на (предл.) - сончев (прид.)

Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сонцето се беше поместило и безбројните прозорци на Министерството на вистината, без светлината на сончевите зраци врз нив, изгледаа мрачни, како пушкарници на тврдина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Д-р Паскал Сотировски е горд на титулата, зашто вели дека таа му дава морални сили да продолжи посилно да работи на испитувањето на тајните на сончевите дамки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа ги мести очилата и право гледа во раззеленетата трева под багремите, над која се просипа златото на сончевите лачи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од нив светка, се прелива, дури и црната прав што постојано врне од белата грива на возовите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во подножјето на сончевиот диск, уреусот, боженската поткрепа на властодржјето, го потсетувал на решителниот загриз Нефер-Хеперу-Ра-Уен-Ра-Ехнатон, блескавост Атонова, родител на шест мили ќерки, Големиот Превратник, чија песочна коњска глава (главата на Пастернак) се лизга низ влажните смртни дланки, толку впечатливо фотографирана, заедно со снимката на крилестиот cafuceus на ѓаволестото момче, откаде што повторно тие, двополните со внатрешното око, ги пречекуваат безимените души на гледачите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гледајќи го ликот на Петар кој задоволно спиеше предаден на милувањето на сончевите зраци, Трајанка за прв пат виде две светлини споени во една.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Блесокот на сончевата палавост, така живо тоа утро удираше на прозорецот на кој требаше да има стакло, но поради тоа пак, сонцето можеше лично да ги погали младенците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од терасата на хотелот „Златна јабука“ да ја понесе на раце до нивното гнездо во хотелскиот апартман, но во исто време и двајцата да бидат отмени гости по вариетеата на Сончев брег и Варна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледам и со едно малечко дигитронче што работи на сончева светлина сметам, смета...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Капките од дожд сѐ уште беа залепени на лисјата а цветовите блескаа на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Навлегувам во високите атмосфери на сончевите атоми.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Жолтите одрази на сончевите зраци од последното лисје пред да падне на земјата ги придружуваат тажните Палестинци кон својот Јасер Арафат, човекот веќе претворен во симбол, одземен од животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само модрозеленикавата Сена тече рамнодушна кон историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А да не спомнувам дека сенката до тебе и не беше само привид туку Елена, Твојата Лена што јаваше на атот по распеаниот макадам на ослободениот град!? (Чудесен дар на сончевата неисцрпност).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа беше момент на широчина на духот, момент на искрено отварање на Еразмо кон Ирена: како цветовите кога се отвараат пред благиот отсјај на сончевиот нектар што се разлева низ дамарите; како школките кога се отвараат пред налетот на искрите на внатрешните бисери!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На сончевата тромеѓа искрснува еден човек, лав и осуетен бог. Вртеж. Вртолун. Вртимушка. Вода, бездна, стапало, сепак.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)