на (предл.) - убиен (прид.)

Под него остана локва крв и Толе виде дека палтото на убиениот беше продупчено под двете мишки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Замешаната крв што се слева од очните дупки на јунаците во медни оклопи, додека во расечената зеница им ’рти ново семе, ја руменее реката, и бојниот извик, и претсмртниот ропец дополнуваат, заминуваат вплетени меѓу брановите – гордиот гнев на убиените што го надминале хибрисот, сега споен, белобрадиот ветеран и огненото момче, во вечната прегратка на Хароновите води.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш клепките на убиениот сами од себе паднаа како театарска завеса поклопувајќи го неговиот зелен лик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зашто тој не беше ничии и не беше свој.“ Тогаш едната клепка на убиениот хирург се подотвори само малку над зеницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крие костур на убиен човек, се слуша пак некој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Општа констатација, значи, била дека немало масовни масакри и убиства и дека немало можност попрецизно да се определи бројот на убиените Македонци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зар може да се види кој налетал врз сламарникот на убиениот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)