над (предл.) - сѐ (прил.)

Такви бевме и тоа го признаа и противничките генерали кои во своите извештаи, мемоари и воени бележења напишаа дека – нофитите – значи Македонците, се борци со силен дух, голема физичка издржливост и над сѐ многу храбри борци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Судеше, кога беше вон од сѐ и над сѐ, некому што личеше на него и што доживуваше или доживеал малку порано нешто што требаше тој да го доживее. Внимаваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа е во „ВЕЧНАТА БЕСКОНЕЧНАТА“ и во прашањето што си го поставува „дишењето низ окарината“, „лулеењето на тишината“ „разговара со планината“ и погоре од сѐ и над сѐ е Тој Кој, таа вечна загатка на виорот „погоре од Манастирот?“ погоре од земјите совршенства.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Мене не ми е намера теоретско разгледување на посочените прашања и овие зборови се пред и над сѐ искажување на „еден опит“, како што пишуваше мудро и промислено Блаже Коневски.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)