на (предл.) - таен (прид.)

Самата припрема за продажба беше направена на таен и нетранспарентен начин, преку неколку директори кои бараа т.н. „стратешки партнер“ за компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прикривањето на вистината е всушност наведување на лага!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поранешниот работник Миле Божиновски (сега 62-годишен), дипломиран електроинженер од Битола, денес е корисник на паричен надомест за невработени лица до пензионирање –  т.н. материјално обезбедување по основ на привремена невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да живее новиот член на нашиот таен револуционерен кружок! - викнаа членовите на тајниот кружок, станаа и го избакнаа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Над Кукуш се спушташе мракот. По куќите ламбите се палеа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
38. Тома Карајовов од Скопје беше еден од членовите на Тајниот македонски комитет во Софија (1885-1886), а од 1895 год. еден од членовите на ВМОК.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Болоња! Се сеќаваме како Дирер во едно писмо уште од 1506-та најавува дека ќе замине за Болоња за таму да ја научи „уметноста на тајната перспектива“. 1649-та се појавува Cabinet des anamorphoses comiques на Де Брил.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Осветли ми ја мислата Господе, осознај ме, покажи ми го клучот на тајните двери низ кои влегов.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа инсистирала да дојде и сестра ѝ; дошла и таа, но од врската со момчето не станало ништо, оти тоа момче не било кафеанџија, како што се претставило ноќта кога се запознале, туку – сопственик на тајна јавна куќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој беше господарот на тајниот простор во амбасадата. Од таму со часови не излегуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Детството се враќа на тајна врата и открива вишок живот, вишок минато: она од што не можете да се откажете.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
XXVII Семејната колона беше подготвена да тргне на тајниот пат преку границата на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Според тоа, човекот е “animal variae et multiformis et dissolutoriae naturae” (суштество со превртлива, повеќелика и извртена природа).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
(...) Неопитагорејскиот езотеризам во уметноста дејствува некаде до 1660-та, а потоа исчезнува во клановите на тајните сојузи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Психичките подвизи“ на телеприсуство и акција-од дистанца се постигнуваат со селектирање на една од опциите на менито.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ритуалите на иницијација и учење на тајните вештини се заеднички за двете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)