низ (предл.) - кој (имн.)

Нѐ погледна со еден чуден, длабок поглед, со кој прелета преку сѐ што ја опкружуваше, како да сакаше сѐ да впие во очите; мајка ми, нас, кујната, дрвениот плафон, печката, прозорецот, вратата низ која пред малку излезе татко ми, онаа истата преку која самата таа, заруменета од средбите со него, полна со радост, го внесуваше садот со пресното млеко што во топлите квечерини го носеше Јон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истиот момент се отвори една врата низ која видов градина преполна со цвеќе и дрва и во неа прекрасен волшебен симбол. 97.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како и вистинските барикади, текстовите во оваа книга не се обидуваат да ја прикријат спонтаноста низ која настанаа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Особено времињата на криза и “транзиција” (низ која нашата држава минува веќе подолго време) се погодни за умножување на таквите манијаци, така што и целиов овој мал тематски блок може да се сфати како некаква (дај боже, далечна и всушност непотребна) социјална и естетска превентива.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Љубовта е онаа патека, низ која попуштањето води кон дисциплина; а низ дисциплина, премногу често, и кон предавство на самиот себе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вергилиј опишува две врати што водат од светот на сенките: првата, од слонова коска, но низ која излегуваат само измамничките призраци; втората (помалку накитена?!) е направена од рог.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во прво време мислев, „Добро ова е само фаза низ која минуваат и, но добро ако ова сега го работат, што ќе работат за неколку години?” - не сфаќајќи дека тие беа во своите најдобри години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ама, бездруго, Пиета не е сушалница на мозоци за извоз.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Така велат сите и не забележувајќи дека се цапнати во застоената, смрдлива вода, низ која сал времето некако се протира и шмугнува.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ноќта на 21 јули, мисијата на Snaffle била спуштена за таа цел.149 Посебно се интересни опсервациите на Ламби за економската состојба на територијата низ која што поминувале.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Застанавме разочарани: ѕидот на кој требаше да биде вратата низ која се провревме во кабинетот беше заграден со тежок шкаф полн со минеролошки збирки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така, Симан, којшто е добар познавач на делото на Бојс, направил изложба низ која до­ми­нира продукцијата на цртежи и инсталации од скулптурален карактер, како што беше случај со оној негов комплет канцелариски мебел и бакарни прачки, “Ground”, претставен во 1981 година на изложбата “Арт, Германија денес”, или пак, напластувањето со филцани покривки наречено “Fonds VII”, кое влегува во колекцијата на националниот Музеј за модерна уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спонтано, можеби ќе ви се случи “Стела” да ја набљудувате како минималистичко уметничко остварување, блиско до Карл Андре и Боб Морис.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или навистина стануваше збор за обично влакно на полноќен гуштер? (Една од оние влечуги со коса низ која поминува патец од челото па сè до окото на опашот) А со перчиња збрани во плетенки што се влечкаат под шарената утроба на гуштерот Најпривлечни се сепак скапоценостите што сонот ги чува и оние што сонот ќе побрза да ги скрие кога ќе ги допре нашето будно око.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Господару, палтово, вели Васил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си одиме, му велам на Васила и зачекорувам по патчето спрема шумата над која, на долни крај, како порта низ која се влегува и се излегува од шумата, се извишува полупрстенот останат од куполата на Латинска Црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На што ли ќе личат кога ќе се појават на чистинката низ која води изгазена јасна патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми никогаш не спомнуваше имиња од нејзиниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше мала капела со прекрасни икони на светци кои беа прикачени на зидот од спротива вратичката низ која се влегуваше во малата прострија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На терасата имаше врата којашто дење беше скоро секогаш отворена и низ која се влегуваше во куќата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Близината на селата од каде што се слушаше лаењето на кучињата не ја сеќаваше како некоја утеха – и тие села, и нивните жители, и нивните обичаи му беа подеднакво туѓи, исто толку одбивни колку и шумава низ која одеше, и во него будеа само студ, кој му го штипкаше срцето исто како што овој, надворешниот студ, му ги штипкаше образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледна надолу кон шумата низ која што се искачуваа ваму, а потоа нагоре кон врвот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Фигури од работ на умот изнурнуваат од сите агли и среде распуканата црква низ која се гледа отвореното небо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Па онаа навистина “луда” Составена црква, каде што не се спојуваат само класичните руини и готиката, романските аркади и индискиот филигран.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
МАРКОВА ЧЕШМА На два километри јужно од местото каде што почнуваат карпите во Демиркаписката Клисура, сред густо зеленило, се издигнува огромната Маркова Чешма низ која од три дулци незадржливо гргори студена планинска вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знај дека животот е краток.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, потребата од неа Крали Марко не можел да ја согледа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Селотејпот зачкрипе напразно, и ја истуркав и последната кутија пред вратата низ која успеав да се промолкнам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но веднаш потоа ќе клапнеше: тие живеат според закони што не се наши, а нивната судбина ни е толку туѓа како судбината на некаква река низ која пловиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Животот е насилна смрт, а тоа е фаза низ која најчесто минуваат оние што не влегле со воинственички оган во битка и што повеќе би сакале да се реши на маса, без убивање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не се споулавуваше, само веруваше дека има чудотворна икона низ која може да се види утрешнината, и на се што е зло во таа утрешнина да му се ископа длабок гроб. тоа му го кажуваше неговото големо срце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но пред смртта ( за такви нешта никој не зборуваше, па сепак сите знаеја ), имаше рутина на признавање низ која мораше да се помине: ползење по подот и врескање по милост, пукање на скршени коски, избиени заби и крвави клопчиња од коса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Косата и веѓите му изгореа, а му изгоре и кожата на лицето; новата кожа што му порасна му беше тенка и проѕирна како хартија за виткање цигари низ која му се наѕираа мрежестите капилари како гранки од сува папрат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога Марија веќе поверува дека ќе ја помине и последната препрека, вратата низ која се поминуваше на терминалот, службеникот ѝ ги побара картите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Вистинската функција на уметноста” инсистираше тој, е „да ги измени старите ментални обрасци... создавајќи нов начин на мислење”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Според него, надоаѓањето на ирационалните сили од несвесното, кршејќи го мразот на конвенционалното мислење, создава пукнатина низ која секој може да се лизне во истовремено развеселувачко, но и застрашувачко автентично искуство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се работи за една единствена соба – без мебел, без прозорци, со влажни, испукани ѕидови, со врата низ која се влегува во истата соба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ете, другари, - тој покажа кон вратата низ која влегоа четири очаблавени момчиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дачо ги држеше рацете свиткани под главата и гледаше во небото што час се отвораше, час се затвораше низ честакот од шумата низ која врвеа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не само мажот, туку и просторот, куќата беа привид, фантомски, а разнобојните цветови кои толку грчевито ги внесе за да ја поврати животноста заличуваа на студен пластичен декор, на сцена низ која се движеше како неволна епизодистка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зборовите низ која се престоруваат блиска рода на згниените мечови и коски.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Сеедно е низ која исчезнуваш, човеку, осудена на вечност - вселена си што не постои.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Како зборовите да им се нижат во магла низ која не можат баш најјасно да се видат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)