на (предл.) - спротивен (прид.)

Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кон ужина пристигна и засилувањето на Бахтијара и со него Велиага од Маково со своите катили, кој од „Бучкур" почна да му вика на Толевиот четник и другар Петка Кормакот од Маково: — Предај се Петко, брееееееј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И околу девет десет саатот стана, си го јавна Белчета и за час се најде на спротивната чука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот од овој век, меѓутоа, сведоци сме на спротивни тврдења: Пол Фаерабенд и други се залагаат за „науката како уметност”, а задачите на дизајнот - којшто, како и некогаш, претставува уметнички момент внатре во занаетчиството, односно индустријата - стануваат сѐ пообемни и поприсутни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Циљка сврте глава на спротивната страна и сега виде како отаде трапот - небото почна полека да се разведрува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На спротивната маса седеше позната музичка фаца од џет смет естрањата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На спротивниот ѕид имаше дупка за сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Богаташите беа нарекувани капиталисти. Тие беа дебели, грди луѓе со злобни лица, како она на сликата на спротивната страница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сети дека се сеќавал на спротивни работи, но тие беа лажни сеќавања, производи на самозалажување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека ги спушташе на подот, тој забележа дека на спротивниот ѕид од просторијата има едно трокрилно огледало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На спротивната страна е некогашниот огромен кралски дворец, чие задно крило е продолжено во сферична линија, потоа романската асамблеа, во чие продолжение се издигаат десетина повеќекатници, поставени како на скалило една зад друга, во чие милје се наоѓа една стара црква од 18 век, историска романска знаменитост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа гордост имаше непосреден контакт или произлегуваше од она што беше нејзин лесно видлив белег како жена која нежноста и убавината ги спојуваше со пословичните карактеристики на спротивниот пол, покажувајќи ја, во вистинските моменти, силата својствена за мажите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ова потекнува од реакцијата на системот на спротивни влијанија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ветувам. (Само биди на спротивниот крај кога ќе го повлечам орозот)
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Секоја квечерина ја праќам на спротивната страна за да ми го продолжи родот. Зашто јас сум осуден на умирање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го привлече блокот со зелена хартија кон себе (Таа не му даде отпор...), го смести пред себе (Ја легна женската!...) и го отвори (Ѝ влезе меѓу нозете...) кревајќи го капакот и внимателно подвиткувајќи го да стои легнат на масата на спротивната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Бујрунус“, рече бегот, посочувајќи му на рибарот место на спротивниот миндер.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мразам и кога туѓото его потпаѓа под следење на спротивните инстинкти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вратата се отвори и кога тој сакаше да пречекори, оној младич што беше застанат на спротивната страна на тротоарот се појави пред него со устата набрана како да потсвирнува и со погледот полн иронија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овие го преминаа мостот, позастанаа на спротивниот крај, поразгледаа, наслушнаа та пак еден од прејдените викна:Теслуке јок кардашлар – сербес ѓеч”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Понекогаш некој од брегот на лудилото престанува да гледа без престан во себе и во бездната, и како при некакво чудо се појавува на спротивниот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу двата брега не постои мост, а сепак некои луѓе преминуваат од едниот на другиот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тукушто почнаа да ме облазуваат нежни трпки, на првата крстосница девојката тргна на една, а јас морав на спротивна страна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тогаш Даме тагува на својот прозорец, гледајќи кон прозорецот на спротивниот брег.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)