на (предл.) - фамозен (прид.)

За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По поминувањето на наведениот временски период од испраќањето на фамозното писмо на поранешната адреса и по неколкуте неуспешни обиди Авдиќ телефонски да го добие раководството на фабрика, тој се решава да оди директно во просториите кои беа седиште на велешката фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи, се остави критериумите да ги утврдува самиот работодавец – своеволно, а често, во праксата, de facto немаше и нема никакви критериуми при правењето на фамозните „списоци“ или „црни листи“ со имињата на оние кои ќе останат без работа!? г) измените на ЗРО од 1998 ја елиминираа можноста што им се даваше на работниците да бараат заштита на своите права пред надлежниот суд, во случаите каде се оценува потребата и оправданоста од престанок на работниот однос поради економски, технолошки, структурални или слични промени (чл. 7, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)