на (предл.) - целокупен (прид.)

Праволиниското време не зависи од човекот, тоа започна да тече од Биг Бенг наваму - гарантен рок на целокупниот космос, секако со Ајнштајнови исклучоци и модификации, кои не ја исклучуваат основната специфика за праволиниското време: невозможноста човекот да има некакво влијание врз него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не сте морале да ја пренагласувате неговата улога, на пример, во пасусот: Негова заслуга е повлекувањето и зачувувањето на целокупната ориентална документација од Битола, која денес се чува во Државната архива на НР Македонија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Цртежите од педесеттите се доста застапени во МОМА во изложбата „Мислењето како форма“; изложбата стреми кон целосен преглед на целокупните Бојсови дела на хартија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Преку априоризам на хаотичното сетилно спознание и естетската перцепција или аперцепција на целокупната хабитација ја рехабилитирав само-целта на животот и од мноштвото про форми, односи, супстанции, модуси, комуникации за да избегам од загушливоста и монотонијата на секојдневието, избрав имагинарни слики-еквиваленти на стварноста која ја грабев за себе како совршена уметност за себе-вообличување, во несовршените материјални форми што ме опкружуваат и постојат во медиумите (средините) на реалноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тука е и еден збир од митски женски фигури: Амазонки, Нимфи, сибили, шаманки, свештенички и неколку креатури пола жени - пола животни. често направени врз тенки внимателно цепени парчиња хартија, овие откачени и опсесивни дела беа тие коишто први ја создадоа Бојсовата репутација на „визионер во еден разурнат свет“.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)