на (предл.) - технички (прид.)

На пример, за еден инженер или лабораториски хемичар логично е да се претпостави дека ќе имаат потреба за поголемо количество на технички податоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во меѓувреме и групата на молот го здогледа бродот и Беренц ја забележа раздвиженоста која завладеа меѓу присутните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите податоци во огласот мораат да бидат релевантни за потрошувачот, што значи треба така да бидат „погодени“ да ги отсликуваат точните внатрешни состојби на примачот на информациите, за тој да ги сфати сериозно и да се однесува според нив.)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој и самиот беше навремено известен за враќањето на владиката, но на тоа гледаше како на технички податок, со оглед на битните задачи, коишто поради примопредавањето и инсталирањето на новата власт на островот, веќе му се наоѓаа во задоцнување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и техничарите имаат смисла за хумор и ги доживуваат, на пример, визуелните сугестии исто како и “не- техничарите”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потекнува од семејство на богати индустријалци, кои по потекло биле Евреи, но кои преминале во католици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Студирал техника во Берлин, а во 1908 година се запишал на техничкиот отсек на Универзитетот во Манчестер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Си помислив, зарем покрај толкуте луди забави и другите настани што ги смислија електронските забавувачи за да ни ги приближат благодетите на техничките иновации, сѐ уште постојат пребарувачи и на одживеаните литературни куриозитети?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)