на (предл.) - старински (прид.)

Во длабочината на старинското огледало тие го пронајдоа и го препознаа вашиот „Автопортрет“ изрежан со фосфоресцетни линии на амалгамот на дното од огледалото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме смири глетката: белите штиркани чаршафи, беспрекорно испеглани околу рачно изработената бордура, ја истакнуваа убавината на старинскиот кревет, чии украси од месинг сега сјаеа како позлатени сијалици.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Раскажувај, Циљке - замоли Мита. И допраша: - Те научи ли дедо ти и на старинскиот јазик да зборуваш? - Не. Само молитви...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)