низ (предл.) - акт (имн.)

Ангажманот за јавните интереси, за повредените права и потиснати вистини; критички рефлексивната дистанца во однос на сопствениот идентитет, културното наследство и општествените институции; емфатичната вера во јавноста сензибилизирана за рационална аргументација; перформативното произведување на таа јавност низ актот на јавна употреба на сопствениот ум; принципиелното поттикнување на културата на разлики; отвореноста кон феномените на масовната култура, како и постојаното доведување во прашање на сопствената елитна позиција; одговорноста за демократскиот развој на општеството во целина ... тие и ним блиските особини не се наследуваат по никаква законитост од она што се нарекува хрватска културна и политичка традиција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таму правдата, овде вистината, не како нешто што постои по себе, туку како она што секогаш одново низ актот на граѓанска храброст треба да му се грабне на конформизмот на општественото средиште коешто без контролата на самостојниот индивидуален увид толку често е спремно на линч и на лекоумно жртвување на невините.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)