаа конечно да се ослободат или да го скротат, конечно да го победат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа берберница, со изгниено душеме под кое наместа се гледа песокот, со испукан таван откај што се подаваат трските од лепенката, претставува една преживелица од старото време, заедно со овие неколку души што се збираат тука како бродоломци, потсетувајќи се на начинот на својата младост и трудејќи се да го подржуваат колку што можат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
XXX Има едно вовче од детството кое не стигнало на својата последна станица, вовче што не престанува да се префрлува од сон во сон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но што и да разговараа, за што и да се сеќаваа овие дедовци, не можеа да излезат од границите на својата планина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Девојката што беше крај неа ја сметаше како едно од своите растенија, и се чувствуваше мизерно и фрустрирано, зашто нејзе не можеше да ѝ помогне како што можеше да им помогне на своите растенија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зјапаше во своето напнато лице, во стеснетите очи, во огледалото го гледаше тлеењето на своето битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кој да помисли да крене нож на своите кози, на себе...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се насмевна мислејќи на својата крв: „Непознати цветови? Можеби си се излажала, Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго гледаа по неа, секој со мислите на својот дом и своите деца, на нивните радости што ќе им ги однесе првата Ластовица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бездруго, мој пријателе, анонимниот Балканец Фаик Коница, односно Европеецот Транк Спироберг, имал и други приврзаници на своите идеи покрај, се разбира, Гијом Аполинер и Реми де Гурмон? запраша Камилски, веќе внесен во проблематиката, но без да насети каде цели Татко со историјата на оваа полемика во едно далечно и друго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Газда Таки седеше и пишуваше на својата работна маса од масивно лакирано дабово дрво на која имаше многу хартии, мастила и пера за пишување.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од моментот кога ја спозна зрелоста на своето тело мечтаеше за овој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Мене ме доведе кај тебе важно дело, дарагој Семјон“, вели тој и веќе се гледа дека однапред му се радува на учинокот на својот вовед.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значи, ветериштата се тие што го носат островчето завиено во сивиот кожурец на своите магли.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
— Зошто толку се плашите од него? Неоти тој не е од месо и коски?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Томо беше воодушевен. Сѐ беше на своето место со германска прецизност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И тој како и Татко за албанскиот јазик, полиглот на источните јазици, владеејќи го одлично османскотурскиот, новотурскиот, арапскиот, потоа францускиот, италијанскиот, делумно германскиот, беа загрижени за иднината на своите јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога заради околностите таа идеја не била реализирана, Христов од сѐ срце и со моќта на своето перо работел на ширењето на идејата за создавање на македонска република во југословенската држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А. А. излегува од својата „флегма”, збунет од наводите на својот собеседник, за кого „револуционерниот месијанизам” претставува изродена норма на една филозофија на која ѝ изминало времето
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако потоа живееше во Бугарија и беше на бугарска служба, Баласчев не еднаш го креваше гласот во полза на својата поробена и подоцна раздробена татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму во градината, кога времето го дозволуваше тоа, или пак, кога студеше, во куќата, Фридрих Рихтер нѐ учеше како точката се развива во движење и линија, како линијата се шири во површина, како површината се претвора во простор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тука, во оваа ливада, Србите имаа подигнато, од бел мермер, спомен костурница во слава на своите војници паднати во бојот на Алинци со Турците во 1912 година.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Спиралниот звук на сирената продираше во ушните школки, копаше, начнуваше сѐ на својот пат, се таложеше во луѓето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Држејќи ја Рада за рака двајцата излегоа во ладната декемвриска ноќ, а штрокавата, која веќе беше зашеметена од моќта на алкохолот, тетеравејќи се, се врати на своето место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По напорниот џогинг, ѝ се враќаше дома на својата вечера.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Карма се активностите кои тој ги прави во текот на своето живеење, за кои добива награди или казни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Моето правило на играта беше крајно едноставно, беше убаво, глупаво и тиранско: ако некоја жена би ми се допаднала, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене крај прозорецот, ако нејзиниот одбледок на прозорецот го вкрстува погледот со мојот одблесок на прозорецот, ако мојата насмевка во прозорскиот одблесок го вознемирува или му причинува задоволство или му станува одбојна на оној женски одблесок врз прозорецот, ако Маргарита ме види како ѝ се насмевнувам на Ана а Ана ја наведнува главата за внимателно да може да го испита затворачот на својата црвена чанта, тогаш имаше игра и тогаш беше потполно сеедно дали насмевката ќе биде уважена или возвратена или занемарена, првиот став на обредот и не оди подалеку од тоа, од насмевката што ја лови оној што и ја заслужил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Писателот во овој роман за македонската легенда, го проследува детството и младоста, школувањето и вклучувањето во организираната борба на македонскиот народ за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи, за создавање на своја сопствена држава, сѐ до трагичната погибија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ми се враќа некогашната треска, тешко ми е, најтешко од сѐ да раскажувам за овој настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И затоа му порачуваше на својот син да истрае крај границата, да не ја минува сѐ додека таа не ја загуби моќта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како резултат на тоа ноќта на 6 јуни два авиона биле успешни во извршувањето на својата мисија, по неуспехот на четирите претходната ноќ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Чистата војна не е ниту војна ниту мир“, вели Вирилио, „ниту пак е, како што често се верува, ‘апсолутна’ или ‘тотална’ војна, туку само војна процедура која нè инфицира со својата ординарна трајност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Снимателот беше, впрочем, предвоен фотограф, кој излегол во партизани последните месеци колку да им ги направи на новите раководители првите ретуширани портрети, па како таков, то ест како уметнички фотограф, стана и филмски снимател во новооснованото филмаџиско претпријатие, но иако дополу задоволен криеше уште амбиции, што допрва имаше да ги видат оние што беа доделени да ги сетат на свој грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Иван избегнува да го задржи погледот врз вжолтените лица на своите другари.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прекинатото чувство на „изгубен Германец“ (изрека останата од времето кога еден источен македонски град, опкружен со планини, германските војници го нарекле „крајот на светот“) бараше да излезам од рамките на својата еднонеделна потрага по одговорот на големата сложувалка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ако веќе ништо не можам да сторам за татковината, си мислев, барем ќе го зачувам правото на својата слобода, ќе ú го обезбедам правото на својата литература да не служи на никого и на ништо, освен на самата себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Венезилос ќе рече: „Словеномакедонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари“ (фала богу, фала богу) и се прави Абецедарот, лепата чупа п'лни вода, но под притисок на владите од Софија и Белград, се уништува, а Венезилос пак ќе рече: „Ако Словеномакедонците бараат училишта на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложи за нивно остварување“, но пругоре вода не се навраќа, оти и врвот се плаши од потоп,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кадијата ги испрати малите идни јаничари во Истанбул и се отстрами од својот голем покровител Сулејмана, a Мариовците за првпат ја сетија грубата турска сила на својот грб и се затворија во својата непристапна дива област, решени да немаат никакви врски со лошите прилепски Турци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со тивка, ненаметлива упорност, во залезните години на животот, сакаше да нѐ доближи до својата некогашна одисеја и големите тајни на животот, но тоа го чинеше со многу такт за да не влијае на однесувањето и постапките на своите блиски, потомците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Хичкок во текот на својата работа во Америка помина низ многу фази, постојано барајќи нови можности на изразување, одговарајќи на новите предизвици и продлабочувајќи го своето сфаќање за светот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пелагија климнува и црпнувајќи ја Пеличка силно ја стиснува на своите гради и не чувствувајќи ја нејзината тежина тргнува пред Перса правејќи ѝ пат до широкиот двор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И кога ја дотераа и неа сејмените од црквата на сретсело пред кадијата, овој ја виде, таа го заслепе со својата убавина, та му нареди на својот буљукбашија Суљо-ага да ја однесе жива на конакот во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Оние идиоти сега ќе им јават на своите колеги да бараат дама и кавалер во балски тоалети.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби може да се рече и дека осамата му годеше со оглед на потребата колку што може повеќе да биде во друштво на своите мисли коишто уште му овозможуваа една значителна продуктивност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поезијата по природата на својата основна функција – има амбиции да го преобразува и времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но поетот со нова метафора го решава проблемот на човековата судбина: Биди ѕвезда на својот живот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време на својот две и полгодишен престој во Германија, докторирал на Универзитетот во Бон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ова беше еден нов вид дарежливост во неговото искуство, едно губење на своето себе што значеше себедополнување, давање за да ти се врати, ако повеќе си дал, повеќе си добил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секогаш, пред 8 Март и вие, добри мои, размислувате што да ѝ подарите на својата драга мајка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жената молчи и во длабините на очите дупки светкаа во празнината на своето тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој стоеше достинствено исправен, со широко издадена рака, потпрен на својот свечен пастирски стап.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Денес, чупи, нема да зборвам - продолжи Вера на својот костурски говор - за борбата шо ја воде наште братја против англоамериканцкио империјализам и нимнио домашен, атински лакеј.