низ (предл.) - жила (имн.)

Благо струи низ жилите - целиот ме тресе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Расфрлајќи ги лилјаците на мракот и стравот, таа пее црни песни со грохотен глас, со илјадници гласни жици што шетаат низ жилите како гладни мравки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Му ги триеја рацете и нозете, ја гонеа крвта побрзо да струи низ жилите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Братучедите ги обзеде отпор што сам од себе им проструи низ жилите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)