на (предл.) - теоретски (прид.)

Наспроти споменатиот долготраен развој при модерното прекодирање на теоретското размислување мораме да зборуваме за духовен пресврт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа, поригорозните готови производи се враќаат назад во психологијата за експериментално да се испитаат и понатаму да се елаборираат во светлината на теоретски релевантните податоци, на пример, некои од новите компјутерски модели во истражувањето на перцепцијата. okno.mk | Margina #3 [1994] 99
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)