низ (предл.) - неа (зам.)

Земјата долу ќе се изработи, ќе се израмни, ќе се посее со англиска трева и низ неа ќе водат мали поплочени патеки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа, како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки пак в грб на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш нареди на буризанот да засвири тревога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тие целата своја биографија ја носат со себеси и низ неа - исчезнуваат. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Колку раноутрински оган може да се протне низ неа?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Уметникот тежнее кон чудо, сликарот посакува неговите слики да излезат од платното, надвор од сликата и една пукнатина е доволна за пандемониумот да се лизне низ неа. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Штом излеговме од портата, маглата нѐ подзеде како стихија: газевме низ неа како истражувачи на Антарктикот залутани во снежна пустина; маглата се прематкуваше, се гмечеше, се згуснуваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Без да погледне во таблата на железната порта, Грдан влезе низ неа и се упати право кон зградата, не обрнувајќи внимание на децата што трчаа по издишената топка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Соседот го внесе во радиостаницата, го поведе низ ходниците, го доведе до една врата на која пишуваше „кадровик” и го турна низ неа во зачадената просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Квечерина, бел ветер им ги одврзува нивните црни шамии А потоа сами влегуваат во ноќта и сами низ неа се симнуваат самоти морето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И јас го принесов ковчежето кон клучалницата раширена, зјапната, црна; и го пуштив сподобието грозно, и тоа, како да се бевме договориле, зачекори право кон светлината што биеше од клучалницата, и цело се вовре низ неа, и влезе. Внатре, во тајната.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција знаеше без потреба да се фати за косата и со раката да помине низ неа, токму пред мојот нос; знаеше да повлече со палецот замислена линија по својот грб, токму на ‘рбетот, иако за тоа немаше никаква посебна причина; знаеше, исто така, да се налакти во полупрофил, и со моливот да го потпре носето, небаре заинтересирано го слуша предавањето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној кој добил првенство и чест царска да влезе низ неа бил токму таткото на отец Стефан, пречесен и благтоутробен отец Мида, кој од синот свој попрв бил во науките и знаењата, но и во срцето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаа од рошки подигната колиба, а на падините на Горник, под гробиштата, пасеше многубројна нивна стока; низ неа се разбркуваа весели и јадри дечишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш нејзинот дух би се разведрил и бран на надеж и оптимизам би проструил низ неа, би била цврсто убедена дека веќе ништо лошо не се случува со неа, дека, што и да било лошо во неа, нејзинот тело и новиот живот во неа се погрижиле да го решат тој проблем.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со зашеметувачка брзина, низа чувства минаа низ неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден вид неодредено задоволство пропулсира низ неа, зрната грашок на нејзината мека дланка беа бумбарести и убави како здрави бебиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Или пак ова не беше дишење, туку еден вид на себеспознавање, свесност дека опивно и опојно чувство никнало од благоста во душата, чувство на благосостојба, како успокојувачка и смирувачка течност што струи низ неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред да му одговорам, стаклената врата на куќата се отвори а низ неа истрча грамадан жена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Звукот се одбива од нејзината внатрешност, а преку воздухот што таа го содржи, тој тапо се одбива и се пренесува низ неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Низ неа слушав мноштво гласови, говор на различни јазици, но ниеден не можев да издвојам, да одгатнам, да запаметам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе му чукнеше на вратата, тој ќе ја подотвореше малку, ја пушташе раката низ неа и го поземаше јадењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ќе ги пренесеме до реката, ќе ги пуштиме низ неа, а таа ќе ги однесе до најблиската пилана“ - рече учителката, но во тој миг екна школското ѕвонче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Змејко беше едно од децата и стоеше со сите разбудени ѕидари на една проѕирка и гледаше низ неа по цели ноќи, сѐ додека не дојдеше по него татко му и не го одведеше до леглото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но место тоа, тој запеал олцкаво и без зборови, со невиност во срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Пандил Димулев заплакал и рекол дека ќе ја покрие јамата со земја и со камења зашто човекот гори со денови: најпрвин кожата поцрнува, полека низ неа да испари крвта, потоа месото се јагленосува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се пробива низ неа, на ноќта светлост и дава, да не може црнината да завладее пригушен блесок на црното платно става.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Се провнував низ неа. Прозорците фрлаа млечна скаменета светлина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Шеташе со очите низ неа и се загледуваше во цвеќињата и дрвјата, во прекрасната глетка, како господ во мигот кога си го создал светот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Праша но не беше љубопитен. „И јас,“ рече Мануш. „Пливав уште пред да проодам.“ „Нечиста е водата“ , се исправи и погледна во реката. „Се плеткаат низ неа овчи утроби.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаше чувство дека ако ја крене раката, ќе може да ја види светлината низ неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И надворешната врата сега беше отворена и низ неа над прагот влегуваше светлината од месечината и ја правеше сенката од вратата многу темна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред куќата, истрчува Мил напред и му ја отвора вратата да влезе, и Богуле влагува во неа, но само ако претходно излегол низ неа; ако излегол низ прозорецот, по некој инстинкт, пак се враќа низ него качувајќи се на дрвото по кое што слегол.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И долго гледаше само во една точка на ѕидот од лабораторијата како од неа да чекаше спас или како низ неа да сакаше да го протне и да го истисне своето мачно расположение.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Секако. Архитектот може во ВР да ја заврши градбата, уште пред да започне со градење, и да поведе луѓе низ неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка, на влегување, речиси и не ја забележа оваа врата, таа беше ширум отворена, па брзо мина низ неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И како изгледа низ неа твојата бакрена коса полна со живи искри?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татко, по многу години откако ја купи дулбијата во Цариград, за прв пат зеде да гледа низ неа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гледајќи низ неа се ни изгледа поинаку, и луѓето што учествувале во неа, и моментот во кој се случила, случајноста добива виша, судбинска смисла.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Беше сјајно црна, со сребрени копчиња и со сребро оковани петици на црните чизми; прилегаше како некој од темна маглина да одрежал раце и нозе и тело, со бледи ѕвездички што проблеснуваат низ неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ама не е црна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пројуривме низ неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во исто време крцнува вратничето и низ неа веќе влегуваат Перса, Пелагија и малечката Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Трагајќи по неа, јас како да се дооткривав низ неа, низ нејзините писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На моменти изгледаше како да не гледа во неа туку низ неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во дворот имаше прекрасна трева, а низ неа растеа цвеќиња-ѕвончиња од кои и доаѓаше онаа чудесна музика што јас ја слушнав претходно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почекав едно време и толку кога решив да излезам од зад дрвото и да се приближам до куќичката, вратничката се отвори и низ неа истрчаа многу момчиња и девојчиња на моја возраст.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе ти помогнам, му откликнуваше таа на еден осамен човек, и дури сонуваше крај него. тој низ неа го препрочитуваше житието на морето, ја впиваше неговата синина, па одново бела полетуваше во зорите сѐ до капка одново дури не го препишеше морето и дури не ги јагленоса ѕвездите мапи на неговите кораби.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Има сила да те оздраве од сè зашто низ неа најбрзо расте - заборавот...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ми се чинеше дека сум во самото срце на вселената и дека бестелесно низ неа патувам, во бесконечниот простор и бесконечното време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сетив дека заборавив да ја потсредам откако буричкав низ неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мавтав со нозете низ темниот воздух и не ја чувствував нивната тежина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)