на (предл.) - трет (прид.)

За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа продолжи: „Дали не им ја украдоа водата од Дарван, не им се удри ли зимоска малкуто тутун што го откупи Монополот на трета класа, не плаќале ли маказарчани и другите жители во оваа кааза во времето на Никола Поцо, како што пишува и во царскиот ферман, повеќе данок отколку што треба?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше една повисока степен во естетиката на живеењето на маказарчани - не просто бели ѕидови на одаите, туку шарени, некаде со ситни цветчиња, другаде со крупни медалјони, на трето место со фигури кои беа почисти во линиите, налик на геометриски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ногата на Дејв изгледаше лошо, болно, но не започна навистина да го боли дури откако следниот удирач, Лојд Уикс, кој работеше кај Дејв во погонот за житарици, ја тапна топката и таа ниско по земјата отиде до фрлачот, со што Дејв заглави на третата база и неговото чудесно лизгање се покажа како бесцелно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
109 На 19 декември 1943 година е формиран баталјонот “Христо Ботев“ како трет баталјон на Третата оперативна зона откако првата воена единица на бугарската окупаторска армија од 60 војници од бугарската гранична посада во с. Коњско, кои по долга политичка работа од страна на партиските активисти на КП од теренот со нивниот командат Дичо Петров преминаа на страната на единицитите на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во тие десеттина години одвај на третата да заодиш, да запаметиш тетка ти дури те заплашува со праче и да слушаш кога вели: „кревка му е коската“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа, на третиот ден, кога вечераа, сиот мрачен, рече: Уште тоа треба да правиме, да чуваме српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така и на другиот ден, така и на третиот и на четвртиот и на десеттиот... Така војната сврши.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На третиот ден остана да се сочини само уште отисок од првиот збор, за кој Филозофот претпоставуваше дека е јас, а клучот за тоа јас беше потписот од крајот на текстот, што прв беше умножен, и што според уката на Филозофот значеше: Дариј.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лесно може да се замислат запрепастеноста и гневот на стоунволската генерација поради ова враќање на потиснатото во полето на машката геј- самоидентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Претставата дека лезбејките и гејовите денес треба да се сфаќаат како припадници на трет или на четврти пол или род доживува некаква преродба во многу полиња на поновите квир- и трансродови изучувања.339
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌Кога ги изнесува во преден план прашањата за родовата ориентација, конкретно „несообразноста со родовата улога“ и „родовата нетипичност“, како признаци на „природите на геј- мажите“ (барем на природите на оние мажи што се „насочени кон зачувување“; 243) и кога штуро се зафаќа со прашањата за сексуалноста, Фелоус без колебање упатува на авторитетна поткрепа во некои претходни теории за хомосексуалноста, и тоа од викторијанскиот период, кои геј- мажите ги дефинирале како женски души во машки тела, како припадници на трет пол или на меѓупол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што забележува Фелоус, неа ја поддржуваше Гари Хеј, основоположникот на современото геј-движење во САД и главниот извор на инспирација за Радикалните самовили.338 А и натаму цути во неколку значајни школи на современата машка геј-духовност, кои во геј-мажите гледаат современи шамани, потомци на народните исцелители, пророци и врачеви кои во многу општества си ги црпат проникливоста, моќта и верскиот авторитет од впечатокот дека во нив се споиле двата духа на машкото и на женското (254, 262, 244–246, 281 n17).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да биде извонредно надарен да биде учител поради речиси женската проникливост и речиси женскиот такт“ (243).337 ‌Иако културата на постоунволското геј-движење жестоко ѝ се противи, оваа стара угледна традиција на дефинирање на хомосексуалноста во смисла на родова обратност и на замена на родовите улоги, а не во смисла на сексуалноста, воопшто не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако отпрвин „геј“ го дефинира како нешто што ги опфаќа и „родовиот идентитет и сексуалната ориентација“, а и како нешто што се однесува на „маж кој е (истовремено) родово нетипичен (психолошки и можеби телесно андрогин или женствен) и начисто хомосексуален по својата ориентација, ако не и практика“ (13), па иако неговата конечна пресуда ги дефинира геј- мажите како некои што се „невообичаено устроени и според родовиот идентитет и според сексуалноста“ (263), тој заклучува дека неговото „разгледување на природите на геј- мажите всушност се однесува на родовата ориентација, а не на сексуалната ориентација сама по себе“ (262, курзивот е мој).