на (предл.) - француски (прил.)

Сите мои белешки, корисни адреси на лица и фирми, каде што можеше да се инвестира, да се одржуваат и прошират старите пријателства завршија како куп безвредни, пожолтени ливчиња, feuilles mortes, како што би се рекло на француски јазик, коишто времето ги ослободи од првичното значење. Се помирив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние имавме и еден заеднички чин од времето на неговата мисија како амбасадор при нашето заедничко ангажирање за прием на Македонија во Меѓународната организација на франкофонијата, заедница на народи кои ја споделуваат употребата на францускиот јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На Климент Камилски, добар познавач на францускиот и на италијанскиот, просто не му се веруваше дека овие јазици извршиле влијание врз османскотурскиот лексички фонд на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да не постоеја моите дипломатски мисии, моите пријателства ширум светот кои можеа да бидат од интерес за малата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)