над (предл.) - море (имн.)

Ни ветер се дигна над морето под небото ни птиците се вратија, ни топлите времиња ни јазикот се поднови, ни смислата ни миговните богови збор зедоа ни загинаа - предметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината да ги размножат и душата да ми ја изнесат на видело како разговор во акропол та да не смее да биде сама а да сака, Но мислата ми се воздигна кога Го видов!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
7. Кривулестиот шумски пат не однесе на ридот Лисец. Извишен е 1827 метри над морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За Езерчени и сите намерници југот завршува на работ од врвовите на планината Одре легната на височина од 1525 метри над морето и, чиниш, за сите нив тука завршува светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Галебите се ветрушат над морето, крескаат и ни ја корнат душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Словенска антитеза Дали ветер се дигна над морето под небото дали птиците се вратија и топлите времиња дали јазикот се поднови и смислата или миговните богови збор зедоа и загинаа та преметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината ги размножија и душата ми ја изнесоа на отворено како разговор во акропол да не смее да биде сама а да сака?!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Останаа во свеста само оние три стебла на брегот – Како три тажеленки над морето, Како три крста, Три меча: Дење што го милуваат Ноќе што му шептат Во која насока заминаа децата И кога – ќе се вратат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нејзините зборови се извишија како копја над морето И како црвени кубиња по редиштата зад нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)