на (предл.) - училиштен (прид.)

Беше главен уредник на училишниот весник и дописник за неколку младински списанија, така што новинарството само по себе ѝ се наметна како идна професија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По две седмици, се случи уште нешто. Беше јуни, крај на училишната година, и целата гимназија одеше на екскурзија во Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И искинати сеќавања го пренесуваа на училишните клупи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сакам да размислувам за она што со години се повторува на првиот училиштен ден!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
СОЊА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто не измислат нешто поатрактивно, одошто тоа редење во училишниот двор и ѕвонење на училишното ѕвонче?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама тогаш бев прво одделение и прв пат одев на училиштен есенски излет. Тогаш немаше тетра - пакувања, ниту целофани, ниту најлон-ќеси.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На состаноците на училишната еколошка секција велиме дека кога ќе пораснеме, кога ќе се вработиме, па и ќе дојдеме на раководни места - ќе се грижиме нашиот град да биде нормално чист - да го смени ликот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На свеченоста што се одржа во училиштето по повод завршувањето на училишната година, кога сите ѝ честитаа на Лорета како најдобра ученичка, Аце стоеше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)