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така беше. Накиснатите нозе ми беа врели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(...) Со самата одлука на мажот да му го послужи зготвеното тело на својот Љубовник и со завршниот истрел кој го запечатува неговиот прв залак, таа ја употполнува осудата и ропството над своето и над туѓите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како да е надгробен споменик на своето минато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Така му излегува, - промрморе и се помести да ѝ направи место, но Кате се врати на својот кревет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тој го прими тоа тивко дишење како една шеговите залога на својот преплашен гостин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смешно фрлајќи ги нозете во скинати калоши натака-навака минуваше покрај дуќаните и на свој начин тргуваше покажувајќи ги гипсените фигури: - Народе, една златна помпадур - две чашки ракија, Толстој, гроф и писател, и неговото величество Александар Први - три чашки...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакаше, по секоја цена, служејќи се со другите историски личности, да ја впише својата во вечната меморија на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ослободен од секакви старателства, човекот отсега имаше да му полага сметка само на својот разум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Последен станува Фезлиев и се упатува на своето место.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јасер Арафат ќе мине низ вистинско чистилиште на својот пат кон Палестина, преполн со жртви, страдања, кој ќе води преку многу Сабри и Шатили, за на крајот да стигне до северноевропскиот град Осло, блиску до можниот мир но далеку од суштинското враќање во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така Миклош се најде во Скопје, се најде и тука остана, чекајќи на својата задача.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Уште еден ден си отиде, рече Роден Мегленоски и уште еднаш погледна во гробот на својата мајка, Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
РАСКИНЕ - „Ти раскинувам!“, му рекла госпожа Сара на господин Рацин, додека овој мирно си читал некоја драма од Расин. „Раскол, значи?“, рекол Рацин, џиткајќи го Расин. „Расклатена сум...“, рекла емотивната Сара. „Раскомоти се, Сара, дојди да те раскопчам!“, рекол Рацин. „Срцето ми е раскрвавено...“, рекла Сара. „Раскрсти, драга моја, со оваа расквасеност и раскрили ги портите на својата раскош! “, рекол поетски Рацин. Така Рацин успеал да ја расколеба Сара.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Ќе ти се јавам“, рече таа. „Важи“, реков и ѝ ја упатив својата најширока насмевка. „И јас тебе ќе ти се јавам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Дајте ми го, да видам! Запрете со зборов, гледајте си на својот грев!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пишувал сатирични раскази и повести за пороците, за страстите и недостатоците на своите современици, како и за историските личности.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По одбиениот пешадиски напад, почнаа да ги поправаат рововите и бункерите, собираа делови од тела на своите соборци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо а да не го чуеш нивното милување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
По третата или по четвртата песна Даниел ѝ шепна на својата невеста, „Сакаш ли малку да излеземе надвор на свеж воздух.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Антиохија, не можејќи веќе да издржи, му се развика дека човек не треба да се придржува кон Мојсеевиот закон или да биде обрежан како Евреин за да се помири со Бога, туку дека може да се спаси само преку спознавање на својата грешна природа и верата во Христа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега на свој ред се плаши за нешто што му го приклештува срцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беше традицијата на Диркем, Вебер и Зимел кои токму настојуваа да ја разберат положбата на луѓето фрлени во урбаното друштво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Помислив како трговецот им се потсмеваше на надмените христијански господари на кои, трошејќи ја умешноста на облекување, чешлање и правење заговори на хиподромот меѓу две трки, не им паѓаше на ум барем да се потсетат на својот народ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа му беше единствено, што можеше да го прави, вака залебден и вивнат во плавните далги на своето будење, и тој го правеше тоа: само од себе и само се шегуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ме прогонеа по полутемните улици. Бегав под реката стража на замрежените светилки и не мислев на својот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
131. Други историчари, особено лингвисти /јазикознајци/ тврдат оти сите јужни Словени во времето на своето преселување на Балканскиот Полуостров зборувале на разни дијалекти /наречја/ од еден јазик и сите се викале со едно општо име: Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој бил посник, светец. Тој, не дедовците на некој друг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум некој со those little guys над буквите на своето презиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За тоа време тој беше казнуван неколкупати.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Шарениот палјачо седеше во аголот на собата и гледаше во празнината на својата нога.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Црепните почнуваа да ги газат, на Руса Среда, 14 април стар стил, но тоа беше само отварање на црепнарската сезона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓутоа, кога кружокот решил да мине во конкретни подготовки за исполнување на своите планови, ситуација се изменила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ме болеше грлото и ме болеа ушите - ќе умре Лозан Перуника, како да ми шепотеше некој невидлив пакосник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие Македонци и им дадоа израз на своите убедувања за македонското прашање со издавањето на весникот „Балкански гласник” во Белград во 1902 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И како-така, за да се одмаздат на своите непријатели - Турците, востаниците повеќе пати ги насочија своите атентати против Европејците...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најзабележителни за околината се оние кои се горди на своите носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа, а за полесно движење на своите војски, Наполеон наредил, секоја улица во Келн да се обележи со број.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На своите смолари, на нивните песни, сеедно - треба...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
3 „ИНВЕСТИЦИИ: Од каде доаѓаат, колку пари прават, што е ќарот на Македонија?“, достапно онлајн на http://faktor.mk/2015/10/20/investitsii-od-kade-doagaat-kolku-pari-pravat-shto-e-karot-na-makedonija/. 8 невработеност и уште поголемата понуда на работна сила на пазарот на трудот што го става работникот во инфериорна положба и од него прави послушен субјект кој најчесто премолчно ги прифаќа кршењата на своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но гневот сѐ уште остана во неа, па со удари им се противстави на болничарките кои безуспешно се обидуваа да ја совладаат, сѐ додека не ја виде Херкулина како со прекстени раце ја мерка оддалеку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
XXIV. На своето волчо небо ноќта сега го доби и својот волчи месец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доаѓал ноќе и ги кршел чиниите или ги тркалал тепсиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пламенот, корен е на својата сенка зад себе, и згрбавен е, таинствено намален и безобличен, додека не истинува од земјата како што и таа не се топли под него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најстариот брат се вратил дома цврсто решен ништо да не ѝ кажува на својата караконџола, чии милувања веќе не можел да ги поднесе и чија распупена убавина веќе не ја ценел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ликвидаторите, во рамките на својот делокруг, ги имаат правата и должностите на органот на управување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Ми се чини дека сешто се случува во времето на соништата “констатирала Мис Стон мислејќи веројатно на својата судбина но и на положбата во која тие се наоѓаат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со други зборови, токму во добата на овој вечен транзициски мит, бесрамно и немилосрдно се руинирани многу човечки судбини од некогашната „средна класа“, која живее од продажбата на својот труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Султанот Бајазит II ќе ги отвори широко вратите на својата земја за прогонетите шпански Евреи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Арно ама, кротката и молчалива млада жена не го ни прашала од каде толкава тага, зашто не сакала да го принудува да ѝ се исповеда, ниту пак ѝ требало да знае што мака го мачи за да го теши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тој успеваше да се додржи на својот провев благодарејќи само на својата дигната пушка, за која продолжуваше да се додржува како за некоја сѐ уште цврста гранка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При презентирањето на својот обемен труд професорот покрај воведот (за кој веќе стануваше збор) го изостави и завршниот дел во кој покренува одредени сомненија па дури и некои неразумни барања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
118. Според Правилата на Дружината „Вардар” од 15.3.1894 год., целта на Дружината била: а) да работи врз испитувањето и запознавањето на својата татковина во земјописен, народностен и историски поглед; б) членовите на Дружината заемно да се помагаат, како во воспитен и морален, исто така и во материјален поглед; в) да работи врз сестраната подготовка на своите членови за да можат што подобро да му послужат на својот народ во државата на Неговото Величество Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Добија сила и кураж за одбрана. Везирот седна на својот стол и го повика поп Димитрија, најстариот меѓу сужните – Васила, Петка и Анѓа пред него да му ја кажат историјата за нивното праќање дури во Истанбул.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Орце „беше роден за водач, имаше еластично-заповеден дух“ и бил извонредно строг кон најмалите отклонувања или грешки на своите другари, дури кога тие биле направени несвесно или случајно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Застана пред портата на својот истоименик и забележа дека Едо не го ставил резето на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се чу само: послуга на своја места! Скидај капе са цеви! Лево - 2 5 0 . Како?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се надоврзуваат простори со различни димензии, во некои се среќава осамена творба (како Olivestones), како и широки простори кои слободно „дишат“, инсталации кои меѓусебно се допираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На своите сличуги тие сновеа фина, грациозна бале – игра.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, еве ја Таа, изнуркува од белината на својот посед, и бледа, како природата што ја опкружува, преминува во нешто помоќно и позагадочно од своето обично траење...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од непопустливиот став на Алзашаните тој заклучил дека никој не може да биде затворен во принудните меѓи на својата припадност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нема нервози, нема караници, нема кој да ми влегува без дозвола во собата, сѐ ќе ми биде на свое место, нема кој да ги зафркава моите другарки кои понекогаш мака мачат со шегите на брат ми, а понекоја од нив дури се срами да доаѓа кај мене дома зашто е тој „од големите”, а ние сме „од малите”...