низ (предл.) - оваа (зам.)

За сето време во неговото сознание остануваше чисто само тоа, дека патот низ оваа угорница и при обично летно патување зазема една поголема половина од времето, за кое се стасува в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камилски го остави пред себе куферчето, ги рашири и крена угоре рацете, велејќи му на зачудениот Паскали: Низ оваа улица минува слободата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги одбиле најпрво Бугарите, а потоа со борба, со пукање, отстапувале по оваа патека, се спуштале низ оваа корија, а некаде над нашата колиба излегле кон Грамадна, а оттаму на север, кон Осоговските Планини...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не само што се обогатив тргувајќи низ оваа земја, туку јас, се колнам во очите, и ја засакав како ниедна друга.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Низ оваа слика ние ќе му ја соопштиме на светот нашата мрачна коба и мачна прокоба.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кој сѐ не поминал низ оваа планина, и Турци, и ајдуци, и комити, и партизани, а којзнае што сè било порано од времето кога Селиште било град!? Сѐ поминува...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)