на (предл.) - отворено (прил.)

Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можев со тие пари што ги потрошив за прстенот сто ластичиња за коса да си купам, или шнолички, па дури и прстен и бразлетна во комплет за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Авторот излезе од ресторанот „Пушкин“, искачи нагоре до центарот, тука подзастана, поразмисли и заклучи дека заради прездивнување ќе слезе тука в десно и ќе оди да седне на уште едно кафе на отворено каде што беше вчера.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На некои места беа поплукани од муви, што значи некогаш, во некој период, тие стоеле на отворено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Другите деца си купуваа за себе по охридските тезги на отворено. Што не имаше по нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)