над (предл.) - оваа (зам.)

Не си ли ти истиот оној кој се заколна, а ги заколна и другите, да умираат еден за друг додека не изгрее сонцето на слободата над оваа ропска земја?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Еден ден, над оваа нова пирамида од хрватски домобрани, кога најпосле ќе сфатиме зошто на нашиот хрватски интелектуалец толку му е мила и драга близината на моќниците, можеби ќе можеме за себе и за своите да замислиме некоја подобра иднина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Малку повеќе се задржав над оваа карта и веднаш се пренесов во Версајскиот дворец, кај онаа тркалезна маса на која што, со потпишувањето на Версајскиот договор, по првата светска војна Македонија е распарчена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Оп, нешто ми засенчи како црна дамка високо на небото над оваа планината наша.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)