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Овој начин на регулирање на ефектот на вработените остава значителен простор за притисок врз нив и создавање на атмосфера во која тие би биле принудени да се потчинуваат на волјата на своите надредени и би била доведена во прашање професионалноста, непристрасноста и објективноста, кои пак се гарантирани со чл. 9 од овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Му пишувал на својот пријател дека власта што се освојува никогаш доброволно не се напушта, по било која цена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сета љубов, која ја имаше во длабината на својата душа и која цел живот им ја подари на своите чеда, кои беа заминати на разни патишта и постови во животот, а јас на најдалечните, ја вложуваше во своите цвеќиња на Балканот. Сакав да го надминам значењето на моите зборови, упатени до мојата мајка, на другиот брег на Медитеранот, да го напишам најубавото писмо што еден син го напишал на една мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И секогаш, како за инает, нешто ќе му се залепеше на мундирот: или парченце сено, или некакво конче; згора на тоа, тој поседуваше особена дарба – кога оди по улица, да стигне под некој прозорец токму во мигот кога низ него се исфрлаат најразлични гадотии, и поради тоа на својата шапка секогаш ќе понесеше корки од лубеница и диња и слични глупости.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Месади немаше директен одговор, но сепак рече: - Не знам точно кој е, ама ја изнесе програмата на својата Демократска партија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својот јазик несвесно употребувала и некои албански зборови, не можела да го издржи потсмевот на своите напудрени сестри, облечени во долги фустани ала франга, и скршена се вратила во градот крај Езерото, да го дочека крајот на својот живот со новото семејство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фоте беше таков човек - не веруваше во соништа, па ни на своите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од „ридот“ на својата втора санка Дедо Мраз извади вреќуле, а од вреќулето неколку големи чоколади опашани со свилена панделка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И со овој настап владиката го плени Греманецот кој падна под споменатите зборови на митрополитот изговорени на совршен германски. „Убаво сте се сместиле тука”, му рече Хрисостом на есесовецот, во исказ во кој војникот не ја препозна суптиланата иронија на владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го побара на својот колан ножот со кадифена дршка но не стана да го издупчи платното од кое стрелаа очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Исто така, британската воена мисија имала задача да известува за воената ситуација во оние области кои ги држеле партизаните и преку радиоврски да ги соопшува Титовите гледишта.33 Активностите на првите британски мисии во Југославија требало да се одвиваат во рамките на т.н. еквидистанца и по „двоен колосек“ - помагање на четничкото движење и на НОВ и ПОЈ, а со единствена цел осигурување на своите интереси во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Некои од козарите видоа солзи и во очите на своите кози или само така им се чинеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Инсталацијата беше лесно изведена бидејќи во Друштвото „Осамени срца“ членуваа и угледни луѓе од различни професии кои, како што самите велеа, „ги поврзува долгогодишно човечко и деловно пријателство“, а тоа за службите отвораше неограничени можности за реализирање на својата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Работев цело утро“, рече таа, ставајќи ги рацете на своите вити слабини, „а ти не сакаш да помогнеш? Грми, значи, ќе врне.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Токму затоа, запознавањето со судската пракса, односно со прецедентното право за работните спорови, е важен и поучен сегмент во борбата на работниците за остварување и заштита на своите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Татко беше, на свој начин, и среќен и загрижен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од некој агол на своето сеќавање тој беше извлекол уште неколку стихови од заборавени песнички.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стоеше пред вратите на Вавилон, пред кулата на љубовта, онаа која Набуходоносор ја беше изградил на својата сакана Самирамида.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште невлезен, Ружа веќе ликуваше на својот триумф.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КД = Командитно друштво КДА = Командитно друштво со акции КЗ = Кривичен законик на РМ (Сл. весник на РМ – 37/1996 и 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09) КП = Казнено-поправни КПУ = Казнено поправна установа КПУЗ = Казненопоправна установа – затвор КСОМ = Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија 315 МВР = Министерство за внатрешни работи МГУ = Московски Государствен [државен] Универзитет МЖ = Македонски железници МЗТ = Металски завод „Тито“ МК = Меѓуресорска комисија МКД = денари ММФ = Меѓународен монетарен фонд МО = Министерство за одбрана на РМ МП = Министерство за правда МТСП = Министерство за труд и социјална политика МЦ = Медицински центар НБРМ = Народна банка на Република Македонија НВО = Невладина организација НКД = Национална класификација на дејностите НССПЖМ = Независен синдикат на сообраќајниот персонал на железничарите на Македонија НУ = Национална установа ОЈО = Основно јавно обвинителство ОКДЈС = Општ колективен договор за јавниот сектор на РМ (Сл. весник на РМ – 10/2008) ОКДС =Општ колективен договор за стопанството на РМ (10. VII.2009) ОП = Општествено претпријатие ОС = Основен суд ПЕ = Подрачна единица ПИО = Пензиско-инвалидско осигурување ПЗУ = Приватна здравствена установа 316 ПС = Полициска станица ПТ = Пречистен текст [на закон] РЕ = Работна единица РЕК = Рударско-енергентски комбинат РМ = Република Македонија RLF = Rosa Luxemburg Foundation (Фондација „Роза Луксем- бург“ – Берлин, Германија) СИЕР = Синдикат на индустрија, енергетика и рударство СОНК = Самостоен синдикат за образование, наука и култура на РМ СРМ = Социјалистичка Република Македонија ССМ = Сојуз на синдикатите на Македонија ССП = Средна стручна подготовка СТД = Самостоен трговски дуќан СФРЈ = Социјалистичка Федеративна Република Југославија ТД = Трговско друштво ТП = Трговско претпријатие Трег. = Трговски регистар УБК = Управа за безбедност и контраразузнавање УИС = Управа за извршување санкции
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тој презриво замижа. Под спуштените клепки ги гледаше само врвовите на своите чевли како отскокнуваат де напред де назад на заплисканата од утринските зраци улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не растевте од нејзиното срце во очите од мермер не ја вселивте залудноста на своето пролетно ‘ртење Бевте немоќни. Оставивте сама да умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не, тие никогаш не биле среќни во Солун. Ни таа, ниту пак тој. Иако тој тоа никогаш не го признаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа му вети на својот иден маж дека никогаш повеќе нема ништо да украде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Влада Урошевиќ уште на почетокот на својот текст „Едно име: Живко Чинго“ го открива својот впечаток за прозата на овој автор: „Кога ги читаме расказите на Живко Чинго честопати имаме впечаток дека присуствуваме на усно раскажување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во еден период не можеа само да ги поврзат гладувањето на неговото семејство со упорното одбивање да им купи, како сите нормални луѓе, коза на своите деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Долго таа млада жена се борела сама со себе дали да му каже на својот маж отворено за тоа дека сака да се раздели од него - продолжи Вера, помолчувајќи малку, како за да собере сили.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој просто како да го дофати на своето лице нејзиниот поган допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Расеано ја слушав неговата лекција за седумте чуда на грчкиот јунак Херкул за кого ни прикажуваше на свој начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Па што мислиш ти! - раскажувачот го насочуваше мракот на своите очи кон правецот од каде што идеше прашањето и долната сува уста му се грчеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, па тоа тие четворица испотени и тивко зачекорени луѓе, со своите пламнати лица, го носеа на своите рамена токму него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Посакав да ја оставам неа заклучена зад резето на зборот да чека како жена што чека од печалба и војна од глуви талкања верна на обрачот на љубовта моја и на својата надежда.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се смирија сосема секој на своето место, срнчето веќе не потреперуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По исцрпувањето на сите правни инструменти и механизми за заштита на своите права од работен однос, Зефиќ на крајот се решава да поднесе тужба, подоцна пропратена со два дополнителни поднесока, за поништување на Решението за распоредување на работно место бр. 04-2026/1 (од октомври 2008), и на Решението на второстепената владина Комисија за прашања од областа на работните односи бр. 45-572/3 (од ноември 2008), кадешто тужена странка е Р.Македонија – со прецизирање КПУ Затвор Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Енциклопедијата Колумбија: „Историчарите со векови расправаа за неговата вештина на морепловец, но неодамна беше докажано дека Колумбо бил ненадминат во вештината на приближно одредување на положбата на бродот на картата и во пронаоѓањето на патишта низ непознатите мориња”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
6. „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин,“ повтори Клара, останувајќи покрај затворениот прозорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напред, детуле, рекол на својот јазик: водата во која јавачот или коњоводецот ќе ја види месечината, онаа вечна и двојна во исто време, на коњот ќе му даде крепкост и змејска сила. Така зборувал.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука особено е важна одредбата на ЗИТ (1997), според која инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа (чл. 16, ЗИТ/97).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обајцата, пошле секој на своја страна, едниот Онисифор да копа јама, сам, со циганска дурија, другиот да собира гранки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Братучедите, одвај дочекаа да се повлечат на своето место над карпата каде што можеа да здивнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа, во предизвикот на мојата потрага, можеби треба да се започне од нејзиното последно патување преку границата, до невтасаниот живот на својот полубрат, во кој беше сѐ уште жива нивната заедничка душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Една старичка буташе внимателно по правлиот тротоар старовремска детска количка полна со компири, неколку деца шутираа корка од лубеница, едно црвенокосо момче се мачеше да го намести на запчаникот на својот бицикл откачениот синџир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И кога губеше на себе, печалеше на своите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој се надоврза на Татковото кажување за крајот на јаничарите: Значи, така Балканот и Европа, султаните и самата Империја се ослободија од постојаните и непредвидливи закани на јаничарите, кои веќе заземаа место во легендите, додека султанот Махмут II можеше да ја забрза реализацијата на програмата на своите реформи и цврсто се одржи одржа на својот престол.