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој благонаклонето цитира една забелешка што Џон Клам ја изнесува на почетокот од својата книга за музичкиот театар и машката геј-култура – „Според мене, суштествувањето како геј има исто толку врска со посветеноста кон некои видови култура, колку што има врска со моите сексуални настроенија“ – навидум прифаќајќи го благо отфрлачкиот и леко омаловажувачки став кон сексот што провејува во Кламовата употреба на старинскиот збор ‘настроение’ кога зборува за хомосексуалниот избор на предметот.334 За Фелоуса, „геј“ не е синоним со „хомосексуалец“ и никако не треба да се сведува на тоа (13).335 ‌Онака заинтересиран за „некои од особените димензии на машките геј-животи кои ја надминуваат сексуалноста сама по себе“ (x), за „несексуалните димензии на природата на геј-мажите“ (243), Фелоус доследно ја ублажува важноста на сексуалноста, сметајќи ја за едно од „најнесуштествените нешта“ според кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите – односно, ја смета само за знак на подлабока разлика, која мора да има врска со особеноста на „геј-сензибилитетот“, сфатен како „суштественa страна на човечката природа“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поконкретно, тој одново и одново се повикува на социјалистичкиот филозоф и ран геј-активист Едвард Карпентер (1844–1929), кој во 1908 година објавил книга со наслов Меѓуполот: студија за некои преодни типови мажи и жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Кога дојде на третиот ден изгледаше малку поприбрано, но мене, на мојот пријателски поглед не можеше да му побегне од очите вистината дека сѐ уште не преболела.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Писмо во плетенка од коса - фер ќе беше да ни кажеа дека младите курирки ги шармираа војниците на Третиот рајх, а не дека го криеле писмото во своите плетенки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На третиот пат, леле мајко, сум рипнала нагоре од столот, ко вејверица сум рипнала и сум го изгребала Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На третиот ден како да им потспадна огнот на децата. И, мене, ми подојде душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама на третиот ден, велеше, ловецот ќе дојде порано и со пила ќе ја засече буката на која се качуваше мечката, ќе ја остави само малку недосечена, велеше, колку да се крепи, да се држи исправено дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој со едната нога може и на трет да мисли, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гледаше кон мрачниот прозорец и пресметуваше. Сега се разминуваат на третиот басамак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во него се вели вака: „Ферман до одликуваниот со ордените Османи и Меџиди од прв ред, валијата на Б-скиот вилает, на кого му било поверено и муштирството на третата царска армија, везирот Мехмед Рифат-паша, валијата и муфтијата на Б-ската каза и членовите на меџлисот...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зачекувам на трета вечер наречниците убавини да ѝ наречат на нашата момичка... ама не било пишано... душичето ѝ го земале - уште некрстено...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На трети петли вапсаните јајца на тланик ги редела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На трети петли сите се причестени, со смирение во душите. Денот забелува - Сведен ВЕЛИГДЕН.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во меѓувреме дојде и Матеј, нашиот помал син, студент по медицина на трета година, твојот наследник.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
ЉУБА: Да. Ова е скица на третото дејствие.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да порасте, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На третиот пат невестата попушта, го обува едниот и по тоа другиот чевел и си ги брише солзите, оти ѝ ги врзале нозете во букагии, нема да биде веќе „пашито добиче“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На третиот ги фрлија бегот и кадијата сите луѓе што ги имаа на располагање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Регистарот се наоѓа во седумдесет и осмата соба, на третиот подземен кат, на рафтот прицврстен за водоводната цевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му кажа уште една, и пак ништо, но на третата Мартин се раскикоти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко тропна уште еднаш, но дури на третиот пат некој ја подаде главата низ вратничето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа Турчинот дење-ноќе ја кандисувал додека најпосле, на третата година, не се согласила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во структурата на личноста најмногу преовладуваат архаичните моменти.” (Lasch, „Култура на нарцизмот”) Темелниот став на третата етапа е оној, според кој социјалните „големи Други”, мрежата на социо-симболички одредници со која е соочен и во која е вплеткан субјектот, во субјективната економија најдобро делува кај „Мајката-од-која-зависи-задоволувањето- на-нашите-потреби“ која е - според Lacan - првиот лик на големиот Друг.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Стоиме на брегот на океанот и молчешкум запињаме погледите да ни се вкрстат таму далеку во родниот крај баш во домот на третиот ни брат.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во командниот пункт на Третата дивизија што пред малку е поставен на ритчето над селото Попли, остро заѕвони телефонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговата екстензионална дефиниција е во поими на сличност и контраст . . . Kelly може да примени бинарна логика третирајќи ги сличностите и разликите независно едни од други, со привремено игнорирање на третиот поим. Kelly-евиот „екстензионален” пристап на операционално дефинирање на односи помеѓу конструкти, кој ја дава логичката основа за „импликациската решетка” на Hinkle (1965), и подоцна, „биполарната импликациска решетка” на Fransella (1972), едноставно ја игнорира интензионалноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На третото утро Мегалон истрча од дворецот викајќи: - Децата, децата собирајте ги!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)