на (предл.) - сигурно (прил.)

Една фантастична поетска дружина го насетува злото и донесува одлука својата симболична маскота, коњчето Јохан, благовремено да го тргнат на сигурно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сестрите и родителите ме убедуваа да седам таму зошто сум била на сигурно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- И таму бев на сигурно па сепак се случи...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од пасошот ја извади адресата од својот другар од војска, Марка Кравата, кој сега беше во Канада и ја стави во кесето на сигурно место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сред грмежи страшни, сред пукање често, без смисла е дури командата бојна: „Отстапујте, момци, на сигурно место, нѐ напаѓа сила неизмерно бројна“.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ловците не ја губеа трагата на прогонетата дивеч. Одеа на сигурно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Твојата жена е на сигурно, ќе му речеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На сигурно е само до мене, ќе рече, но ќе дојде подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ХРИСТОВ: За тоа време, мила, ти не треба да се грижиш за мене, јас... како да речам... јас ќе се наоѓам на сигурно место и... воопшто за сите работи ќе се грижи ЦК.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога акушерката ме принесе до татко ми, тој со изглед на зналец го погледна она што бев јас и воскликна: - Можам да се обложам дека ова е син!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Стар лисецу“, внатрешно се насмевнав, „ти играш само на сигурно!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)