на (предл.) - третокласен (прид.)

На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Салата во која престојуваме кога врне дожд личи на третокласна чекалница во некое зачмаено село, особено поради тоа што има умоболни кои секогаш носат шапка, очила, стап и облека за патување, речиси како во приморските летувалишта, и кои тука се претставуваат како минувачи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вчера нацртав една многу голема, доста ретка ноќна пеперутка што ја викаат мртовечка глава, со колорит со зачудувачка префинетост, црна, сива, нијансирана бела и со кармински одблесоци, или сето тоа магливо се врти околу маслинозелената боја; многу е голема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)