на (предл.) - царски (прид.)

На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Падна во постелата со очи ширум отворени и се настана во Господа ангелската душа на царската ќерка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој на бугарската влада ѝ ја пренел цврстата решеност на царската влада, како и на Виена, да не дозволат никакви промени во овој дел на Балканот и барал од претставниците на македонската емиграција во Бугарија и од тие на МРО (д-р Татарчев Христо Матев) со кои се сретнал да водат сметка за тој факт и да не предизвикуваат нереди во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Туку да го сретам, а? Нешто да го видам очи в очи и да му се поклонам, а? - си кроеше Петре, гледајќи се себеси, горделиво исправен пред затворениот султански шестопрег на поминување, ама и самиот напред, меѓу носачите на царските нишани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто, со царски ферман управувањето на Охридското езеро му беше предадено на еминот како царски хас, а тој за тоа на царската каса ѝ плаќаше годишно четириесет товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чесно да се расудува, Едип е ништо пред него, прав што ветерот може да го однесе, а еве, го туриле него на царско тезге.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кајмакамот седнува, потоа вели: Ќе ти зададам три прашања: ако одговориш, ќе те пратам на царски лицеј во Стамбол.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но сега, во мирната улица, тивко совладувана од квечерината, во немото присуство на човекот што ја носи неблагодарната должност на царски војник, ќе стане необично, лудечко и грозно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седиме и мислиме со Емина - поарно ќе е на царска служба да појде Емин.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со малку сиренце, она убавото, жежено што се вика, и што се прави со усвитени камења што се ставаат во овчо млеко, и со понекоја голтка водичка од стомнето, ги изедоа печените компири, убави, вкусни какви ни на царска трпеза не можат да се најдат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во ,Пиринско дело" читам: ,Лазар Колишевски8, агент на Охраната на царска Б'лгарија" и мене ми се замати умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ѝ била далечна роднина на царската лоза Романови, но нејзините секогаш ја држеле прогресивната страна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лево од жолтата гимназија, закитена со црно знаме, набожната власт градеше дом посветен на царската брачна двојка - Константин и Елена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од ридот се ближеше зловолно гровтање. Наслушнав. Тоа, всушност, некој крај огнот дишеше со возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој ѝ се чудеше на прикаската: удрила зла чума на царските синови и ги ничкосала, најмалиот останал жив за да се бори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)