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Турците се острелушија; се уплашија дека ајдутите навистина можеле ноќеска, несетени од никого, да се префрлат преку авлиите на чифлизите, па и тие, на чело на своите раетини, се дадоа во потера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но командирот е мртов ладен, куклено мирен, како егземплар во излог - го ислушува без коментар, го отпушта без сочувство и се враќа на својот недојаден и веќе оладен бурек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што можеш да сториш ти, мислеше Винстон, против лудак кој е поинтелигентен од тебе, кој внимателно ги сослушува твоите аргументи, а потоа инсистира на својата лудост ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом Рифатчауш излезе напред на својот коњ, тргна караулот и тој падна од коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во каушот завладеа мртвило. Глигор и Арсо се вратија на своето место под прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се претстави како невропсихијатар, задолжен од специјалниот медицински конзилиум да изврши специјалистички преглед на болната мајка на својот колега.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Статијата била дистрибуирана од познатата американска новинска агенција "Јунајтед прес" со посредство на Луис Адамиќ, кому Јосип Броз Тито, со писмо од 9 март 1944 година (кое цензурата го задржа прилично долго), му го доставил ракописот на својата статија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И самата структура на делото соодветствува со темата и мотивите на книгата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По Нејскиот мировен договор (1919) од Бугарија била одземена Струмичката област, која и била отстапена на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, јужна Добруџа и била отстапена на Романија и дел од Беломорието на Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во Ребека (1940), користеше подвижна камера како никогаш порано; монтажата (клучот на својот стил) не ја напушти, но кадарот при возењето беше многу поочигледен - како во Опседнат okno.mk | Margina #22 [1995] 133 (1945), Озлогласената (1946) и Случајот Парадин (1947).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од возбуда не успеа ништо друго да им рече на своите шумски пријатели освен едно срдечно „благодарам“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Познато ми е дека Османлиите го презеле искуството на Римјаните во составувањето на своите јаничарски елити, но зар тие остануваат на нивното искуство?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Учена во училиштето да ја сака Франција, низ францускиот јазик, низ божјите пораки, пренесувани од светите лазаристи, со лаичката варијанта, Мајка всушност ја засакува Италија, како земја на својата втора мајка Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледајќи ги луѓето- гаврани со своите уморни очи, навлажени со солзи, од старост или од жал, тој одеше пред полицаецот и свиткан под тежината на животните неволи ги шепотеше молитвите на своите пцости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивните односи беа поблиски отколку само како однос помеѓу професор и студент: Мисирков често го посетуваше домот на својот професор и разменуваше писма – на полски и на руски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еврејските попови за тешки дукати му се молеле на својот светец, Парамахуј или Махупаруј - не се сеќавам, клечеле во авра, пееле, светеле и вода и масло, ја прскале куќата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу врсниците се делел со големата мудрост, необична за неговите млади години, скромност, човечност, со еден збор - бил вистинска слика на својот поробен, несреќен народ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По бесењето на килавиот Јаков Иконописец (настанот никој не го споменувал, значи секој од нив по малку се чувствувал душман), на тој вчерашен мајстор на смртта, како да живеел во магли на каење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна другите слушнале како пцуе, всушност без збор ја товарел двоколката и бил намуртен колку што бил и Онисифор Мечкојад пред да се изгуби од пред нивните очи и од синот со иста обетка на увото каква што била и неговата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По патот, и првите два-три дена во Софија, дури бараа кај да се сместат, Орде Годивец, со кого Пискулиев како човек од постарата генерација немал никаков допир речиси од оној ден на крштењето, се покажа мирно и здржано момче и ги освои симпатиите на својот кум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој и сега мораше да го бара предметот на своите чувства, независно од тоа што станува и како станува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бодликавиот тел секогаш стои на своето место“, одговори откај вратичето нагрнувајќи го сакото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се обидуваше Татко, продолжувајќи ја играта со патот на јагулите во мислите, преку инстинктивната миграција на птиците, да дојде до вистини за селидбите на луѓето, на народите, на своето семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во нашиот случај, формулацијата: колку има во неа од руското, толку има и од светското (вечно, неминливо и т. н.) е сосема соодветна за објаснување на интерференциите, што конкретно руската сатира ги претрпува со сатирата воопшто, барем во раниот степен на својот развиток.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше уште едно оружје на неговиот род, се радуваше, загледан во раѓањето на своето малечко, црвеникаво огне, што почнуваше да живее и да нараснува, превивајќи се околу сите сурови гранчиња, и плискајќи му ја во лицето својата тивка, лековита топлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Земјата со нејака трева се длапчела под нив, подвижните пирамиди на огновите околу кои лежеле ги извивале своите знаменца и ги грееле, и секое нивно влакненце се враќало на своето место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И Кузман горчлив насмев сал на својот враг му прати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можеа да се споредат овие две работи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Колку што мене ми беше лесно со него, да даде господ, толку лесен да му биде животот“, повторуваше мајка му Ица и истовремено се сеќаваше на својот премолчено уште сакан љубовник Дракче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Да помагаш и да се молиш за Ганка?“ праша Арсо Арнаутче. „За Ганка, за нивчето, за неколкуте овци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но знаеше. Стрпливоста на јаката млада риба беше при крај на своите граници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Метафоричната порака е неизгаслив спомен и нескротена тага по родното место што на своите наследници им ја пренесоа веќе изумрените просвиги кои принудно ги доселија во ова село кое никогаш со срце не го прифатија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние власите најарно знајме шо значи да немаш и да не си навистина на свое, или пак то шо ти следи и го имаш да ти го оспоруват, негират.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но пред тоа Грците немаа букви на свој јазик, а ги пишуваа своите зборови со феникиски букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И додека кажете: „Вујче Ејнар има зелени крилја“, тој веќе едреше ниско над својот имот, влечејќи ги зад себе алиштата како виножито, како лелеава лента низ лепетните удари и замавнувањата на своите крилја. „Фаќај!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да ѝ ја буричкаат утробата на земјата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тишината глува, на Циљка ѝ се пристори дека го слуша биењето не само на своето срце, ами и на срцата на сите кои се во земјанката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Момент на вистината. Моронодебилен квиз за разголување на својата погана душа за пишливи пари на кој шансите да ги добиеш се 1%, а шансите да ти фаќа сеир целото маало се 99%.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, и покрај тоа што и од порано знаеше за остварувањето на своите преуранети слики, па ги пречекуваше неминовните настани со прилично спокојство, сега немирот не гаснеше и сѐ уште виореше низ неговите меса, како треската да се скрила некаде повнатре и има намера секој час да го изненади.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Оставете!“, со достоинство ја прекина накрај самиот генерал Первоједов гнасната итаница на својот задгробен клиент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во едно ќоше од дневната соба забележав повеќе столни лампи со убав абажур и се загледав во нив - Колку се убави секоја на свој начин, ни ниедна не е иста со другите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една од причините, веројатно, е таа што Гоце помошта ја условувал (да се подготвуват, но да не преземаат ништо на своја глава), додека Сарафов, кој не водел сметка за последиците од било која акција, тоа не го правел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За истиов сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР на работодавач–физичко лице; а 7.000 ЕУР на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот (чл. 264, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Слободниот гулаб уште правеше обиди да му помогне на својот другар но попусто.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ме очекуваше да одиме заедно во градот, до градската куќа, каде што се очекуваше Мајка Тереза да биде прогласена за почесен граѓанин на својот роден град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Турците, кои избегнуваат алкохол, ги прифатиле со радост овие семиња и ги приготвуваат во најсвечени седенки, но тој смета, кашлајќи забележа дубровчанецот, тој смета дека оваа пијачка наскоро ќе се служи и по ановите и по меаните, а особено меѓу оние што се нарекуваат поети и кои главно, и во неговиот Дубровник, ноќе ги пишуваат одите на своите љубени, и како месечари ланѕаат на месечина, пијани од љубов и изветреаност.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште Бодлер забележал дека “дрогата на поединецот не му открива ништо што тој не би бил самиот, т.е. тој, поединец. (...) Секој син под дејство на дрога ќе биде вистински син на својот татко”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прво тоа одеше со зборови, но се чини дека и двајцата не се чувствувавме многу јаки во љубовната дијалектика, и затоа наскоро преминавме кон нешто понагледно, кон премерување на своите физички сили.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И заедно тргнаа низ плодната нива, под сѐ поведрото небо, на својата обработена земја покрај длабоката река.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еве ова за првпат ти го велам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И еден ден кога ќе се обидеме да го украдеме животот ќе паднеме на својата или туѓа несреќа. Врв на гревот и сигурен пад.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ваквото непречено течење на работата траеше сѐ до крајот на месец ноември 2002 година, кога всушност се јавува и проблемот со којшто С. С. веднаш решава да се соочи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Луцидниот Климент Камилски, кој многу добро ја познаваше француската книжевност, намерно му ја даде на читање книгата од Флобер на Татко, за во крајна линија да го соочи со опасностите кои можат да произлезат од нивната акција на чистење на османскотурски зборови по падот на Османската Империја, со нивните автодидактички познавања на лингвистичката наука, во времето на нејзиниот подем, да не се најдат во позиција на Бувар и Пекуше, да не биде разбрана нивната мисија како на балкански Дон Кихот и Санчо Панса, да се најдат на потсмев на луѓето на своето време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше новиот трагичен херој во недрата на Картагина кој влегуваше во историјата, различно од Хабиб Бургиба, но обајцата имаа иста цел - да му донесат слобода на својот народ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Последно прибежиште, извор на енергија за премостување на сите противречности ќе најде во својата библиотека, во распоредот на своите книги, во менталниот поредок на нивните значења.