над (предл.) - последен (прид.)

Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Освен лаењето на кучињата, се чинеше дека селото спие, потонато во мрак.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се занишал, застанал, чиниш му било речено да го дочека без вртење ударот на тешкиот кундак што му паднал врз теме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од оваа точка на која се наоѓаа не можеа да видат ништо, требаше да се искачат малку погоре, преку бришаниот простор, поделени, од двете страни на селото, и да се сретнат повторно таму над последните куќи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)