накај (предл.) - изгрејсонце (имн.)

Поради тоа и поради што е отворена спрема север, најзините жители имаат лажен впечаток дека кај нив порано изгрева и подоцна зајдува сонцето, но и дека поради студените северни ветришта, е многу, многу постудено од, на пример, во Тополчани и Тројкристи, кои лежат на надворешните, јужните, односно југозападните падини на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Источниот лак на Потковицата понизок е од западниот и јужниот па изгледа како целата Потковица да е навалена натаму, накај изгрејсонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)