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Луѓето го носеа на своите рамена по сиот тој длабок снег, што тонеше под нивните чекори, или чкрташе, смрзнат, него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го побара на својот колан ножот со седефена дршка но не стана да го избуши платното од кое стрелаа очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По откривањето на тајната врска, по закана и строга наредба на Султанот и по барање на тогашниот Шеих Ул Ислам, ја задавил својата голема љубов и своите деца (од 4 и од 7 години) во одаите на својот Сарај.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А јадот толку растеше... Го исплака без време избраникот на својта град.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова бил маж што од другите мажи се разликувал само по истополовиот избор на сексуалниот објект, по насоката на својата еротска желба, по тоа што го привлекувале мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се пишува дело за историска личност, уште повеќе за личност која прераснала во легенда, не е ни малку лесна задача.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре: – Кој е? – Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Претходно, во 1985 година, беше предви- дена помалку експлицитна одредба (која е преземена во Законот за работни односи од 1993 година) според која работникот, за заштита на своите права, може да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа ќе го натера нашиот народ и неговата интелигенција да погледнат назад на своите слабости од коишто произлезе неуспехот на Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од него зрачеше нешто волшебно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку што беше во негова моќ се трудеше да им се допадне на своите гости.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа беше 1940г. и камерманот на своето прво патување во Амстердам беше торпедиран и сета негова опрема беше изгубена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се заврте, Отец Симеон и не стигна да замавне. „Курвино семе“, рече фатен во заседата на својата крв. „Курвино семе.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ТОМЧЕ: А мене ми се слатки и нејзкните нокти!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Додека ја водев мојата свршеница кон твојот румен извор лулееше на своето здолниште цело едно мирисно поле.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ова е збирка случаи на веќе завршени и пресудени работнички спорови, добиени од страна на работници-тужители кои се одважиле да ѝ застанат на патот на бескрупулозноста на своите работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше очигледно дека овој негов гест постигна позитивен ефект кај Јана и кај Рада, па Ѓорѓе доби поен плус во градењето на својот углед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Стоп! – измукаа елените на својот еленски јазик, кои учествуваа во големиот танц не помалку од другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, во Арта, во Грција, ви го покажуваат мостот во кој е заѕидана некоја девојка: низ една пукнатина ѕирка прамен од нејзината коса и виси над водата како некакво златесто растение.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А токму таа ноќ, матроната не можела да го совлада своето разбуено тело и да заспие, зашто се преиспитувала во себе во што не му се допаѓа на својот господар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас само сакам да биде јасно каква е состојбата.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На свое чудење, кога стана островото, Мече усети дека под нозете му зашлапа вода, а после малку време и тлото почна да се лулее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сонцето лежело по нивните чела и ги прегрејувало. Едно тајно делче на свеста не ѝ се предавало на ракијата; демнело од бедемите на својата тврдина како проколнат стрелец што сепак им е заштитник на заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите: Константно и директно се џари, Нема потреба да се умилкува и додворува На својот слуга за бакнеж, Нему, кој е сопственик на ужасите, Кој ја познава матката на отровницата, Пегава и одрана со црно, На рѓосаната вага на амбрата, Неговиот гроб - Затегната направа за мачење што предизвикува тага На која тој лелека - лелека!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Играјќи се овчар - со стапот (претходник на неговиот „Евроазијски стап“, како што тој и самиот признава), а „едно имагинарно стадо се собра околу мене“ - Бојс станал сопствен родител.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојано повторуваше дека не би сакал ни случајно, синот и таткото да се најдат на две спротивставени страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некој нѝ ги украл, тоа беше јасно. И така почна авантурата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добро зготвениот, обилен оброк, со домаќин чиишто лесни обиди за забавување се чинеа дека воодушевуваат многу над границите на неговите напори, и лежерната атмосфера за којашто жеднееше Семовата душа, се здружија за да му пружат задоволство и луксузно олеснување на Сем, такво кое ретко кога го наоѓаше на своите тури низ ранчовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Самите се зафатиле со градбата, главно затоа што било тешко да се најдат градители, или затоа што требало многу да платат, или затоа што, како добри работници, им верувале на своите раце; нивните жени, наизменично, им носеле храна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ретки се луѓето, што можат да им дадат крила на своите страсти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие веќе не се чувствуваа мали, со тажно обесени веѓи и нејаки, како урочени: мрдаа со ушите и гледаа со двете очи кон коренот на своите носови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На својата убава џамија, според едно вакафнаме и според записите на другите задужбини што ги изградил во Скопје, Јахја-паша ѝ го завештал сиот недвижен имот што го поседувал во Румелија, особено во Скопје и во Софија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко ми, со судбина каква што имавме, не сакаше имињата на своите деца да ги врзува за светци, војсководци или други славни луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убава е, и не е чудно што двајца црномазни и мазни млади луѓе (можеби персиски дипломати?) ѝ се испулуваат и ќе си зборнат притоа нешто на својот јазик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мораш да му дадеш пат на човекот да може да си врви на својот имот“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја измачуваше мајка си прашувајќи ја одново и одново зошто нема повеќе храна, викаше и ѝ подвикнуваше (се сеќаваше дури и на тоновите на својот глас, кој почнуваше предвреме да мутира и понекогаш ќе грмнеше чудно длабоко), или пак се обидуваше со цимолење да изнуди повеќе отколку што му следуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По исчезнувањето на Чанга, татко уште почесто им се препушташе на своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така се доверувала Ервехе на својата вујна Клементина, во која имаше многу доверба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не го лажев, колку-толку се трудев да бидам фер, без разлика на неговите постапки, јас стоев на своето и бев верна на сопствената личност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дванаесет години подоцна, со носењето на новиот ЗРО (2005), кај работниот однос со приправници или „чираци“ (термин кој, со право, се чини надминат, а симптоматично е тоа што за прв пат се среќава во ЗРО/05!?) – односно, со лице кое прв пат започнува да врши работи соодветни за видот и степенот на своето стручно образование и кое професионално треба да се оспособи за самостојно вршење на работата – приправничкиот стаж си остана на најмногу 17 една година, ако со закон не е поинаку определено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Она што ги карактеризира класичните социолози е тоа дека тие се занимаваа со големите проблеми на своето време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Париските полицајци“, рече тој, „навистина се способни на свој начин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше воедно средба на два големи поетски мага со различен итинерер на егзилот во бурната историја на Европа и Медитеранот (Шпанската граѓанска војна и Палестина).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Носителите на тие колца-наречја некогаш се викале „Словени”, а после ту Бугари ту Срби, додека конкуренцијата на овие две имиња не ги направи обете туѓи за Македонските Словени и тие не фатија да се именуваат со старото географско име на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако востанието успее, не е ли јасно оти за него ќе има да се благодари на Бугарите, и затоа таму, каде што сега Србите конкурираат со своите пари и својата пропаганда со бугарските пари и пропаганда, ќе го изгубат секое влијание на своите клиенти?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Келнерите ѝ се враќаа полека на својата работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Марша, интимно во себе, не можеше да сфати како Хелвиг се согласил, се помирил, воспитувањето на својот син да ѝ го препушти на таа туѓинка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко внимателно се заслуша. Веднаш проникна во мислата на својот учен и умен соговорник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Моите слабости не ти ги давам. Марионета на своето его.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- Внимавај на кабелот, уметниче, знаеме дека забораваш и на својата глава! – продолжи и се насмевна шегобијно, за секој случај меркајќи го со будно око кабелот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мислам оти ова беше првата ако не и единствена наша поговорка што тој си ја прилагоди на своите потреби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се си се врати на преѓешното место – водите на својата страна, ѕидовите во својата светлина, светлините во своите огледала.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И многу јунаци, победувајќи царства, станувале слуги на својот гнев.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Господине поручнику”, вика на својот мајчин јазик кон старешината на групата во униформи на вермахтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се бореше да ја поддржи глобалната програма на сметката на своите чеда.