на (предл.) - телеолошки (прид.)

Следи испитувањето на структурата, одликите, и модусите на телеолошката заднина; проследување на проблемот на заедничката телеолошка заднина како и проблемот на несубординираноста на телеолошките заднини која се открива во различни ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Авторот разликува секојдневни и гранични ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од секојдневните, ги анализира идеолошката симулација, Ман и Кетман однесувањето; а од граничните, - хероизмот и фанатизмот, донкихотството, борбената идеологизираност, предавството и дисидентството, преоѓајќи потоа на проблемот на губењето на телеолошката заднина и на откажувањето на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)