над (предл.) - манастир (имн.)

Јас ја кренав главата и видов една ѕвезда што се заниша и што падна од небото над манастирот. Каде што падна и отец Висарион. 21
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ја земам устава меѓу дланкиве и викам: Убре аааа, убре ааа, викам и гласот ми се враќа од Крастана, над манастирот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мрачно е и ѕвездено. Петре се качува над манастирот, седнува на чисто место.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако изврвеа долгите колони и се разместија над селото и над манастирот кон границата, еден офицер го повика кметот, му се претстави дека е командант на единиците и му кажа дека се зајакнува границата, бидејќи Албанија се подготвува да ја заземе зоната.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пладне е. Смреките над манастирот фрлаат куси сенки.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)