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој не е масон, но се обидува да им помогне на своите солунски сограѓани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Остана на своите ветки, полн со некаква ситост, што не можеше да ја зачува којзнае колку долго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој се наведна над ламбата и ја запали. Како да го стори тоа со врелината на својот здив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да, базиликата Света Софија, по своите обележја, како да го потсетуваше на судбината на својот народ, на своето семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- А, што е тоа зима, - пак прашуваа ластовичките. - Зима е, зима е... - се мачеше да им одговори на своите деца старата ластовица, но не можеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Со усилбите на Русија тоа недоносче закрепна малку, но при првото осеќавање на своите сили најавува претензии за самостојна политика – извор на несреќи за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак на една од двоколките, на својата, лежел истоштениот малодушник Неделко Шијак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една непозната недоверба во убоитоста на својата пушка, во вредноста на своите раце, против која не помагаше дури ни тоа, што сега беше изморен и сакаше да спие, решен уште утре да изнајде сѐ загубено од себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А никој не се интересира како му е на еден млад човек кој мора да го капе кучето на својата станодавка, да го чешла со часови, да го носи на лекарски преглед, само за да не биде исфрлен на улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неделко Шијак, ако паметам сега точно, лежеше на својата кола подалеку од огновите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го забележа само со едно крајче од очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имено, во овој период, тој добива неочекувано Известување бр. 02-6842/1 потпишано од тогашниот нов Министер за одбрана, во кое се вели дека тој не треба повеќе да доаѓа на своето работно место и како основ на 54 таквото известување беше наведена одредба од тогашниот ЗРО (1993).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јаремот на горчливата распеаност беше јак но гласовите влечеа секој на своја страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таков беше и капетанот на туноловците Монги, кој своите луѓе ги учеше на матанѕирање на своите жртви...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметни­кот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крчмарот тромаво и безволно го послужи, ги зеде парите и пак седна на своето место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во жестокоста на бугарската офанзива против единиците на НОВ и ПО на Македонија можел лично да се увери и да ја осети на своја кожа и шефот на британската воена мисија Conserve.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Беше горд, со право, на својата мајсторија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач – правно лице, ако: – не е склучен договор за вработување меѓу работникот и работодавачот, 292 работодавачот не го пријавил работникот во задолжително пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност пред стапувањето на работникот на работа, договорот за вработување не е склучен во писмена форма, не се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот и не му е врачен примерок од договорот за вработување на работникот (чл. 264, ст.1, ал.2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И младата Арапка го дарува со ненаситноста на својата страст и љубоморно бдее над него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Откако се отпоздрави по краткиот разговор, ја врати слушалката на своето место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Брат му?“ рече гледајќи низ болката на своите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше една долга француска карабинка, исто како онаа, што му ја оставија нему, само доста понова, а стариот ја држеше цврсто припиена по целата должина на своето тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак, кога го споменуваше името на господа, повеќе како да се надеваше дека ќе му биде подарено спокојство отколку што се кае за некаков свој грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Македонците се организираат со сознавање на своите права на својата татковина и својот долг пред неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе не се нервирам, решив да преживеам. Гледам како малите тивки патриоти ги преместуваат кириличните книги во подрумите, на своја рака, се разбира, но еден ден потомците ќе им бидат благодарни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега не можам да речам дека меѓу мене и денот кога со татко за првпат берев смрчки постои јасно растојание сега кога мирисам на смрчки повеќе одошто на самата себе кога минуваат годините во животот како што нема да поминат во споменот кога сѐ е на свој начин отсутно и пладнето, и билјето и јас и тој кога сѐ е заградено во мене и секој настан има своја миризба своја душа - она кое не се споредува!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Македонскиот роб нека не се надева на неа; тој нека се потпре на своите мишки...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој дури имаше составено типологија на интелектуалното јаничарство во редовите на својот албански народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Добро, доста е.“ И пак не ме погледна. „Ноќва спиј во друга куќа и не доаѓај кај нас.Никогаш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Смешната желба „да се биде правилно сфатен и одобрен“ почесто се изразува во младоста, кога животните пријатели се чинат далеку или не ги ни бараме поради привремената семејна идила којашто ги диктира приватните настани од гледиште на својата ефикасност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не ја напушташе куќата на својот живот, на животот на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како таков Христов мошне придонел за ширењето на вистините за историската самобитност на македонскиот народ, за неговите поробувања и разделби, за неговата антифашистичка борба за создавање на своја целосна држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Најпосле: тоа беше нож кој на својот благ виножитен пат само за миг се вкочани во воздухот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Секако го пренесуваше од куќата на својот мајстор во слаткарската работилница, недалеку оттука.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мажот, вујкото, кога ја здогледал разулавената банда, всушност, пушката во рацете на својот шура, ја здувнал кон планињето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако сѐ беше ставено на своето место, дури и малку сон во нивните снаги додека се одомораа во нивните кревети, зајдисонцето освен што донесе освежување, најпрво пред вратничето го истопори целото семејство на Пена и на Танаско.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Ме прогонуваа во полутемните улици. Бегав под ретката стража на замражените светилки и не мислев на својот живот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Томо кој ја разбираше скриената желба на Рада, нејзината среќа ја сподели со тоа што ја крена до висината на своите усни вртејќи ја како рингишпил околу себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се одмори и кога се постопли, штурчо ги нагласи разгласените струни на својата виолина и - засвири!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секој е господар на своето парче земја и на својот камен. Тоа е завет на нашите дедовци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, — си ја даде наредбата кога излезе од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој на крајот насобра песок околу гробот на Ханибал и продолжи во Тунис да живее со својата митска хронологија на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувствуваше, кога беше далеку од своите дека само по овие древни песни му припаѓа на својот народ, често осамен во историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беа сами. Беше и тој сам на своето дрво. И волкот беше сам под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Марко Проказник се изменил и им се доближил со брчките на своите години: Стана некако лесно и го стегна олабавениот колан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Или помеѓу зборовите на вака скудно изразеното незадоволство поради необмисленото однесување сепак беше содржана и премолчаната благодарност за љубовта што и ја беше понудил непознатиот војник на бел коњ, и убавите денови што можеби ги имаше поминато со него (за кои никогаш не беше спремна да раскажува); да не ја забораваме притоа и разочараноста која иако не беше најдитректно искажана веројатно навраќала во нејзините размисли шепотејќи и грдо и неутешно дека замаеноста од лудата среќа за жал премногу кусо трае?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав многу причини да бидам задоволна поради неговото заминување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Херкулес можеби не се радувал толку поради своите 12 подвизи колку Вие ќе се израдувате да ги видите резултатите на своето родољубие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
2. Екстаза  Така човекот оди во пресрет на другиот човек небаре оди во пазувите на својата смрт.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дедо Васја ја подаде растрепената од ветрот молитва од џебот, мислејќи каде ли го виде ова лице.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во средината бев јас на својот Ѕвездо. Зад мене, на десетина чекори, јаваше и си свиркаше Орде.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И покрај тоа, продолжувањето на војната против дрогата, макар и со послаб интензитет, секогаш одново би ги генерирало сегашните проблеми. Доколку хероинот остане забранет, бројот на кражби и понатаму би останал висок бидејќи зависниците и понатаму би краделе за да можат да дојдат до пари за задоволување на својот порок.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шеташе со својот поглед како да ја бараше проѕирката на спасот за да го закова во зелените очи на својата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш таа била соборувана од средната категорија, која ја мобилизирала на своја страна ниската, преправајќи се пред неа дека се бори за слобода и правда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стариот сега беше сигурен како би живеел до крајот на својот живот само ако не се промени нешто, па макар малку да му олекне.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гледај разумот и чувствата да ти одат заедно како впрегнати во плуг; ако секој завлечка на своја страна - душата се разнебитува”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
О, секое одење по печурки разговор е со демонот на преобразбите Овидиева тема, протејски мерак подотворање на умот најава на оностраниот моќен сурат на стерната, стијата, привидот и тоа најмногу кај оние кои на овој свет се мислат свои на свое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По тоа Вадим потполно се смурти; лекарите му припишаа шизофренија; но тој одеднаш едноставно затапе за математика; тоа го беше притиснало како вошка; дури почна да плаче, се сеќаваше на своите „халуцинации“, се обидуваше да предложи нешто корисно, но испаѓаше немоќен, како некакво учениче.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
