на (предл.) - чест (прид.)

Непрегледна белина се слеваше на големиот плоштад. – Митинг на козите! – извика друго дете мислејќи сигурно на честите митинзи што се одржуваа на плоштадот. – Не е митинг, туку е парада на козите! – дополни трето дете мислејќи на честите паради на плоштадот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Замислете серија од сѐ на сѐ дваесеттина вежби за длабоко дишење, како кога вежбате јога, претпоставувам, кулминација која ќе биде комплетно збогување со сиот бол, со сите стравови, неврози, желби, и сензација што сѐ повеќе те обзема и која носи чувство на севкупност и сигурност. Вдишувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак се пишуваа строго доверливи извештаи врз основа на честите тајни доставки за антикласниот сојуз помеѓу Чанга и татко ми, за интелектуалецот и козарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)