на (предл.) - таканаречен (прид.)

Јас искрено им верував на политичарите во Атина, меѓутоа, сега за нив имам само презир и се прашувам дали имаат тие и најмалку чувство на достоинство и морам да признаам, иако со тешко срце, дека јас, припадник на таканаречениот слободен и цивилизиран западен свет, ете, денес, се срамам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако се однесува на нациите, оваа разлика би значела дека нациите можат само да заплашуваат други нации и „една од желбите“ на моќната нација „е да тргува со слабостите на остатокот од светот“ - фраза која има чудни резонанци во денешните денови на таканаречениот - нов поредок на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зар бестијалноста на тоталитарните режими и бескрупулозноста на таканаречените „слободнопазарни“ општества не опстојуваат сосема легитимно на 99% од површината на планетата, па никој не може да ги криминализира?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа, се разбира, не може да се провери на страниците на „Цариградски весник“ каде што Никола Поцо имал свои пријатели и каде што, по линија на таканареченото доброчинителство, можел да има поддршка, туку во еден друг документ објавен во зборникот „Документи за историјата на трговијата на Европска Турција“ од страна на грчкиот конзул во Трст во тоа време по име Адонис Гленди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вешто избегнувајќи ги ударите, и дојдовме зад тил на таканаречената Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не, драги Луан, пишувајќи Ти за овие неколку антологиски примери на допишување на уметниците и нивните трпеливи или емпатични поддржувачки (читателки, пријателки, сопатнички, собеседнички...), во ниту еден миг не ја заборавав Твојата Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, Ти тешко го прифаќаш нејзиниот радикален став: дека не сака да се занимава со ништо што би можело да ја оддалечува од онаа бартовска суштина на Твојата литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За време на граѓанската Понтјите беа пребегнати во Лерин, а во нивните куќи беа се сместиле членовите на таканаречената привремена демократска влада на Грција, која беше формирана во декември 1947 во преспанското село Асамати што се наоѓа во Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Геометрите од бронзеното доба се духовни претходници на таканаречените компјутерски уметници.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)