(Таа, на пр., еднаш влезе во самопослуга, зема извесен број работи, се обиде да излезе со нив без да плати, беше запрена, и кога ѝ беше наброено сѐ што украла, ја врати секоја наброена работа, излезе, помина од другата страна на улицата, седна на тротоарот и изеде полна тегла путер од кикирики што помина покрај помошникот во самопослугата).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бавно ги заобиколувала лочките на својот пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вие не сакавте ни збор да чуете од мене И сите туѓи раце оставени врз моето тело. Им ги поверивте на своите остри коси. И ги продадовте за една обична дневница.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кога светот на нашите патријархалци дотраја и ги премина сите мерки во истрајувањето на својот закостен и мртов животен конструкт, тие не пронајдоа сила за мирен премин од својот патријархален во новиот (кибернетички) век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Разбирам, господине капетане! - одговори Гоце, поздрави и се врати назад во стројот на своето место.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можеби спиев. Потоа, кога ги отворив очите, ги видов ловците како се спуштаат од ридот кон кој урнатината на манастирот фрлаше коса сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не треба ли да ги пронајде овие дечиња на својата соученичка и да им помогне со што било.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Само кашлањето му стануваше рапаво и раскршено. Го слушаше тоа кашлање и мислеше на белите, топли пазуви на својата учителка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Откако Камилски се врати жив, но не и здрав, од голиот остров на смртта, никогаш не доживеа целосна рехабилитација, и на почетокот мораше да се задоволи со работи под неговите вредности како поранешен универзитетски професор и угледен публицист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Романците, Грците и Турците го сметаат за свој, а тој до крајот на животот ќе остане верен на своето албанство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој, човек, си реков, е типичен пример за еден од оние кои обожаваат да им прават интриги на своите конкурентни другари, на кои веројатно цел живот им прават лице дека животот би го дале за нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не мислеше ни на својот дека е таков, но можеше да ја подаде десната рака да му ја искинат, ако беше вистинскиот и како што треба, оној другиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Потоа? - Тој не ја напушта вилата на своите господари до 11 часот навечер.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Што стана потоа? Фигаро мјаукна и се пикна под креветот, а осата остана неподвижна на своето место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кртот веднаш го исклучува касетофонот. Оди на своето место.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Никогаш не знаеше дека оженетиот маж не е секогаш неприкосновен чувар на своето морално поле, на својата ведрина, на своето ментално и емотивно спокојство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само тие жени беа доволно храбри искуството на својата лична човечка слабост да го артикулираат во кохерентна приказна за себе и за своето време, која стана неизоставен дел од колективното искуство на целото чилеанско општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во тишината на собата Змејко можеше да го до чуе уште и здивот на тоа вчудовидено срнче, кое, и покрај сите свои притајувања, сепак мораше да го даде тој знак на своето постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иронијата е во тоа што, во сегашноста може ништо да не забележиме, доколку сме замаени во реализација на своите себични интереси, или зафатени со секојдневните потреби на нашето физичко тело, не регистријајки ни најмал дел од случувањата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас веќе се навикнав на своите порази, вели, и сега не можам без нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Во право сте - велам, потсетувајќи се на својата одлука да преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Така да сториш и ти. Да слезеш на земја и да почнеш со реализација на своите илузии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бегот, потпирајќи се на својот бастун, смуртено го следеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
NSK Државата во времето е апстрактен организам, супрематистичко тело, поставено во еден реален општествен и политички простор како скулптура која во себе вклучува конкретна телесна топлина, духот и работата на своите членови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дури сега сѐ си беше на свое место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фараоните на своите војсководци како награда за храброст им давале ќуп со мед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жените ја пожалиле и ѝ се вратиле на својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја удрил човекот, ѝ направил крвава рана - па се разделиле, секој фатил на своја страна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За овие неколку месеци заеднички живот, ваквите мозочни екскурзии на својата внука лесно ги препознаваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Митре служи во српската војска на Соколот, на доглед на својата куќа, на своето село, а ништо не знае за своите, а уште помалку дека брат му Петре стои против него, на дваесетина триесет метри во бугарските окопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како предмет на изучување на Древно Македонистика е следното: Двете древно македонски азбуки (јавната и тајната азбука) од древниот македонски дија- систем, подоцна биле основа за повеќе дериватни азбуки на некои древно македонски племиња, кои составиле свои варијантни азбуки, приспособени на своите наречја.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Срам од сопствената немоќ и неспособност, срам од немоќта и неспособноста на својот народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На другата страна од границата го следеше според јазикот на соништата и кажувањата на емигрантите кои по цена на смрт ја минуваа границата, патот на својот брат Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А господарот, пак, кога на својот образ, иако малку подбрадосан, ја почувствува нежноста на црвеното обравче залепено до него, подзатрепети, остана вчудоневиден.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ на својот пат ќе прокопаат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Да извршите предавство на својата земја на странски сили? „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
-Биди мирен - вели Фјодор приоѓајќи му на својот пр. сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Работните услови во Медицинскиот центар беа добри и немаше проблеми – сѐ до доаѓањето на новиот директор, пролетта 1994.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додуша, беглер-бегот е водач на сите главатари, на субашите, на кадиите, тој има под своја власт седумнаесет војводи, а секој од нив со своја дружина од илјада и петстотини коњаници кои тој самиот ги плаќа и ги води во бој на свој трошок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа човек не треба, само за олеснување на својата работа, негативно да се однесува кон многу науки мачни, како старите јазици, но што претставуваат основа за многу позитивни информации и науки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Арсо сѐ уште не беше дојден до онаа јасност кога на човека му е можно и лесно да го сфати реалното постоење на својата личност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Катерина и Јана без сомнение се привлечни а притоа и убавици!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
До гробиштата на птиците не смееле да се доближат ни луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Смртта како првобитна загатка, се провлекува низ собите на лавиринтот на Гринавеј, без класичните и конвенционални начини на своето филмско манифестирање, по пат на напнатост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нејзините огромни стакла се имаа подместено накриво, а дебелите усни ѝ беа суви и испукани.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таков е тој, за него сѐ да е чисто, сѐ на свое место и сѐ на време.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден ден враќајќи се од куќата на своите родители, Рашела донесе жолта шестокрака ѕвезда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и кога пациентот од петни жили се напрега да ни ја изрази, колку што може појасно, природата на своите стравувања и доживувања, содржината на говорот - структуриран на начин различен од нашиот - тешко се следи. 44 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Жената што копаше на полето, се поткрена и ги гледаше држејќи ги со рацете краевите на својата марама.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А да го стореше тоа, беше свесен дека ќе ги разгореше непријателските апетити на своите дежурни непријатели од емигрантските и од јаничарските ешалони.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мислеше на својот Брат. ... Минуваше илјада деветстотини триесет и седмата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку ќе се успокоиме кога камените ѕидови ќе нè разделат од калешава...’ А најмладиот се вратил под својот шатор, пеплосан и помирен со судбината, како човек кој на својот пат ја сретнал Смртта лично, со коса на рамо, како кога оди да ја собере својата жетва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Не кажувајте ми дека сум добро, дека настинката минала, зашто јас, докторе, сѐ уште се чувствувам лошо! Ха!“ се засмеа тој на својата вообичаена шега.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тогаш требаше да се повлечам, незабележливо и на прсти да се искрадам од оваа куќа и да се вратам во својот град, во стварноста на својот век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се колнам, тој час ги видовме сите мили слики, сите изгубени слики беа вратени, секој предмет пак си беше на своето место. Сѐ, сѐ беше вратено, дома.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Така е подобро“, гласно одобрува татко ти и гледа како фаќа синџир алкохолот во чашката на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Земанек седеше на своето место; очигледно, и покрај сите физиолошки потреби за сон, што обично се викаат мамурлак, тој беше совладал еден физиолошки закон; на тоа го обврзуваа редот, поредокот, општеството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во него авторот и се враќа на својата омилена тема, македонската национална историја, односно на еден од најголемите нејзини непокорни синови Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
О, ој, оф, оф, оф, пишти и се држи за очи, на својот глас му се оѕвива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ОНТОЛОГИЈАТА ЈА РЕКАПИТУЛИРА ТЕОЛОГИЈАТА (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше јасно дека соговорникот проникнал во неговата опседнатост од метаморфозите што ги доживува јагулата на своето големо патување кон океанот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога Татко ја откри претпоставената вистина за патот на јагулите и за нивното враќање низ новите генерации, тој добиваше дополнителни сили, од длабината на своето битие, да истрае во големата битка со егзилот, да издржи во минувањето низ сите негови пеколни кругови, во потрага на рајот на враќањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Филмот продолжуваше, враќајќи се во сегашноста, кога Марсиа е веќе стара и го завршува раскажувањето на својата трагична љубовна приказна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
