на (предл.) - кратко (прил.)

Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го дадоа на кратко на вечерните вести, ми вели, како со моќни гестови нешто образлага, а тој тука, до мене, гледа во екранот молчејќи, како да е најнормално и јас да дознаам за неговите проблеми и планови кога дознаваат другите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дента беше цел ден во офицерскиот дом на последните припреми, отиде до дома на кратко да се истушира и спреми, се облече во едноставен светло лилав со ситни бели точкички фустан од жерсеј кој на ивиците беше украсен со едноставни дантели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Еј, здраво Костадине, шо прајш? Јас на кратко поминав едно кафе на брзина да сркнам, бегам за Лерин, во дуќано на татко ни, треба да завршам некои работи...мило ми е, Тодор, Тодор Јовановиќ, а вие сте Петар, синот на Гули чевларот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вечерта кога ни јавија дека е повредена ги молевме болничарите во Градската болница да нѐ пуштат да ја видиме, барем на кратко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)