на (предл.) - тогаш (прил.)

Потоа веднаш испратив нота и до кабинетот на тогаш невидливиот и недопирлив Јасер Арафат, во која го известував за итната порака која ми беше упатена за него и барав итен прием за да му ја предадам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шифрантот Петар Иваз беше изненаден од брзината со која ја напишав телеграмата, откако ја прочита и ја шифрира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од почетокот на транзицијата, донесени се три измени и дополнувања на тогаш- важечкиот Закон за инспекција на трудот. 2 Првата е од 1990 година, втората од 1991 година, а третата од 1993 година. 3 Ниту една од промените што се воведени со нивното донесување не ги засегаат правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, во тоа списание имаше и други интересни статии за една млада девојка: се објавуваше во продолженија љубовниот роман на тогаш познатата српска авторка Милица Јаковљевиќ т.н. Мир - Јам - „Ранетиот Орел“ со слики и текст под нив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)