низ (предл.) - овие (зам.)

Оваа карактеристика, се разбира, е во врска со претходната; обврзани да ги докажат нивните гледишта со едно множество порцедури кои ги прифаќаат како средство за доаѓање до вистината, модернистите не можат да прифатат едно уверување само затоа што е општоприфатено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури откако ќе го направи ова, тој внимателно ги допушта во системот оние ставови коишто ги поминуваат неговите тестови за извесност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Што раце поминале низ овие, да знаат да зборуваат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тие одлучуваат за неговиот статус проценувајќи го со истите процедури што тие ги користат за да го проценат кое и да е друго уверување, и го сметаат за сомнително секое гледиште што не поминало низ овие процедури. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 75
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ноќва очите можат да те видат и низ овие ѕидови... ноќва тагата свила едно мало гнездо само за мене... патува до тебе се но не се враќа....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Низ овие пусти улици сум само уште еден заборавен скитник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)