83. Таа арнотија добива уште поголемо значење со тоа што таа беше причината да се образуваат комитети, организации, чети, востанија, да има убиства, грабежи, колења и др. и во сето тоа Бугарија ни помогна и со пари и со трпење на комитетите на своја земја. 4/ верата во бугарското чувство кон нас си ја плативме со воставањето, од кое Бугарија вистина не нѐ задржа и не ни помогна, но… го испрати Начевича84 да преговара…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бремена жена која во себе го носи вирусот ХИВ може да го пренесе на своето бебе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога одев да ја посетам Сара, сѐ почесто ја наоѓав во пеперуткарникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите ние бевме исплашени од „едноставно кажете не“ кампањата, но што вистински се случува со вашето тело и мозок кога земате дрога?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Споредување никогаш и нема.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Навистина не размислив...“ му беше многу непријатно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Инаку, да не бил Лазар пијан, поправо да не фател првин облог со нив, никогаш не ќе го сторел тоа, за ништо живо на светов не ќе ги потскажел плановите и надежите на своите луѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Верувам дека забележувате: кодошот ве подучува како да се однесувате кон кодошите за да можете да ѝ користите на својата несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но тој идеше со онаа крената глава, а јас уште пред да зборнам ја чувствував сета несигурност на својот глас, како веќе да си го слушам: јас се плашев од онаа наша проклета интонација што се танчи опасно при крајот, па ќе излезе некако смешно, плачно, питачки, кога ќе му речам: „господине!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Срцево ми е меко, сепак ќе се случи еднаш- на овие двајца на тил ќе има седнам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги виде археологот, инженерот и Денко како се упатуваат кон Селиште, на својата секојдневна задача.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко ми, онака замислен, како да се сеќаваше на своите враќања од големите патувања по Балканот, со цел да донесе надеж за подобар живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Застана пред бункерот и го слушна зарипнатиот глас на својот соселанец - Павле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски, иако добро знаеше дека Татко пренесува мисли од книги за смислата на постоењето или непостоењето на турските заемки во балканските јазици, со кои како да сакаше да ја релативизира нивната акција, остануваше упорен на своите аргументи да ја продолжат мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа книга ѝ ја посветувам и на својата поетска генерација - генерацијата која ги изгради естетските фундаменти за развојот на модерната македонска литература - со која творејќи над 50 години еден покрај друг, ги споделувавме сите радости и горчини на творечкиот чин.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во тој момент О'Брајан погледна на својот рачен часовник, виде дека е речиси единаесет нула нула и очигледно реши да остане во Одделот за документација додека да завршат Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Татко само се насмевна на комплиментот и потем го воведе Камилски во царството на своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виктор ѝ шепна нешто на својата пријателка и на прсти ја напушти свеченоста која сѐ уште траеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но јунакот на својата прикаска од негушкото востание бил преслаб да се завлече под чергите и кожите во колибата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што има јас да се сеќавам на своите сознанија, да ги преточувам во зборови, да ги паметам тие аксиоми, да сакам да ги проширувам, образлагам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А крвчето понекогаш ме потсеќа на својата спротивност - на металната идентификациска плочка околу војничките вратови која по смртта на војниците им ја ставаат во уста. На непријателските војници, се разбира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мајсторот на театарот на апсурдот, со поглед секогаш свртен кон големите теми на времето и битот - фанатизмот, страданието и смртта, се плаши од она што ќе им го остави на своите најблиски откако ќе се раздели со светот на живите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Србите им ги предадоа своите интереси во Македонија на свои конзулства и генерални конзулства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За работата да биде уште понеподнослива, отспротива, пред надворешната врата на својата куќа, стоеја Надежда и мајка ѝ, а подалеку зад нив, и снаата, трите со рацете во врзалките од скутините, и трите со еден мил, блажен израз на среќа што го слушаат овој разговор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како резултат на доцнењето на платите, работниците од повеќето погони се собираа и мирно штрајкуваа на своите работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа самиот Словенец и го расакажал кога преспал една ноќ кај нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да бил црна и злокобна птица со крвав клун. Се кревале, раснеле врз темелот на својот гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште тогаш, додека сите нејзини соученички веќе имаа момчиња, а момчињата веќе имаа по неколку девојки, таа сѐ уште чекаше да ѝ се случи првиот бакнеж. (Никогаш во животот нема да може да си објасни што е тоа што неа ја задржуваше да тапка неколку чекори зад животните искуства на својата генерација).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од градовите се прибираат селаните за да ги дотераат своите куќи и да приберат здравје во чистиот воздух и студената и бистра вода што тече од планинските извори и за да ги очистат и средат надгробните плочи и камења и на своите предци и најблиски да им запалат свеќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите бои ги вапцавме остана уште аловата Ако запнеме уште малку секако ќе доучиме и да бидеме свои на своето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Веднаш помислил на својот пријател ибн Тајко, зашто оваа течност ги држи луѓето будни, а тоа ќе му биде многу згодно при ноќните рибарења.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веројатно затоа и реши најпрвин да се одмазди, за потем со чиста душа да може да му се предаде на својот Бог.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што стори? Колку години си додаде на својата казна со тој момент на слабост?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Врвеа папсаните партизани и партизанки, носејќи ги на рамо, на ќебиња и носилки ранетите и заедно со нив врвеа старци и старички, мажи и жени во стасани години, дечиња кои со улав во очите цврсто се држеа за фустаните на своите мајки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Младиот Мајстор беше бесен поради претпазливоста на своите колеги, а уште повеќе пред промената што се одигруваше во него. – Не се истрчувај! – му говореше контролорот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа беше и времето кога Татко и Мајка конечно се договорија да им ги кажат на своите деца тајните од нивните животи кои, доколку биле кажани порано, можеле да бидат опасни за иднината на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Искажувањето на своето разбирање на народните идеали и критиката на таквите не е празна работа, зашто идеалите се душата на општата народна работа и од здравоста на таа душа зависи и здравоста и плодовитоста на самата општонародна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа стана и му однесе парче месо на тестот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Одиме!“ му рече Марко и се вдена во кабината на својот половен „крајслер“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сончевата поплава се повлекуваше пред сенките. Расцутените бадеми на ридот се покриваа со сино-румени одблесоци на свој оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој, без да размислува многу, откина: - „Изгледа жените дојдоа да им запалат свеќа на своите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш Том шантајќи се на своите рамни стапала отиде до масата каде што љубовниот пар беше станат да си оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Камилски наоѓаше врски помеѓу јазикот и кујната, зборот и вкусот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Мехмед не заборави на својот род и јазик.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Даниел ја избриша мистријата од ногавицата на своите панталони.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка сонуваше, со каталогот Ла Ринашенте, семејната галија повторно да се насочи кон Јадранското Море, мечтаејќи за матичната земја на Ла Ринашенте – саканата Италија на својата младост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Србите сакаа да ги направат Македонците да им служат на српските интереси, т.е. самите да се мислат и на своите сонародници да им велат дека се Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Убави обичаи, убави времиња за старите ветерани...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во животот на своите прадедовци тие ќе најдат само примери на вековна послушност, робување и благодарност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа нема за цел да им ја пренесе власта на своите деца, како такви; и доколку не постои друг начин за задржување на најспособните луѓе на врвот, таа би била совршено спремна да регрутира една цела нова генерација од редовите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Земи го и сонцето, рече Барбут- бег. – Ти го давам за малку месечинена ткаенина, со која ќе се покријам додека ќе спијам на своето парче ноќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Едноставно избегнал да ѝ го спомене името на својата убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Клара ми рече: „Никогаш нема да го заборавам првото умирање што го видов овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Значи, се охрабрив јас, луѓето знаат, но имаат свој начин во покажувањето на својата заинтересираност и љубопитство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ги олабавив прстите и се пуштив верувајќи на својата среќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вечерва тој на своето мало сестриче ќе му раскажува за убавото, малечко зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Гледајќи ги луѓето на кои им се приближуваше смртта, помислив дека во умирањето сите се различни и сите се слични: сите ја испуштаат душата издишувајќи, ама секој издишува на свој начин. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Круме Арсов, најмирниот во дружината, испил половина грне чај од тревки со ракија и заспал на својата кола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури некои промени во звучниот период, што се однесува до филмската техника, може да ги сметаме за грешење во Ворхоловската естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога доаѓаа лустерот си беше на своето место: а оздола не можеше ништо да се види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Прости ти“, прослови наведната. „Не те падам. Ајде, помогни ми да запалиме оган за вршник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беренц го крена телефонот ја сврте неколкупати рачката на апаратот и на специјалната линија го побара воениот управител на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најпрво, со солидаризирањето и активното учество во штрајкот, а подоцна и преку искористувањето на сите правни механизми во остварување на своите работничките права. 1.  Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 2.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Би било неправедно да се каже дека тоа сценарио е резултат на еден компромис, бидејќи, зборувајќи искрено, тоа е друга приказна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овојпат телеграмата може да почека, дури до утре, целта е постигната, макар што шифрантот Иваз беше на своето работно место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Честопати се случуваше работниците да земаат „плати“ кои беа во висина од 60% од основната плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од силното потскокнување по нерамноста на тој пат-непат тркалата се заканувале да се распаднат, помеѓу колските ѕидови од сплеткани прачки невозможно било да се седи или да се лежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве некои од нив: Американскиот рапер, Џеј-Зи, не знаел како на Нигеријците за време на својот концерт да им ги обере бостаните, па на организаторите на концертот им побарал да му донесат лубеници со форма на градите на неговата љубена Бијонсе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)